22 Ноември, 2024
0.0293

ИНТЕРВЈУ ЃОРГИЈЕВ, ДИРЕКТОР НА АД ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР: Во јануари ќе биде објавен јавен оглас за продажба на станови од нашата комерцијална зграда кај Даре Џамбаз

Објавено во: Економија, Интервјуа 29 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Во услови на експлозија на цени на надвижностите, АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор стартува со градење на зграда во општина Центар, со почетна цена од 1.450 евра по метар квадратен. Во интервју за Фактор, директорот на ова државно акционерско друштво, Зоран Ѓоргијев, вели дека според неговите очекувања, граѓаните ќе бидат заинтересирани за овие станови. Тој открива дека интенција на АДИССДП е повторно да се наметне како регулатор на цената на станбениот квадрат, сепак објаснувајќи дека генерално, стабилизирањето на цените зависи и од многу други параметри. Со Ѓоргијев разговаравме и за динамиката на изградба на социјалните згради, но и за можноста тие во иднина да се градат и за проблемите кои искрснаа со Арената Тодор Проески и нивното решавање, за катните гаражи... 

Господине Ѓоргијев, нашата редакција има информации дека АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор после подолг период почнува со изградба на комерцијална зграда, и тоа во скопската општина Центар. Можете ли за Фактор да откриете колку ќе изнесува цената на квадратот и за колку станови станува збор? Исто така, дали Вашето друштво планира комерцијална изградба и во другите градови низ државава?

Ѓоргијев: Нашето друштво деновиве почна со изградба на комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај „стара воена пекара“. Цената која што е утврдена со одлука на Владата е 1.450 евра по м2, но напоменуваме дека согласно нашите процедури, станува збор за почетна цена на која заинтересираните купувачи ќе можат да лицитираат. Договорот предвидува рок за изградба од три години, а она што е особено важно е дека меѓу најголемите приоритети за купувачите ќе биде високиот квалитет на градбата, кој е впрочем и препознатлив елемент кај сите наши згради. Почетокот на изградба на оваа комерцијална зграда за нас има особено значење, бидејќи се реализира по подолг период на неактивност на ова поле, и секако, означува придвижување на работите. Во следниот период, односно во јануари ќе биде објавен Јавен оглас за продажба на еден дел од становите, додека останатите, во зависност од финансиската динамика и темпото на градба, ќе бидат огласени во третиот, односно четвртиот квартал од годината. Оттука, во интерес на навремено информирање, заинтересираните купувачи треба да ги следат огласите во дневните печатени медиуми, како и на нашите социјални мрежи. Зградата во Центар е најава за поинтензивна „офанзива“ во оваа насока, бидејќи во тек се постапки за почеток на градба на две комерцијални згради во Охрид и една во Битола.

АДИССДП треба да биде регулатор на пазарната цена на станбениот квадрат, па затоа би Ве прашале колкав е „маневарскиот простор“ на ова државно акционерско друштво во овој период на дивеење на цените, и генерално кој е главниот предуслов за повеќе да можете да им излезете во пресрет на граѓаните, кои токму кај вас очекуваат да купат стан по поприфатлива цена?

Ѓоргијев: „Маневарскиот простор“ во кој можеме да функционираме на пазарот на недвижнини најмалку зависи од нас самите. Основниот предуслов се бројот на локации коишто ќе ни бидат доделени од страна на Владата, преку системот на Министерството за транспорт и врски. Оттука, за вистински да ја оствариме улогата на коректор на цената на станбениот квадрат нам ни е потребен поголем обем на комерцијална изградба. Нашата интенција е повторно да станеме регулатор на цената, но затоа ќе ни треба одреден временски период, особено ако се има предвид дека со една зграда не можеме да се наметнеме како посериозна конкуренција во услови на градежната „офанзива“’ од страна на приватните инвеститори. Од друга страна, треба да го имаме предвид фактот дека генерално, стабилизирањето на цените не зависи само од нас, туку и од многу други параметри, на кои ниту ние не можеме да влијаеме.

До која фаза е реализацијата на проектот за изградба на социјални станови за ранливите категории граѓани? Какви се плановите за понатаму и кога ќе се реализираат најавите за потпишување на нов договор со Банката за развој при Советот на Европа?

Ѓоргијев: Изградбата на социјалните згради е една од основните дејности на нашето друштво. Проектот за изградба на станбени згради за лица со ниски приходи и други социјално ранливи гупи - Ф/П 167 е во финална фаза и треба да заврши кон крајот на 2024 година. Во изминатите години изградивме, или во фаза на изградба се повеќе од 860 станбени единици низ целата држава, што е, ќе се согласите - впечатлива бројка. Во завршна фаза е зградата во скопски Бутел со вкупно 312 станови, што претставува најголем објект од овој тип досега изграден во државата. Со интензивно темпо се гради во Сарај и во Дебар, а наскоро ќе се реализираат и планираните објекти во Прилеп и во Штип. Целиот процес се одвива со максимално интензивна динамика што е вистинска потврда на нашите заложби навреме да ги слушнеме и да ги задоволиме потребите на најранливите категории граѓани.

Се уште нема дефинитивни назнаки дали проектот којшто во иднина ќе го потпишеме со Банката за развој при Советот на Европа, ќе биде сличен на досегашниот. Според сигналите што ги добиваме од банката, постои можност наредниот проект да биде насочен кон одредени категории млади лица, односно ќе преставува одредена форма на субвенција преку која тие полесно ќе можат да го решат станбеното прашање. На овој начин ќе имаме сериозно влијание врз процесот на креирање политика за задржување на младите во државата, што секако е во интерес на општеството во целина. Јавноста ќе биде информирана благовремено за сите детали, но претходно треба да се дефинираат насоките, како и да се финализира сеуште актуелниот проект кој со максимални заложби успеавме целосно да го интензивираме, иако пред пет години го затекнавме во целосно мирување.

Како што знаеме, процесот на целосна обнова на тревната површина на Арената Тодор Проески предизвика реакции кај македонската јавност, но останува отворена дилемата како ќе се одвива неговото натамашно одржување, за повторно да не се соочиме со слики на оштетен и нерепрезентативен терен?

Ѓоргијев: Како што сте сигурно информирани, тревната површина беше целосно обновена непосредно пред натпреварот со репрезентацијата на Англија. Претходно, се соочивме со ситуација во која квалитетот на теренот не беше на потребното, задоволувачко ниво, поради што заедно со Фудбалската федерација и со Владата веднаш преземавме неопходни мерки. Во оваа насока, ФФМ преку средства коишто може да ги искористи преку УЕФА, успеа да обезбеди донација која на крајот резултираше со целосно нова површина со хибридна трева. Теренот ги задоволува највисоките светски стандарди и е под гаранција на фирмата којашто го изведе целиот зафат. Понатаму, целосното одржување ќе биде превземено од наша страна и во идниот долг период на години нема да се соочуваме со предизвикот на задоволување на потребните стандарди. На овој начин, значително се подобруваат условите за играње на националниот и клупскиот фудбал и генерално се интензивираат заложбите за успешно развивање на спортот во Р.Северна Македонија. Во насока на појаснување на работите, сакам да посочам дека целата ситуација со тревната површина ескалираше како последица на фактот дека последен пат тревата била целосно реконструирана во 2010 година, односно истиот терен бил одржуван и адаптиран полни 13 години. Очекуваме продолжување на досегашната конструктивна соработка во оваа насока со ФФМ, преземајќи ги нивните најдобри практики и искуства.

Ангажирањето стручни и оспособени кадри станува се поголем предизвик, особено за јавните и државните институции? Какво е искуството на АДИССДП во оваа насока и дали успевате да го следите трендот на зголемување на платите? Како ги обезбедувате финансиите за оваа цел, односно дали сами, или нив ги покрива Владата?

Ѓоргијев: Од моментот на моето именување за генерален директор, АДИССДП ги следи сите трендови, почитувајќи ги одлуките на Владата, за зголемување и нивелирање на платите на вработените. Како показател, само во изминатата година, во два наврати нивните месечни примиња беа зголемени како одговор на зголемените животни трошоци. Од наша страна секогаш беа исплаќани надоместоци согласно Колективниот договор, односно во ниту еден момент нашите вработени не беа оштетени, ниту пак дозволивме нашето Друштво да „каска“ зад другите институции. Инаку, средствата за платии за покачувања во целост ги обезбедуваме единствено од нашето работење, бидејќи нашето друштво нема државна подршка. АДИССДП работи домаќински, и овој принцип ни овозможува исплата на сите потребни финансиски надоместоци, независно од каков било облик на државна подршка.

Инаку, АДИССДП не е исклучок во однос на се поголемиот проблем кој произлегува од дефицитот на стручна и оспособена работна сила, и тоа во рамки на определени струки. Понекогаш е навистина предизвикувачки обезбедувањето соодветен кадар и тоа особено од делокругот на градбата, како на пример лица со лиценца за надзор, проценка и слично. Значи, станува збор за лица со потребно знаење и вештини од областа на градежната, електротехничката и IT струката. Оттука, со нашите следни огласи за вработувања ќе се обидеме да ангажираме кадар токму од овие области.

Покрај градбата како дејност, Вашето друштво стопанисува и со катни гаражи кои во изминатиот период понекогаш беа предмет на критики поради недоволно запазеното низо на хигиена. Дали можеме да очекуваме подобрување во оваа насока?

Ѓоргијев: Разбирливи се реакциите на граѓаните во однос на условите во катните гаражи. Во изминатиов период се соочувавме со ситуации кога долгите процедури, како на пример оние за јавните набавки за одржување резултираа со наталожен смет или недостиг на осветлување. Ваквите слики ќе останат зад нас, бидејќи кон крајот на годинава ги привршивме сите постапки за санирање на овие проблеми со што ќеобезбедиме комплетни и квалитетни услуги за корисниците на нашите гаражи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Фото: Вангел Тануровски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата