(ВИДЕО) Интервју Георгиевски: Ако не работи свеста, мора да работи законот
Објавено во: Интервјуа 05 Октомври, 2020
Охрид годинава беше главно прибежиште на македонските туристи. Во услови на
пандемија со КОВИД-19, првиот човек на Бисерот на Балканот, смета дека
општината ги презела сите неппходни мерки за безбедно одвивање на туристичката
сезона. Во однос на инцидетните „кластер забави“ на Градиште, Георгиевски вели
дека биле изречени казни и поднесени соодветни пријави. Општина Охрид со
координирани инспекциски акции се обиде да воведе ред, таму каде што не работи
свеста како на угостителите, така и на посетителите. Градоначалникот за Фактор
вели дека Охрид како задолжена општина не може премногу да им помогне на
хотелиерите и угостителите, освен во одреден период да ги ослободи од редовните
давачки, па така главната помош мора да пристигне од државата.
Фактор: Како Охрид и општината се справи со пандемијата на КОВИД-19 и колку таа имаше влијание на работењето на секторот туризам и угостителство и општо врз приходите на градот?
Георгиевски: Сите субјекти коишто работат директно во секторот на туризмот, но и тие кои се индиректно поврзани го осетија импактот на негативните економски импликации. Охрид оваа година живее една специфична туристичка сезона. Структурата на гости е целосно различна од изминатите десетина години. Во годиниве наназад доминантни беа странските гостии туристи, затоа што и државата имаше стратегија на нивно субвенционирање.
Фактор: Охрид годинава по подолго време како што кажавте ќе ги нема странските гости, најбројни се домашните туристи за кои се водеше кампања „Дома си е дома“. Што може кажете за досегашното одвивање на сезоната?
Георгиевски: Охрид лани имаше 1,5 милиони ноќевања и имавме рекордна година. Oваа година тоа нема шанси да го достигнеме како бројка. Годинава гостите најмногу се домашни, бидејќи знаеме дека патувањето е голем проблем, и ние пробавме да се прилагодиме на типот на гости кои ќе ни се присутни ова лето.
Фактор: Кои мерки ги преземавте за побездно одвивање на туристичката сезона во Охрид, како за подигнување на свеста од страна на посетителите и туристите, така и за однесувањето на самите угостители?
Георгиевски: Имавме ние како општина наша превентивна, едукативна кампања со апели и делење флаери. Сепак, се се сведува на свеста на луѓето. Нашата свест да го заштитиме нашето здравје и здравјето на другите. На повеќето места имаше видливо почитување на мерките и протоколите, држење дистанца, носење маски и редовни дезинфекции.
Фактор: Дали за тие угостители кои не ги почитуваа мерките излегоа инсепкциските служби на терен и дали се изречени казни?
Георгиевски: Меѓутоа за жал, имаше и изолирани случаи. Млади луѓе беа понесени од атмосферата дека се на едно убаво место кое личи на Ибица, па одлучија и така да се однесуваат. Ние сепак, треба да се потрудиме да вложиме напори да воведеме ред во нашиот град и со координирани акции на инспекциските служби, вршиме перманетни контроли. Таму каде што не работи совеста, мора да работи законот.
Фактор: Според првичните прогнози загубите во туризмот оваа година ќе изнесуваат над 80% во однос на 2019 година, а се проценува дека речиси 20 илјади работни места се во ризик. Кои мерки треба да се преземат според вас за да му се помогне на овој сектор?
Георгиевски: Рекордниот број на ноќевања лани се должеше на продолжувањето на туристичката сезона до ноември месец. Имавме доста кружни тури кои во минатото ги немавме. Дефинитивно ќе биде потребно за хотелиерите и угостителите да се интервенира на државно ниво. Ние како општина и совет донесовме повеќе одлуки за одредени мерки за помош, како што е ослободување од плаќање надоместоци за користење и поставување урбана опрема, комунални такси и други давачки. Меѓутоа главната помош треба да биде организирана на државно ниво. Ние сме и навистина задолжена општина, правиме се што можеме да ги олесниме состојбите во кои се најдоа нашите сограѓани, кои што се во тој сектор. Во Охрид независно во кој сектор функционирате, кога е туристичка сезона се чуствува и во сите други гранки. Јас претходно кога работев како доктор исто така имав зголемена работа во екот на туристичката сезона, а тоа не е гранка која е директно врзана со туризмот. Се осеќа во секој дел од општествениот и економскиот живот на градот дека ќе биде тешко.
Овие содржини се поддржани од Google News Initiative Journalism Emergency Relief Fund.
Христијан Станоевиќ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.