19 Декември, 2025
0.0463

Кому во државата му одговaра да нема прв човек на државната ревизија?

Објавено во: Економија 17 Декември, 2018 07:01

Добивај вести на Viber

Помина точно една година откако Собранието го објави огласот за избор на нов Главен државен ревизор. Толку време Државниот завод за ревизија нема прв човек затоа што ниту еден од предложените кандидати не беше избран. Со институцијата раководи заменик главен ревизор кој има ограничени овластувања и надлежности. Фактор се обиде да добие одговори од претседателот на Собранието Талат Џафери за тоа зошто изборот се уште не е завршен и дали е во ред ваква институција надлежна за контрола на државното трошење да биде обезглавена. Повеќе од две недели од неговиот кабинет не одговараат на прашањето. Дел од познавачите ама и луѓе кои се вработени во Државниот завод за ревизија го поставуваат прашањето каде е проблемот? Дали во дигнитетот и професионалноста на кандидатите кои се пријавиле или пак некој има интерес ова институција да нема човек кој ја раководи.

Таа е чувар на јавните пари ама и Владата не е загрижена. На прашањето како гледаат на тоа што институција клучна алка во системот е без прв човек од Владата кратко одговорија дека немаат надлежност за изборот.

„Владата на Република Македонија како извршна власт нема ингеренции во изборот на главен државен ревизор, Ве упатуваме одговорот на ова прашање да го упатите кон законодавната власт односно кон Собранието на РМ, ни одговорија оттаму.

Точно е дека надлежноста е кај Собранието, ама Владата според познавачите секако треба да е загрижена за тоа. Треба, велат нашите соговорници, да врши јавен притисок ова прашање да биде затворено.

Дел од ревизорите со кои разговаравме мислат оти додека не се избере Главен државен ревизор може да се овозможи и незаконско работење во Државниот завод за ревизија. Имено во текот на годината била извршена измена на Актот за организација и систематизација од страна на заменикот главен државен ревизор па тој се прилагодил. Инаку според членот 10 од Законот за државната ревизија, Заменикот на главниот државен ревизор нема право да врши измена на Актот на систематизација и организација на ДЗР. 

Во оваа година била добиена е согласност за десетици нови вработувања или унапредувања, кои треба да се реализираат.

На интернет страницата на ДЗР и моментно има активни интерни огласи за унапредувања. Од друга страна во ДЗР во тек се неколку проекти од Европска унија и други невладини институции за подобрување на капацитетите на институцијата и други цели, а вкупниот износ на проектите надминува 2,5 мил евра.

Фактор испрати прашања за заменик Главен државен ревизор Насер Адеми меѓу кои и како гледа на тоа што не е избран нов Главен државен ревизор една година и зошто се менува систематизацијата за работа. Сепак одговори до денеска не стасаа.

Инаку Фактор ги анализираше кандидатурите на сите пријавени за Главен државен ревизор. Дел од нив имаат сертификат за познавање на англиски јазик од соседна земја. За некои имало дисциплински постапки, а има и такви кои доаѓаат од надвор и и се познати на јавноста.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии