29 Септември, 2024
0.0262

Интеграција пред членство - иницијативата на Османи ја прифаќа и Црвенковски

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Повеќе интеграција на Северна Македонија, пред членство во Европската Унија. Иницијатива која уште пред неколку месеци ја започна да ја промовира министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска доби поддршка од поранешниот претседател на државата и премиер Бранко Црвенковски. Министерот Османи, оваа иницијатива од пред неколку месеци ја застапува и во земјава како и за време на неговите работни посети во странство. Иницијативата на министерот за која се залага е:

„Северна Македонија напред кон Европа со повеќе интеграција долж патот до полноправно членство во ЕУ“.

Шефот на дипломатијата, говорејќи за предизвиците на нашата земја кои и претстојат на патот кон членство во ЕУ до 2030 година, во повеќе наврати има истакнато дека е потребно на Северна Македонија да и се даде шанса да се приближи кон ЕУ преку конкретни краткорочни мерки, за време на процесот на пристапување. Според Османи, тоа ќе ја зголеми и довербата на граѓаните дека земјата ќе стане полноправна членка на ЕУ.

Османи смета дека успешниот тек на скрининг процесот на европското законодавство, ја реафирмира посветеноста на нашата земја кон зајакнување на функционирањето на демократските институции и на владеењето на правото, како области од клучно значење за натамошниот тек на преговорите,а тоа му, според Османи, дава поголема кредибилност на процесот, подразбирајќи повеќе интеграција пред членството.

Дека на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан им треба интеграција пред членство во ЕУ, денеска говореше и Црвенковски. На настанот во присуство на  Советот на амбасадори, Црвенковски иако ја најави како негова нова иницијатива, всушност даде поддршка за она што веќе се залага министерот Османи.

И Црвенковски е согласен дека земјите од регионот со поголема интеграција, би ги подобриле своите економски перформанси, а со тоа би биле поподготвени за полноправно членство. Од друга страна, ЕУ би го зајакнала својот кредибилитет, како и влијание во регионот и би ги елиминирала сите опасности од неевропски и антиевропски влијанија.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна