16 Мај, 2024
0.0278

Интел го забрзува патот до 5G

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Интел корпорацијата денес објави нови партнерства во индустријата и производи кои ги поставуваат основата за побрзи, „попаметни“ и поефикасни 5G безжични мрежи дизајнирани за да испорачаат неверојатни нови искуства низ секојдневниот живот.

Од вградени уреди во опремата на спортистите и беспилотни летала со способности за избегнување на судари, до автономни возила, „паметни“ градови и повеќе, поврзување на „нештата“ помеѓу уреди, луѓе и клауд, доведува до невидени оптеретувања за денешните безжични мрежи.

            „Милијарди „смарт“ и поврзани уреди и клауд апликации ја зголемуваат потребата за „попаметни“ и повеќе моќни мрежи,“ рече Аиша Еванс, корпоративен потпретседател и генерален менаџер на групацијата за комуникации и уреди на Интел. „Транзицијата кон 5G ќе ги сплоти комуникациите и компјутингот заедно и ќе претставува фундаментално поместување во индустријата. Тоа е од суштинско значење во поставувањето на темелите на идните 5G мрежи, сега да се направат извонредни искуства од иднината возможни.“

Соработки во индустријата

Интел работи со лидерите на мобилниот екосистем да го отвори патот за комерцијална широка достапност на 5G.

  • Ериксон* и Интел соработуваат со мобилни оператори на 5G решенија и прават заеднички тестирања, како продолжување на моменталнотопартнерствозатрансформацијанамрежите и, клауд и IoT.
  • KT* и Интел ќе имплементираат 5G тестирања во 2018 што развиваат и верифицираат 5G безжична технологија со поврзаните уреди, виртуелни мрежни платформи и здружена стандардизација.
  • ЛГ електроникс* и Интел ќе развијат и тестираат 5G telematicтехнологија за автомобилите од следната генерација
  • Нокиа* и Интел соработуваат за пред-стандардизација на 5G радио технологија и мрежни решенија кои ќе овозможат рана имплементација за 5G мобилни клиент мрежи и безжична инфраструктура, како и 5G радио технологии за да ги задоволат барањата на уредите за поврзување со идните безжични мрежи.
  • СК Телеком* и Интел развиваат и верифицираат 5G мобилен уред и решенија за мрежи, како и уреди за Licensed Assisted Access (LAA) во 2016. Во нивната континуиранасоработказа 5G технологии, компаниите, претставија напредок кај радио мрежни технологии, вклучувајќи „anchor-booster“ ќелии и масивно MIMO за иден напредок на капацитетот на 5G мрежата.
  • Веризон* и Интел спроведувааттеренскииспитувањаза 5G безжични решенија преку Веризон 5G Technology Forum* за да се демонстрира како милиметар бранов спектрум, кој е способен за поддршка на податоци и брзини поголеми од денешните мобилни мрежи, е остварлив начин за испорачување на високо квалитетна и брза безжична конекција во домовите и бизнисите.

5G прототипизација

Интел нуди платформи и соработки со индустријата за развивање на ран прототип на решенија кои ќе го забрзаат развојот 5G.

  • 5G пробнатамобилнаплатформануди високи перформанси за побрза интеграција и тестирање на 5G уреди и безжични пристапни точки. Интел во моментов соработува со глобални оператори за развој на 5G, прототипизација и тестирање со овие нови пробни платформи.

Производи за безжична комуникација

Интел испорачува безжични комуникациски решенија за широк спектар на „паметни“ телефони, таблети, компјутери и IoTуреди.

  • РешенијазаповрзувањедизајниранизаIoT:
  • Решението Intel® Atom™ x3-M7272 е безжична комуникациска платформа за автомобилски апликации способни за напредни безбедносни опции, како „firewalling“ и „packet inspection“.
  • Intel® XMM™ 7115 модемот е дизајниран за да го поддржи првиот бран во индустријата на уреди и апликации базирани на Narrowband IOT (NB-IOT).
  • Intel XMM 7315 модемот комбинира LTE модем со апликациски процесор на еден чип, поддржува LTE Category M и NB-IOT стандарди и е идеален за широко покривање, ниска потрошувачка и ниска цена.
  • Intel® XMM™ 6255M обезбедува робустна 3G конекција во предизвикувачки средини и е 20% помал од претходната генерација, тој е најмалиот „standalonе“ 3G модем. Поврзува голем број на неповрзани уреди за да се овозможи побрза транзиција до идните безжични мрежи.

Можеби ќе ве интересира

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија