Јана Дурнева, менаџер за одделот за дигитална трансформација во А1 Македонија
Интервју Дурнева: Дигитализацијата не е само поим и желба, туку реалност што ја креираме и живееме
Објавено во: Економија, Интервјуа 09 Октомври, 2019
Јана Дурнева, електроинжeнер и магистер по економски науки, менаџер за одделот за дигитална трансформација во А1 Македонија е жената, под чие водство се реализираше еден од највидливите проекти во земјава, ребрендирањето во А1 Македонија. За овој голем проект, таа вели дека е јасна визијата и спојот на знаењето, како и ентузијазмот на сите кои директно биле инволвирани. Еден месец откако А1 јасно се позиционираше на македонскиот телекомуникацики пазар, зборуваме со Јана за процесот на ребрендирање и посакуваните придобивки во дигиталниот сегмент, како за вработените, така и за корисниците.
А1 веќе се позиционира како компанија која нуди и креира дигитални решенија за македонските корисници. Можете ли да го поврзете ребрендирањето и дигиталната трансформација?
- Ребрендирањето ја потврди и засили стратешката определба на компанијата за трансформација од класичен телеком оператор во провајдер на дигитални услуги. Во минатите години интензивно работиме на нашата трансформација и тоа не само како аквизиции на комапнии, со што се позициониравме како целосно конвергентен оператор, туку и внатре во компанијата се трансформиравме воведувајќи агилен начин на работење, преку изградба на агилна корпоративна култура, прифаќање на практиките, принципите и вредностите на агилна методологија и обезбедување соодветно работно опкружување. Голема беше честа, но и предизвик да ја прифатам одлуката на менаџментот, да бидам на чело на проектниот тим, задолжен за реализација на овој процес. Возбудливо беше да се работи секојдневно со тимот, кој со самиот ребрендинг испорача дигитални решенија кои ќе го подобруваат корисничкото искуство. Оттука, ребрендингот не е крајот, туку е почеток на реализација на визијата на А1 групацијата за “поддршка на дигиталниот начин на живеење”.
Што е клучно за еден проект менаџер во големи проекти како ребрендирање?
- Во проектот за ребрендирање во А1, кој траеше 1 година, секој вработен даде свој придонес. Како проектен менаџер за ребренирањето од клучно значење беше да се има фокус на успешна и времена екзекуција на планот. Но, она што беше клучно за успехот на проектот, беше мотивацијата на вработените кои покажаа дека ако се има поголема цел, дедицираноста е на највисоко можно ниво.
Со пристапувањето кон А1 фамилијата и новиот бренд, кој е добро препознаен и позициониран во централна и источна Европа, се отвораат многу можности на локалниот пазар.
Дали дигиталната апликација Мојот А1 е придобивка на процесот на ребрендирање?
- Со А1 Македонија воведовме нова, подобрена и збогатена со нови функционалности, мобилна апликација – Мојот А1, која е централно место за менаџирање на сите кориснички интеракции, вклучително и одредени продажни трансакции.
Новата апликација, со новиот дизајн и со промоцијата од 10ГБ, многу брзо стана #1 бесплатна апликација на Google play и на App store. Бројките ги надминаа сите наши очекувања, а рејтингот од страна на корисниците на апликацијата се зголемува од ден во ден. Имено, бројот на месечни активни корисници се зголеми за 370%, само во период од еден месец. Секако дека голем број од корисниците ја симнаа токму поради атрактивноста на промоција која беше достапна исклучиво на апликацијата Мојот А1, но она што го забележивме е дека и другите трансакции во апликацијата почнаа да растат, што е знак дека корисниците ја прифаќаат и ја користат апликацијата.
Во иднина Мојот А1 треба да прерасне во примарно место каде корисникот сам, на брз и едноставен начин ќе ги реализира сите свои пореби и барања од А1, како што е активација на сервиси, обновување на договор и слично, па дури и директен чет со витуелен агент кој ќе може да ги одговри прашањата на корисникот.
Во една прилика изјавивте дека младите живеат на својот мобилен уред, па оттука и клучниот елемент за успешност е да се живее дигитално и да се биде присутен онлајн. Дали сè уште ја застапувате оваа теза и што конкретно презема А1 на ова поле?
- Со ребрендирањето се пушти и нова онлајн продавница, со поедноставени процеси. Тоа резултираше во најголем број на онлајн трансакции досега (или историски гледано), а најпродаван телефон беше А1Алфа. Соодветен дизајн, подобрени процеси и релевантна понуда е она што нашите корисници го бараат. Се потврдува дека како нација сме спремни да ги прифатиме придобивките од онлајн продажбата.
Онлајн продажбата е клучна активност во дигиталната трансформација и поради тоа, во нашиот фокус е подобрување на корисничкото искуство, брза испорака и соодветна понуда.
Од најавата за почетокот на ребрендирањето, во април 2019 го забележавме и функционирањето на а1.мк блогот кој за нас новинарите беше вистинско место од каде ги добивавме информациите поврзани со новиот бренд. Како продолжува неговото функционирање ?
- Со ребрендирањето се подигна и новиот веб сајт, A1.mk. Сајтот е резултат на детална анализа (UX audit), процес на ко-креирање со нашите колеги и корисници, кои го дадоа својот фидбек и очекувања, како и глобалните трендови. Бројот на посетители на сајтот се зголеми повеќекратно, поради интересот на јавноста околу ребрендингот и навистина беше централното место од каде излегуваа сите информации поврзани со новиот бренд. Интересот за блогот беше голем, па така тој стана централна точка во која јавноста се информираше за активностите што компанијата ги подготвуваше за ребрендирање.
Во минатото, А1 на македонскиот пазар беше асоциран со сосема поинаква дејност. За нас беше од клучно значење резултатите од пребарувањето на А1 на веб страната, да даде релевантна содржина, поврзана со нашиот бренд. Процесот го започнавме преку генерирање на соодветна оптимизирана содржина на посебен блог, 6 месеци пред самиот ребрендинг. Релевантна содржина, споделување на содржините по социјалните медиуми, доведоа до голем број кликови и појавување на прво место при пребарување на А1.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.