27 Април, 2024
0.0266

Какви трансфери и унапредувања има во Државниот завод за ревизија додека институцијата е обезглавена

Објавено во: Економија 18 Декември, 2018

Добивај вести на Viber


Тројца луѓе, од кои двајца од Секретаријатот за спроведување на рамковен договор и еден од општина Чаир презел Државниот завод за ревизија во текот на минатата година. Со оваа институција сите овие 12 месеци раководи Заменикот главен државен ревизор Насер Адеми затоа што Собранието и покрај тоа што објави оглас, цела година не успаа да избере нов Главен државен ревизор. Дел од трансферите на вработени, според извори на Фактор, се направени по измени на Правилникот за систематизација, а заменикот според законот немал право да врши измена на Актот на систематизација и организација на ДЗР. 

Од Државниот завод за ревизија одговорија на прашањата на Фактор и потврдуваат дека имало трансфери. Велат дека тоа било согласно потребите на институцијата и по барање и по усогласувањето со Министерството за информатичко општество и администрација, за што имало согласност и од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства.

„Притоа, правилникот не е променет во делот на организациската поставеност и бројот на извршители. Во однос на нововработени лица во периодот на раководење на ДЗР од страна на Насер Адеми, ДЗР нема преземено никакви активности и нема вработено ниту едно ново лице. Во однос на преземање на вработени од други институции, реализирани се три преземања на вработени од други институции на јавниот сектор со трансфер на исто работно место, односно единствено ја замениле институцијата каде претходно работеле со Државниот завод за ревизија, велат од ДЗР за Фактор.

Потврдуват и дека во тек се интерни огласи за унапредувања и дека откако ќе заврши постапката ќе бидат унапредени вкупно 17 лица.

„Постапката ја води Комисија за селекција за унапредување која е составена од највисоките раководни службеници и нивните заменици (помошници на главниот државен ревизор, раководители на сектори за ревизија, раководители на ревизија и помошници на раководителите на ревизија). Процесот на селекција за унапредување во Државниот завод за ревизија е уреден со колективен договор склучен помеѓу главниот државен ревизор и синдикатот на државни ревизори во Државниот завод за ревизија, согласно кој комисијата за селекција за унапредување ја спроведува постапката за унапредување и дава предлог до работодавачот/ДЗР кој носи одлука, стои во одговорот од ДЗР.

Сето ова се случува во време кога институцијата е обезглавена. Фактор вчера објави дека цела година се провлекува изборот и дека никој во државата не е загрижен што оваа институција инаку контролор на јавното трошење сега нема прв човек. Од ДЗР  сметаат оти Собранието имало други приоритети па затоа ова се тргало на страна.

„Во контекст на изборот на нов главен државен ревизор, како институција сметаме дека Собранието на Република Македонија ќе избере Главен државен ревизор бидејќи таа постапка е во тек. Огласот беше спроведен и апликациите се оценуваат во рамките на комисијата за избори и именувања. Можеби заради приоритетната агенда на Собранието околу Уставните измени, останатите прашања времено трпат, меѓутоа тоа нема апсолутно никакво влијание на редовното нормално функционирање на институцијата, вели од ДЗР за Фактор.

Експертите сметаат дека е недозволиво што оваа институција нема прв човек. Фактор ги има и кандидатите. Меѓу нив е и Ване Цветанов. Тој вчера тврдеше дека нема да коментира затоа што е еден од луѓето кои се јавиле на огласот.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра