23 Ноември, 2024
0.0373

Села - дебарчанецот кој рашири бизнис со пици во САД и Ирска: Им порачувам на странците да вложуваат во Северна Македонија

Објавено во: Економија 11 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Зад Слајс, иновативната стартап компанија која стана вистински профитабилен бизнис во САД е Илир Села, роден во Дебар, но израснат и образован во САД. Во 2009 година започнал да ја следи својата деловна идеја истовремено во Њујорк и во Дебар: онлајн платформа за нарачување пица при што им овозможува на купувачите да најдат и да нарачаат од малите, локални, независни пицерии, услуга што придонесе за растот на пазарот и конкурентноста на овие пицерии. Денес Слајс има пет канцеларии. Покрај Њујорк и Дебар, компанијата исто така работи и во Белфаст, Охрид, а од неодамна и во Скопје, со речиси 500 вработени и со планови да се зголеми на 1.000 до 2020 година. Повеќе од 11.000 пицерии во САД ја користат услугата на Слајс што им овозможи и придонесе за раст на нивниот бизнис од 4 до 6 пати. Ова е приказната за Слајс директно од сопственикот и основач, Илир Села.

Станува збор за уникатен бизнис модел, како дојдовте до идејата?

СелаДоаѓам од семејство на сопственици на мали пицерии и од прва рака гледав колку е тешко да се работи и да се успее во тој бизнис. Го започнав Слајс со мисија да се одржуват локалните пицерии, со што им се овозможи да учествуваат во дигиталната економија, а во исто време на потрошувачите им се олесни начинот на правење нарачки од нивните омилени места. Сепак, желбата и одлуката да влезат во светот на бизнисот и да се создаде семеен бизнис / компанија беше присутна и развиена подолго време и чекаше вистински момент да созрее и да се пронајде најпросперитетен бизнис модел. Слајс го опфаќа сето тоа, тоа е стартап што ги обединува локалните бизниси од соседствата, кои кумулативно претставуваат голем и важен дел од американскиот пазар, со дигитална технологија, која ја подобрува и ја зголемува нивната профитабилност и конкурентност. Модел кој се покажа како многу успешен.


Го започнавте бизнисот во Америка, Њујорк, зошто преминавте во Северна Македонија и дали размислувавте доколку имаше ризик од неуспех?

СелаРоден сум во Дебар, во Северна Македонија и сè уште имам големо семејство овде, а една од работите во кои навистина сум сигурен е дека овој регион има некои од најпаметните и најспособните таленти на планетата, но исто така и недостаток на професионални можности. Кога започнав со Слајс, првите вработувања што ги направивме беа во Дебар, потоа се проширивме во Охрид, а сега и во Скопје. Никогаш не стануваше збор за трансфер на бизнисот, туку овој тим беше дел од Слајс уште од првиот ден. Не видов никаков ризик од неуспех, бидејќи знам колку е способен овдешниот тим и возбудени сме што се зголемуваме и продолжуваме да растеме во Северна Македонија.

Кои беа почетоците и каде точно сте денес, според обемот и вредноста на вашата платформа / компанија?

Села:Започнавме во 2010 година со неколку пицерии како партнери, главно во сопственост на пријателите и семејството, а мал тим во Дебар се фокусираше на едноставно внесување на менијата и веб-страниците на пицериите и на тој начин подготвувајќи ги за успешно функционирање. Јас сум навистина горд што поголемиот дел од таа почетна екипа сè уште е дел од Слајс и денес. Вредноста на одредена компанија најчесто се набљудува преку броеви, а бројките на Слајс се охрабрувачки и мотивирачки. Денес нашиот тим се состои од речиси 500 луѓе низ 5 канцеларии на глобално ниво. Ние сме горди партнери со 11.000 пицерии и опслужуваме милиони клиенти секоја година. Но, фактот дека ние се прошируваме и инвестираме во иднината на компанијата е многу повеќе ветувачки и зборува за својата вистинска вредност. Слајс прави уште еден голем чекор напред.

Кои бизнис потези се клучни за денешниот успех?

СелаСоставувањето првокласен светски тим е убедливо причина број еден зад успехот на Слајс. Исто така, успеваме да останеме фокусирани на нашиот пазар и да се поттикнуваме да размислуваме секоја година пошироко. Со цел да го зголемиме нашиот раст, создадовме партнерство со нашите главни инвеститори Џеф Ричардс од GGV Capital, Бен Сан од Primary Ventures и Пол Апелбаум.

Дали може да го процените пазарот на кој работите и кои се перспективите за понатамошен раст?

СелаИндустријата за пица е глобална индустрија вредна 144 милијарди долари, а само во САД нејзината вредност изнесува 46 милијарди долари. Во изминатите години од нашето работење, пицериите кои одлучија да ја користат услугата на Слајс, забележале раст на бизнисот за 4 до 6 пати. Затоа нашите амбиции растат и токму тука започнуваат плановите за натамошна експанзија. Со главната оперативна база поставена во Македонија, подготвени сме да им служиме на клиентите на глобално ниво. Ние го олеснуваме процесот и на малите пицерии им овозможуваме полесно прифаќање на дигиталниот модел на работа.

Вашиот пример е доказ дека нарачките преку интернет се попрофитабилни отколку оние преку телефон, според Вашиот модел, просечната вредност на нарачката за Вашите клиенти од 18 долари се зголемила на 30 долари со онлајн нарачувањето. Кое е објаснувањето за оваа разлика?

СелаКомбинацијата на олеснување за откривање на целото мени, полесното додавање на додатоци на пицата и полесното плаќање со кредитна картичка, apple pay или PayPal. Освен тоа, услугата Слајс е лесна за употреба, им овозможува на корисниците точно и прецизно да го добијат она што го нарачуваат, без можност за забуна. Исто така, клиенти не се ограничени да нарачуваат од неколку поголеми пицерии, туку можат да уживаат и да ги нарачаат од нивните омилени локални продавници. Нашата услуга ги проширува можностите за раст на малите пицерии, а на купувачите им го овозможува неприкосновеното право да изберат.

Колку е голем тимот на Слајс во Северна Македонија и какви се перспективите за идно вработување и развој на кариера во Вашата компанија?

Села:Тимот на Slice се приближува до 400 вработени со планови да се зголеми на приближно 600 луѓе до крајот на 2019 година и да достигне 1.000 до крајот на 2020 година. Нашата визија е да станеме еден од најголемите работодавачи во земјата и тоа многу брзо.

Дали би препорачале водење глобален бизнис од Македонија?

СелаСилно препорачувам другите глобални компании да размислат за зголемување на нивниот бизнис со изградба на база на вработени во Северна Македонија. Овде постои одлична можност да ангажирате паметни луѓе со голема страст и желба за работа. Од нашето искуство тимовите во Дебар и Охрид се апсолутно професионални и талентирани, а Слајс се потпира на македонските кадри од сите професионални сектори. Нашите македонски вработени беа клучни за нашиот успех и ние сме благодарни за нивната напорна работа и посветеност.


Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација