„Интересот е огромен, а мерката создава вистински резултати“: Митева објави дека се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2025 13:28
Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред.
- Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција.
Митева нагласи дека мерката е внимателно планирана и спроведена во соработка со ресорните министерства.
- Оваа мерка не е случајна ниту пак импровизирана. Прецизно и навремено испланирнаа од страна на генералниот секретеријат на Владата во блиска соработка со Министерството за дигитализација и Нинистерството за образование и наука. Оваа институционална координација ни овозможи брза организација на постапките, јасни критеируми за студентите, технички усогласен систем за доделување и реализација на ваучерите и висока транспарентност на процесот, појасни таа.
Според Владата, целта е намалување на дигиталната нееднаквост и поттикнување на дигиталната трансформација во образованието, а мерката ќе продолжи со следење на реализацијата кај овластените трговци и подготовка на нови политики насочени кон модернизација на образовниот систем.
- Владата покажа дека инвестициите во знаење технологија и млади се наш приоритет а исполнувањето на ова ветување е доказ дека државата функционира во служба на граѓаните. Ја намалуваме дигиталната нееднаквост и ја поттикуваме дигиталната трансофрмација, нагласи Митева.
Во врска со прашањето за исплатата на ДДВ на граѓаните или фирмите, дали Владата има пари за тоа, односно зошто доцни исплатата, Митева соопшти дека исплатата се одвива регуларно, а за сите недостатоци или потенцијален застој ќе информираат дополнително.
По објавата дека е отврен повикот за пријавување на младите за користење на ваучерите, низ социјалните мрежи се појавија објави во кои дел од добитниците ги препродаваа своите ваучери.
Еве го целот обраќање на портпаролката на Владата
Можеби ќе ве интересира
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат




