24 Април, 2024
0.0289

Владислав Хаџидинев, Извршен директор на УНИБанка

ИНТЕРВЈУ ХАЏИДИНЕВ: Никогаш досега не сме билe постабилни и со поголем потенцијал

Објавено во: Економија, Интервјуа 17 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

УНИБанка ја заврши годината со рекордна нето добивка и солиден, двоцифрен раст на капиталот. Во време кога работите доста се променија, поради пандемијата, со реорганизација банката станала и поефикасна и посилна. Во интервју за Фактор Извршниот и главен директор за финансии Владислав Хаџидинев вели дека во годината која само што почна и која треба да е година на заздравување, УНИБанка ќе биде значаен поддржувач на домашната економија. Пандемијата дефинитивно покажа дека дигитализацијата на банкарските услуги, посебно во сегментот население е задолжителен елемент од една банкарска стратегија. УНИБанка на пазарот понуди еден исклучително иновативен и производ за е-банкарство достапен за сите граѓани.

Светот се соочува со една од најголемите здравствени кризи, ситуација која значајно се одрази и на глобалната економија. Toa значеше и многу прилагодувања на работењето на економските субјекти. Како се прилагодивте вие?

Хаџидинев: Годината беше невообичаена на глобално ниво. За нас, приоритет беше брзината на прилагодување во ситуација на голема несигурност, најмногу од аспект на временскиот период на самата пандемија. Сметам дека нашиот тим одлично се справи со предизвикот.

Се разбира во таква криза, прва задача беше да се заштити здравјето на нашите вработени и клиентите. Тука не правевме никакви компромиси од аспект на примена на мерките, заштитната опрема и правилата за почитување на социјална дистанца. Брзо и успешно ја обезбедивме потребната инфраструктура, што ни дозволи голем дел од нашите вработени да работат од дома, без тоа да создаде ризик за извршување на работните процеси.

На крај на денот, притисокот што го донесе кризата, ни помогна да се реорганизираме на начин што мислам нѐ направи уште поефикасни и посилни.

Годината заврши. Со какви резултати вие ја финиширате?

Хаџидинев: Знаете, УНИБанка последните 4-5 години континуирано остварува стабилен раст во активата, добивката и акционерскиот капитал. По некои клучни показатели, како на пример ниското ниво на кредитен ризик, сме помеѓу лидерите на пазарот. Иако 2020 година беше различна, нашите резултати продолжуваат во ист тренд.

Чисто од финансиски аспект, очекуваме рекордна нето добивка и солиден, двоцифрен пораст на капиталот на банката. Тоа ќе ни помогне добро да ја започнеме новата 2021 година и да можеме да бидеме активни на пазарот и да дадеме силна поддршка на македонската економија. 

Во кој сектор имате значајни подобрувања, кој е сегментот во кој има најголем раст?

Хаџидинев: Профилот на УНИБанка е фокусиран во сегментот население и мали и средни компании.  Во 2020 година економскиот шок предизвикан од пандемијата, создаде едно сериозно забавување на економските активности. Цели сектори, како туризмот и транспортот, во одредени моменти беа затворени.

Заради тие причини, ние ја прилагодивме нашата стратегија да се фокусира првенствено во аспект на работа со клиентите на банката, кои што имаа потреба од така наречените „олеснувања”. Од тој аспект, во делот на кредитирањето не ни беше главна цел да постигнеме голем пораст, туку да им помогнеме на клиентите да излезат најбезболно од кризата и да го одржиме ниското ниво на кредитен ризик во нашето портфолио.

Управувањето со ризиците традиционално е една од најсилните страни на УНИБанка. Меѓутоа, во 2020 година дадовме уште поголем фокус, од причина што сметаме дека во таква несигурна околина, треба да бидеме уште повнимателни и сконцентрирани. Како резултат на тоа, во моментот УНИБанка има највисоко ниво на адекватност на капиталот во својата историја. Веројатно, никогаш досега не сме биле постабилни и со поголем потенцијал за работа.

Со каква стратегија од овој аспект влегувате во проекциите за следниот период, за 2021 година?

Хаџидинев: Целта на УНИБанка е во сегментите население и мали и средни компании да биде лидер. Кога зборуваме за лидерство не значи дека сакаме да сме со најголем пазарен удел, туку да можеме да ги нудиме најдобрите услуги за нашите клиенти. Верувам дека во последните години сме докажале дека можеме да бидеме лидери, а доказ за тоа се постигнатите перформанси на банката во истиот тој период.

Пандемијата дефинитивно покажа дека дигитализацијата на банкарските услуги, посебно во сегментот население е задолжителен елемент од една банкарска стратегија. Новите генерации клиенти, се поретко ќе сакаат воопшто да доаѓаат во експозитурите на банките. Отварањето на сметки, плаќањата, барањата за кредити преку компјутер или мобилен телефон се веќе реалност. Затоа, клучен елемент од стратегијата на УНИБанка е максимално да овозможиме нашите клиенти да имаат пристап до сите банкарски услуги, преку електронско и мобилно банкарство, а тоа да биде лесно, сигурно и ефтино.

 

Во последниот период компаниите се посветени на дополнителни инвестиции во дигитализацијата, домен во кој банкарскиот сектор секако беше своевиден лидер во земјата. Од овој аспект кои иновации се воведени во вашата банка?

Хаџидинев:Во последните години континуирано инвестиравме во нашата информатичка инфраструктура.  Во текот на 2019 година, во рамките на 6 месеци го надградивме основниот апликативен систем на банката со Oracle Flexcube 12. Оваа банкарска апликација е меѓу најдобрите на глобално ниво и сме горди дека сме една од малкуте банки во Македонија кои ја користаат. Тоа ни помогна лесно да создаваме нови продукти, да ги оптимизираме бизнис процесите и да бидеме уште поефикасни. 

Од аспект на клиентите нашето електронско и мобилно банкарство се едни од најразвиените на пазарот. Бевме меѓу првите банки кои воведоа мобилен токен со QRкод со дополнителна заштита за вршење на платен промет, кој гарантира максимална безбедност за плаќањата на нашите клиенти. Во моментот преку нашето електронско банкарство може да се извршат најголем дел од трансакциите (денарски и девизни) што би ги  вршеле клиентите и во експозитура, да се отвораат трансакциски и депозитни сметки, да се аплицира за кредитен продукт, а во наредните месеци ќе може да се комплетира целосниот кредитен процес од аплицирање до исплата. Развиваме и решение за лични финансии, што ќе им помогне на клиентите подобро да ги следат и управуваат нивните финансиски трошоци.

Го креиравте пакетот УНИFlex кој е исклучителен и иновативен производ во смисла што во еден пакет се нудат повеќе поволности. За што станува збор? Колку чини пакетот и кој може да го користи?

Хаџидинев: Со пакетот УНИFlex, за 99 денари месечно, клиентите можат да вршат неограничен број бесплатни плаќања преку електронското и мобилното банкарство, без доаѓање во експозитура. Тоа не значи само заштеда на средства, туку и на време.

Пакетот во моментот е единствен продукт од ваков тип на пазарот.

Е-банкарството до скоро немаше соодветна застапеност меѓу граѓаните и тие релативно слабо го користат. Во пакетот има многу услуги за кои се плаќа само 99 денари. Анализа и споредба на трошоците покажува дека за провизии на шалтерите граѓаните плаќаат многу повеќе. Какви се вашите пресметки и која е разликата во основа?

Хаџидинев: Апсолутно е така, трошоците на клиентите за провизии на шалтерите се повисоки, споредено со трошоците преку мобилно и електронско банкарство. И тоа е нормално, генерално, не само кога зборуваме за УНИБанка. Гледајќи ги трендовите во другите држави, се поголем дел од банкарските услуги се случуват преку дигитални решенија. Македонскиот банкарски пазар не е поразличен и тој тренд ќе биде реалност.

Да, можеби застапеноста меѓу граѓаните до скоро беше релативно слаба, меѓутоа, еден клиент што ќе се навикне да плаќа преку компјутер или мобилен телефон, тешко ќе се одлучи повторно да користи шалтер, посебно, кога знае дека дигиталниот сервис му ја овозможува истата услуга, за пониски трошоци и за пократко време.

Прашање на време е кога се повеќе клиенти ќе ја надминат психолошката бариера и да ги заменат шалтерите со компјутери. Се разбира, тоа не значи дека се ќе биде дигитализирано. Експозитурата или шалтерот, ќе се трансфорираат во место каде клиентите ќе извршуваат посложени банкарски трансакции, како на пример консултации за продуктите што ги нуди банката и финансирање на бизнис проект.

Впрочем зголемени ли се on-line плаќањата?

Хаџидинев:Во втората половина на 2020 година забележавме зголемување на плаќањата преку електронското и мобилното банкарство. Со воведувањето на пакетот бројките се зголемија сериозно, двојно над нивоата од почетокот на годината. Очекуваме во 2021 година да постигнеме посериозни резултати и во тој аспект веројатно, конкуренцијата како секогаш, ќе биде силна. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?