(ВИДЕО) СРЕДБАТА НЕ БЕШЕ НАЈИДЕАЛНА: Зеленски ја коментираше расправијата со Трамп во Овалната соба

Објавено во: Свет 24 Април, 2025 20:32
Средбата во Белата куќа не беше најидеална, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Toj во вторникот во Киев разговараше со американскиот коментатор Бен Шапиро за улогата на САД во војната меѓу Русија и Украина.
Украинскиот претседател кажа дека е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп и Америка за нивната поддршка и напорите да се стави крај на војната.
„Морате да разберете дека ние се браниме од руски напад, дека Русите се непријатели, а Америка ја сметаме за пријател и партнер кој има влијание и тоа влијание треба да ја принуди Русија да влезе во преговори“, рече Зеленски.
Шапиро го праша Зеленски за американската помош за Украина и за „милиони долари“ што американските даночни обврзници ги потрошија за Украина.
„Од почетокот бевме јасни дека и американската и европската помош се под контрола на западните инспектори, немаме што да криеме, транспарентни сме. Благодарни сме на Америка за нејзината помош и единство во одбраната на мојот народ од руската агресија. Целата воена помош е искористена или ќе се користи на воено поле. Има многу лажни руски тврдења за продажба на оружје, корупција итн., но тоа не е точно“, додаде Зеленски.
На крајот на февруари годинава, Зеленски беше во посета на САД и во Белата куќа се скара со Трамп и со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Тие го обвинија дека е неблагодарен. Тој кажа дека сакаат САД да биде на нивна страна, а не на страната на Русија.Можеби ќе ве интересира
СЕ ОДРЖУВА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ: Во градот снема струја

ТАРНЕР: Постои тенка линија меѓу ужасите во Сребреница и Мариупол

ЗАГИНА ВО УКРАИНА: Кој е француско-хрватскиот платеник Тони Херцег?

Кој е заспаниот принц на Саудиска Арабија: 20 години лежи во кома, поради ОВА татко му не сака да ги исклучи апаратите

ВО ХАМБУРГ ИМА 17 ПОВРЕДЕНИ: Четворица се борат за живот

ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Aмериканските трупи ќе интервенираат во странство само ако има јасни цели
(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож избоде 12 луѓе

(ВИДЕО) НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ БЕА ШОКИРАНИ, ДРУГИ СЕ СМЕЕЈА: Aвстралиски пратеник пиеше пиво од својата патика

РОЈТЕРС КОНТРА ТРАМП: еве каде се направени сликите за кои тврдеше дека докажуваат геноцид врз белците во Јужна Африка
