07 Декември, 2025
0.0331

ИНТЕРВЈУ- БИЛЈАНА МАКСИМОВСКА: Дома зборуваме на четири јазици

Објавено во: Стил 28 Мај, 2018 08:17

Добивај вести на Viber

Со Арно сме заедно од 2010 година, тој е балканизиран холанѓанец, се занимава со дипломатија и политика на Балканов, за музика, култура и политика на Балканот знае најмногу од сите нас :-) Токму заради неговата работа дојдовме во Косово.  Дома зборуваме македонски,  холандски,  српско- хрватски, англиски. Од страна да не сретнеш по улица, тотално ќе се збуниш кои сме и што зборуваме. 

Иако помнаа многу години, се уште ја врзуваат со прекарот „Биби 99“, по емисијата „99 Акција“, која ја водеше со Миа Костова и со Мартин Трпчевски. Нејзин последен ТВ ангажман е „Брза кујна“ на Сител ТВ, по што се пресели од Скопје и со семејството отиде да живее на Косово. Од 2010 година, таа е вљубена во холандскиот диполмат Арно, нејзиниот сегашен сопруг. Најголемата гордост на Билјана и на Арно е шестгодишната ќерка Аделин,за која Билјана вели дека зборува три јазици.  Харизматичната водителка,  сподели дел од своето секојдневие во новата средина за Женски магазин.

*Каде точно живеете во Косово, по кој пoвод сте таму, се навикна ли на животот надвор од Скопје?

- Живееме на 10 километри од Приштина, практично во Косово поле, во една резиденцијална населба меѓу повеќе села. Јас си го викам, "наше село", потсетува на холандска населба со типизирани куќи и улици со игралишта за деца. Воздухот е чист, а тоа ми е приоритет за нас по Скопје. Се навикнав, вистинска очајна домаќинка сум станала, домот, семејството, пријателите, се разбира и соседите кои се дел од екс-пат начинот на живот. Кога немаш роднини, имаш пријатели и соседи кои ти се блиски и си помагате едни со други. Напорно е да бидеш оддалечен од фамилијата, но еден друг дел од себе се развива во нас, независност и успеваш некако да му дадеш повеќе ефикасност и ефективност на животот, со што си посреќен. Со Арно сме заедно од 2010 година, тој е балканизиран холанѓанец, се занимава со дипломатија и политика на Балканов, за музика, култура и политика на Балканот знае најмногу од сите нас :-) Токму заради неговата работа дојдовме во Косово.  Дома зборуваме македонски,  холандски,  српско- хрватски, англиски. Од страна да не сретнеш по улица, тотално ќе се збуниш кои сме и што зборуваме. 

Целото интервју читајте гоп на Женски магазин, овде.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: