02 Мај, 2024
0.0250

Интернетот полуде по плагијатски сајтови

Објавено во: Стил 13 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Имитацијата е најискрена Форма на ласкање. Дури , кога зборуваме и за Интернет, каде секој сајт се бори за место под сонцето . И кога негов конкурент најде соодветен бизнис модел , сите знаеме до што ќе доведе тоа . Еден од последните примери е сајтот Viral Nova кој препубликува интересни приказни , придружени од високо квалитетни слики кои чисто и едноставно се копирани од други , поголеми сајтови , пишува Businessweek . Потоа приказните им се споделуваат  на Facebook и други социјални мрежи , каде што луѓето почнуваат да ги споделуваат  меѓу себе , на тој начин содржината "оживува" , или станува повторно актуелна. Viral Nova се појави во мај 2013 година и оттогаш сајтот се посетува од огромен број на корисници , што ги тера креаторите на сајтови со слична насоченост да се замислат . Технолошкото издание The Wire откри кој стои зад Viral Nova . Сајтот е дело на 31-годишниот Скот Делонг - претприемач кој работи од дома во Охајо . Од Business Insider пак во јануари дознавме дека Делонг се обидува да го продаде својот проект, фалејки се дека може да гарантира 100 милиони посетители месечно. Евентуалниот купувач добива и солидна фан страница на Facebook со 1,3 милиони лајкови, како и значителни приходи од рекламната платформа Google AdSense (околу 400 000 долари месечно). Броеви како овие брзо го привлекоа вниманието на конкуренцијата, која одлучи да го изкопира моделот на работа, дури се појавија и инструкции како секој од нас да се обиде да се збогатат. Поставени на онлајн беа десетици сајтови со "viral" со текст"неверојатна", "одлично", "нереално", "епски" и дури "шокантно брилијантно" како и  содржина  "ќе те збудали". Еве неколку примери на такви сајтови, кои го напаѓаат социјалното вмрежување во последно време: Viral Forest: објави "возбудливи приказни од интернет" и има фан страница на Facebook со 44 000 лајкови. Viral Circus: нуди "висококвалитетно содржина" и страница со 116 000 лајкови. Viral Viral Videos: името кажува се; на Facebook  добива 15 000 пати лајк. Slightly Viral: "приказните кои не смееш да ги пропуштиш" биле лајкнати 37 000 пати. Absolutely Viral: истата работа, но засега само со 211 лјака на Facebook. Ако се сетите на  некој  другнаслов, можете едноставно да го пополните во просторот кој недостасува - Viral [], и да започнете нов бизнис. Повеќе оригинали се креаторите на сајтот Distractify кој нема "viral" во своето име, но се бори за истата публика. Во моментов Distractify има околу 322 000 “ми се допаѓа“ на Facebook. Интересно е како Facebook ќе реагира на овој меур од копирање и делење, а додека чекаме, можеме да бидеме сигурни само во едно - дека тој ќе продолжи да го зголемува волуменот. К.К.