19 Декември, 2025
0.0510

ИНТЕРВЈУ МАРТИН КНАП: Политичката стабилност е најважна за инвеститорите!

Објавено во: Економија 03 Мај, 2016 08:17

Добивај вести на Viber

Стабилноста на земјата е од суштинска важност за развој на економијата  и бизнис климата.  Германските инвеститори во земјава со особено внимание  го следат развојот на  состојбата во Македонија. Во моментов ниту од страна на владејачката партија ниту од опозицијата, ниту од граѓанските невладини организации има некаква тенденција која што  алудира на тоа дека имаат нешто против странските инвестиции.  Воопшто нема  тенденција дека некој би сакал во Македонија да направи стопанска изолација. Ова се  дел од  оценките  на Мартин Кнап, директор на Германската стопанска комора  во Македонија. Според него, не е поентата само  да се привлекувааат странски инвеститции туку неопходно е да обезбедат услови за инвеститорите да останат во земјата што подолго.           Засега нема најава за повлекување на германските инвестиции од Македонија, но исто така нема ниту навестувања за  влез на нова гермаска компанија, вели директорот на германската бизнис асоцијација  Мартин Кнап .   Разговараше Горазд Чомовски Фактор: На средината на минатата година официjален Берлин  ги оцени  „задоволителни“ билатерланите односи меѓу двете земји иако долга низа години,  релациите се опишувани како „добри“, „особено добар квалитет“ па дури и како „блиски и пријателски“.  Како го објаснувате  ваквиот надолен тренд во  германско –македонските односи ? Кнап:  Во однос на ова,  Ве молам да се обратите до Германската амбасада,  бидејќи таа е надлежна за  политичките прашања. Како Германска стопанска комора во Република Македонија наша главна преокупација  е  стопанството и деловна соработка. Во однос на економијата и прашањата поврзани со стопанството  можам да кажам дека во последниве години имаме позитивен тренд тоа особено се однесува на трговската размена меѓу двете земји.  Билатералната соработка  последниве  години бележи само зголемување, пособено  во 2015 година  извозот кон Германија драстично е зголемен. Фактор: Дали политичката криза влијае врз бизнис климата  и колку   компаниите  со доминантен германски капитал  се задоволни од условите  кои им ги нуди државата? Кнап: Се разбира дека германските инвеститори во земјава со особено внимание  го следат развојот на  состојбата во Македонија.  Би сакал да нагласам дека во моментов ниту од страна на владејачката партија ниту од опозицијата, ниту од граѓанските невладини организации има некаква тенденција која што  алудира на тоа дека имаат нешто против странските инвестиции. [caption id="attachment_214245" align="aligncenter" width="618"]1DSC_0155 Според мене, не е поентата само вие да придобиете странски инвеститор да дојде во Македонија. Она што е пред се’ важно е тој инвеститор да го задржите да остане тука[/caption] Воопшто нема  тенденција  дека некој би сакал во Македонија да направи стопанска изолација. Се разбира дека од  суштинска  важност  е стабилноста на земјата,  да имаме стабилна политичка сцена е важен предуслов во градењето на  позитивниот имиџ за државата. Фактор:Неодамна Германската стоапнска комора објави истражување за деловма  клима во Македонија. Во кои области  беа детектирани слабости а во кои  е направен прогрес ? Кнап: Се’ што е поврзано со државата, односно  работата на јавната администрација,   функционалност на институциите, јавните набавки,  правниот систем  се  нотирани со  лоши оценки. Позитивни се оценките   кои се поврзани со човечкиот фактор, работливоста на луѓето, нивната лојалност, посветеноста во извршувањето на работните обврски во компанијата  во која работат. Фактор: Сметате ли дека во Македонија има доволно квалификуван и обучен кадар кои може да одговори на барањата на германските компании? Кнап: Она што е чест проблем во источна и јужна Европа  тоа е квалификацијата на кадарот кои што би работел во средниот менаџмент. Во Македонија во однос на тоа да се најде  персонал на високите менаџерски позиции во германските компании коишто тука отвараат  фирми-ќерки не е проблем бидејќи во Македонија имаме добро едуциран кадар  кои што излегува  од Универзитетите. Меѓутоа, имаме проблем со оној кадар  кои би се нашол во средниот манеџмент,  поточно фалат оние стручни квалификации. Во Македонија има недостиг  од стручно едуциран кадар и такви профили  на луѓе. Фактор: Дали од страна  германските компании  има навестување за повлекување или  дислоцирање на  инвестиции од Македонија ? [caption id="attachment_214244" align="alignright" width="303"]1DSC_0103 Се разбира дека од суштинска важност е стабилноста на земјата, да имаме стабилна политичка сцена е важен предуслов во градењето на позитивниот имиџ за државата.[/caption] Кнап: Засега нема најава  за  повлекување на германските инвеститори од Македонија. Во моментов не би сакале да говориме за нови германски   инвестиции во Македонија.  Фирмите само проценуваат кога и каде ќе инвестираат. Во овој момент  може само да се говори за проширување на постоечки капацитети.  Според мене,  не е поентата само вие да придобиете странски инвеститор да дојде  во Македонија. Она што е пред се’ важно  е тој инвеститор да го задржите да остане тука, бидејќи меѓу другото  комапнии со вработувањата на луѓе  допронесуваат и за намалување на стапката на невработеност. Често пати големите инвеститори носат одлука за проширување на својата инвестиција.  Во однос на овој  сегмент важни не се стопнаските услови кои се нудат на инвеститорите туку и целокупното опкружување во земјата,  бидејќи со  евентуално нова инвестиција  би значело отварање на уште една фабрика а со тоа  и дополнителни вработувања. Важно е да се задржат инвеститорите и тие да инвестираат што повеќе во вашата земја,  а не да донесат одлуката да си заминат.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?