19 Декември, 2025
0.0384

ИНТЕРВЈУ ИЗЕТ ЦУРИ: модата во Македонија е симбол за провинционализам!

Објавено во: Економија 21 Септември, 2014 09:36

Добивај вести на Viber

Дрес-кодот на политичарите е како и нивната политика. На македонската тесктилна индустррија и недостига по  едно автентично парче за светските гардоробери. Со модерни машини се изработува војничка униформа. Тој лон систем ја потиснува креацијата и желбата за стил и мода. “Светот е роб на графичките дизјанери. Тие ја формираат естетиката на ликот, модата, храната, интимноста. Недостгаат инвентивни кројачи”. Изет Цури, по три децении патешествие со иконите на светската, париската мода, се враќа во родното Скопје да ја отвори Академијата за стил и мода. “Сакам да ги пронајдам и едуцирам талентираните кројачи. Тоа е мојот долг кон моите учители браќата Ангелковски”. Цури, кој детството го поминал низ скопските постземјотресни маала, а потоа ги облекол најпознатите светски актери како Шон Конери, Изабела Аџани, Жерар Депардје, Кристофер Ламберт,  Синди Крафорд, Наоми, Шон Конери за Фактор  ја раскажува својата животна приказна. Фактор: Како изгледаше Вашето стилистичко и моделистичко патешестие од Скопје кон Париз, светот и назад? Изет Цури:  Идејата да се занимавам со модни креации  почна од  Скопје.  Почнав  прво  кај  кројачот  Цале, потоа кај браќата  Ангелковски, па  продолжив  да работам со мојот другар Томе Малиновски. Решив да заминам за Париз , со помислат дека штом пристигнам во градот под  Алфеловата кула ќе има црвен тепих. Првите модели ги креирав кога имав 15 години, на  рокер - групите Урагани, Безимени, Бизбес. Им  направив   пантолони и  кошули со цветови .  Во мојот живот двапати досега сум имал  голема трема . Кога требаше да  полагам  возачака дозвола, а вториот, штом влегов во модна куќа  во Париз.  Толку  многу бев возбуден  што се тресев ,  не можев да стојам на нозе.  Директорката на моднато ателје,   мислејќи дека не ми е добро, ми рече да седнам и да одморам малку . Штом  влегов во работилницата  видов дека нема никаква разлика од работата кај моите кројачки  ментори -  браќата Ангелковски  и начинот на кои се работеше во тие модни куќи . Јас кога заминав од тука  немам појма што се различни стилови, што е авангардиста, минималиста, класика. Тоа беше првата лекција во модното студио што ја научив во Париз. Фактор: Која е првата јавната личност што сте ја облекле во вашите модели? Изет Цури:   Љупка Димитровска и  и Муарем Сербрезовски. Тој остана со стилот да носи бел костум на сцените. Љупка  требаше да оди на  фестивал во Опатија и специјално за настапот во Хрватска  и сошив  фустан. Фактор: На кои  бренд имиња  во Париз за првпат сте им направиле модна креација?  Изет Цури: Првата моја  креација беше направена за глумицата Марија Феликс, потоа дојдоа младите, тогаш познати  имиња, како што се Изабела Џанини, Кристофер Ламберт, Жерар  Депардје.  Со него станав и пријател.  Да ме прашате како и зошто дојдоа токму кај мене,  не би знаел да ви кажам. Можеби   затоа што работев во познати модни куќи, мислејќи  дека сум јас моден гениј, меѓутоа тоа беа моите мајстори браќата Ангелковски и Цале. Фактор: Како ја дефинирате високата мода?  Изет Цури:  За висока мода треба да имате култура, стандарди , да диктирате модни трендови, но  треба да имате и многу пари. Кога работите според мерките за одредена  личност, тогаш три работи се најважни:  Прво да се почитува  желбата на клиентот , второ  може целосно да се потпрете  на  инспиративноста и инвентивноста на кројачот и да го остави  да изработи важен дел од облека. Во основа ги почитувам клиентите што ми дозволуваат сопствена креација. Фактор: Може ли Македонија да дефинира почетоци на некаква висока мода со оглед на фактот што сега барем, три до пет насто се богати луѓе кои следат светски трендови, а модните новитети се следат според конфекциските понуди? Изет Цури: Во моментот кај нас  нема добрите и искусни кројачи, бидејќи  големи дел  од нив починаа . Има  неколкумина млади  кои работат исклучиво на женска колекција,  но кои уште работат според мерки што значи дека се уште сме далеку од светската  мода. Мора да се знае дека  луксузот го прави богатиот кој плаќа !  Луѓето кај нас, кои имаат пари, многу малку шијат, најголем дел од  нив  одат надвор, во модните шопинг центри. Фактор: Од каде кај Вас желбата  после Париз да се вратите повторно на Балканот и да ги формирате академиите во Косово и сега во Скопје? Изет Цури: Привилигиран сум што имав можност занаетот да го  учам од многу добри  мајстори (кројачи) во Скопје. Потоа за време на престојот во Париз се усовршував  и желбата ми беше  моето знаење  да им го пренесам на оние од каде што доаѓам.  Идејата да направам факултет за мода е стара осум години,  но за жал тогаш имаше многу малку заинтересирани за такво нешто .  Во земја како нашата во која живеат 2 милиони луѓе вие не можете да правите 5О дизајнери годишно. Затоа прво се одлучив  факултет да отворам во Косово, меѓутоа мојот сон е Скопје  каде што припаѓам . Сакам моето знаење и искуство да им го поклонам на моите талентирани сограѓани,  да ги избирам и препорачувам инвентивните за светските модни конфекции иили салони. Добив поддршка од општината Чаир која одлучи да ми даде простории за да ја реализирам идејата за отворање на Факултет за мода.  Јас му  должам  на овој град ,  на моите мајстори и на мајка ми која реши, како што велеше  да бидам кројач. Фактор: Што е предизвикот да направите Академија во Старата Чаршија,  дали е тоа некакво врзување со традицијата, стандарди, функционирање на личноста,  просторот? Изет Цури:  Од Чаршијата потекнуваат најголем дел од  занаетите . Јас занатот го  научив токму тука каде што го правиме овој разговор во Старата Чаршија. Чаршијата е дел од срцето на градот. Пред неколку години имав чувство дека  животот во Чаршијата  изумира . Меѓутоа последниве неколку години  за среќа  овој дел од градот заживеа, има врволица од народ, се создава  некаква позитивна енергија.  Но тоа не може без волјата на политиката.   Мислам дека  во наредниот период   Старата Чаршија го врати целосно својот сјај и убеден сум дека    во наредните неколку години ќе се родат  добро занаетчии  затоа што луѓето се враќаат на мануелни работи на вистински вредности. Фактор:  Има неколку македонски градови кои живеат од текстилната индустрија. Штип е еден од нив, како град на модата. Меѓутоа тоа се главно фабрики кои работат на принципи, доработка. Што не достига за да имаат свои ексклузивитет? Изер Цури: Пред две години почнав да шетам низ македонските градови. Цртав една колекцијата за  Астибо во Штип и се чудев дека има 70  фабрики за текстил. Тоа ме мотивираше да отидам и до Струмица, Кочани, Прилеп, Битола и заклучив дека сите тие работат  лон, за познати модни куќи, со најмодерни машини. Но има и парадокси, една фабрика со најсовремени машини  изработува  облека за војската на Кина. Она што ни е мана е тоа што немаме култура да направиме сопствен бренд.  Некогаш Астибо  се обидуваше да направи свој модна трејд-марка,  но безуспешно.  Сепак   убеден сум дека во Македонија има таленти кои знаат што се  подразбира под мода.  Јас ќе се обидам преку отворањето на овој факултет да им го  пренесам сето мое знаење и искуство . Не гледам  зошто не би можеле да создадеме македонски модни парчиња кои ќе бидат познати ширум светот. Фактор:Како денес ја дефинирате македонската  мода. Дали копираме одредени  трендови и наметнати стилови? Изет Цури: Можеби ќе ве разочарам,  но  искрено и ќе ви кажам дека  апсолутно  не постои мода. Тој што ќе каже дека денес има мода  се лаже себе си, а притоа  во заблуда ги става и другите. Модата  постоела до 80-тите години.  Ако се загледаме во избледнетите семејни албуми  гледаме фотографии од нашите родители  од пред 40-30 години веднаш ќе ви стане јасно дека тоа се препознатливите 60-тите, 70-тите или 80-тите години. Земете ги 60-тите години какви автомобиле се возеле, каква музика се слушаше, какви фризури имаа дамите,какви  чевли се носеа ? Тоа беа движења што му става печат на времето и ги одбележаа  тие години. Името дизјанер доаѓа од крајот на 50-тите години. Претходно  сите се нарекуваа кројачи.  Денес дизајнерите се како сликарите, ќе ве инпресионира нивниот стил.  Дизјанерите ја диктираат  модата, наметнуваат сопствени стилови. Само префинетите светски стилисти имаат всадено чувство за убавина, за хармонија на телото и  облеката. Тоа е модерниот дрес-код, што на модните писти ги промовира и норми на складност на бои или кроеви.  Светот е роб на графичките дизјанери. Тие ја формираат естетиката на ликот, модата, храната, интимноста. Недостигаат инвентивни кројачи. Големиот избор на материјали денеска  нуди можност со малку пари да се облачете како што сакате. Естетиката е личен вкус. И кај нас  денес  е се поприсутен  модниот вулгаризам,  кич од оринтализам во облекувањето.   Последниве неколку месеци  бев на  неколку свадби  и можам да ви кажам дека  сум  вчудоневиден  од невкусот.   Гледав  ефитни турско- арапски,  кинески  парчиња облека, при тоа  забораваме дека имаме богат македонски традиционален фолклор. И наместо од тоа да се инспирираме, кај нас се поприсутен  е кичот на масите. Изгубивме вкус, па и мирис  за облекување.  Вулгаризмот во облекувањето доминира, кај жените тоа е како неизострен молив , тап и црн. Фактор: Новите естрадни  sвезди и движечките светски икони, кои можете да ги видите на црвениот тепих,  имаат  алтер его, со прозаични и минамалистички фото сесии низ интернет комуникација не продаваат мода, туку  своето тело , атракцијата од својата разголеност. Изет Цури:  Тоа  ни од далеку не е мода, можеби е тренд, но не дух на време што ќе се памети. Тоа  е медиумскиот дикатат на вулгарноста.  Гледате  на телевизија реклама за јогурд и одеднаш се појавува разголена девојка ( се смее) . Тоа е една провокација која воопшто не ми се доапаѓа. Не случајно велам  вулагарна-мода. Или ќе видите  реклама за автомобил, но многу ретко во неа можете да видите  маж, туку најчесто  има старлети,  а забораваат дека и меѓу  нас има убави мажи.  И ние мажите сме убави, не само жените!  (се смее). Фактор:  Дали во Македонија го чувствувате провинцијализмот. Големи , моќни и убави автомобили, како симбол на матерјалниот статус, а не соодветна гардероба? Изет Цури: (Се смее) Тоа е симбол на примитивизмот во богатството. Ако некој ми покаже добар автомобил, тоа значи дека има пари. Тоа го нема на Запад.  Јас живеам 40 години во Франција таму луѓето се облекуваат типично за една вечера или за некој  голем коктел .             Кај нас во театар одат со фармерки, на опера  не одат во тоалета.   На Запад постојат одредени стандарди и кодекс на облекување  и знаат  каде и како да се облечат. Фактор:  Како би требало да изгледа  стилот, дрес-кодот за една деловна жена или на еден бизнисмен? Изет Цури: Франзуците велат костимот го прави  попот. Ако Ве облечам како поп некој ќе мисли дека сте црковно лице, а всушност Вие свештеник, (се смее).  Како што Ви реков луѓето денес имаат избор, можат за малку пари убаво да се облечат, но пред  се’  важно е личноста дa има вкус, да зрачи со својата внатрешна естететика на узпешност и среќа. Тоа е духовниот (не)мир во облекување, кога ве разголуваат иако сте облечени. Вие можете да имате  многу пари и да купите  „скапи парчиња“ а да не знаете да ги искомбинирате, усогласите со природноста во движењето на телото. Модата е израз на внатрешната психолошка стабилност, таа ја манифестира мокта на карактерот и личноста. Фактор: Како се облекуваат македонските политичари? Изет Цури:  Не  ја знам нивната политика. Но колку што можам да ја разберам,  политичарите  се облекуваат точно како и што ја водат државата. Вие сега оценете ,  се надевам дека ќе  разберете што сакам да кажам  (се смее).  Исти такви се – како политикта што практикуваат! Јас четири години работев  за Социјалистичката партија во Франција. Тоагаш  на чело на  партијата беше Митеран. Тој нареди дека ниту еден  член од раководството  смее  да гостува во телевизиски дебатни емисии или да се фотографира,  без предходно  стилист да види како е облечен, дали  вратоврската е добра, складноста на боите, квалитетот на дизајнот и матерјалите, дали носи соодветни чевли.  Четри години ги советував како треба да се облекуваат , пред  да се појавеа на телевизија  или  на фото сесија во некои од весниците. Можеби затоа тогаш победија на изборите !  (Се смее) Разговараше Горазд Чомовски

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии