20 Декември, 2025
0.1057

Нова услуга во Вип

Интерактивна телевизија достапна бесплатно за сите нови активации на ВипКомбо уште од најниската тарифа

Објавено во: Економија, Мои пари 23 Февруари, 2017 16:26

Добивај вести на Viber

Вип го збогатува своето портфолио и со задоволство го најавува воведувањето на интерактивна телевизија со која го зголемува квалитетот на гледање на телевизиските програми.

Со интерактивната телевизија корисниците добиваат можност да ја враќаат ТВ програмата наназад 7 дена, и тоа овозможено на дури 50 ТВ канали. Од сега корисниците на интерактивната телевизија ќе ги добијат функционалностите за паузирање, премотување наназад, снимање на ТВ програма во живо или закажување на снимање. Интерактивните функционалности овозможуваат и подесување на ПИН код за заштита од содржиникоинесе соодветни за деца.

Од денеска, сите корисници кои ќе изберат еден од Вип Комбо тарифните модели добиваат бесплатна интерактивна телевизија дури и за најниската тарифа. Промотивно корисниците на интерактивни услуги на Вип ќе добијат и 3 месеци бесплатен пристап до услугата Видеотека, која содржи Disney филмови и популарни ТВ серии.

Новите корисници и корисниците кои ќе го обноват својот договор на Вип Комбо, добиваат бесплатно нов дигитален ресивер кој ги овозможува сите функционалности на интерактивната телевизија.

”Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на Комбо пакетите и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали. Воведувањето на Вип интерактивна телевизија е уште еден доказ за нашата посветеност кон стратегијата за обезбедување квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани” изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор во онe.Вип.

Постоечките корисници на Вип Комбо, каде постои техничка можност за интерактивна телевизија, може да ја активираат истата со замена на постоечкиот ресивер со нов ресивер, со еднократен надоместок или на рати.

Услугата интерактивна телевизија е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес, на локации каде постои техничка можност.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на 077 1234.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба