26 Април, 2024
0.0297

Интервју Медарски и Калинов: Електроелемент ги руши бариерите во малопродажбата

Објавено во: Интервјуа 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Седум маркети за седум месеци отвори „Електроелемент“, а планот за годинава е да се отворат уште четири нови. Компанијата која е во експанзија во послединот период се наметна како сериозен играч на пазарот на големопродажба и малопродажба на производи за дом, градина, ентериер, мебел, бања, расвета, греење, подни облоги, домашен и професионален алат, бои и лакови, цвеќе, бела техника....  Во разговор за Фактор, Александар Медарски, директор за развој и проширување на малопродажната мрежа и Иван Калинов, директор на малопродажба на компaнијата „Електроелемент“ велат дека во моментов нудат над 70.000 артикли во нивните маркети. Тие се еден од најголемите вработувачи, иако, како што велат моментно во земјава е тешко да се најде кадар за работа.

Фактор: Брендот Електрометал постои 70 години. Како се развиваше, од што беше детерминиран растот?


Медарски: Концептуално фирмата постои од 1949 година меѓутоа како компанија за трговија исклучиво на големо. Со текот на времето како се менуваат светските текови и потребите на потрошувачите така се менува и начинот на дејствување на компанијата. Денес, работиме и  малопродажба со ист интензитет и квалитет се со цел да бидеме во директен контакт со купувачите. Располагаме со преку 70 000 произовди што е уште една причина повеќе за се поголоемо развивање на малопродажбата, место каде може да им го покажеме цело портфолио на потрошувачите

Калинов: Компанијата Електрометал за време на Југославија се занимава исклучиво со  големопродажба и била една од најуспешните компании. Во тој период отвора само еден маркет во овој круг овде, кој се занимава со бела техника, домаќинство и сите останати бранши што е далеку од целото, портфолио, бидејќи е невозможно да се претстави во еден маркет. Се тоа трае до 2004 година.  Истата година Електрометал е купена од Електрoелемент.  Во 2008 година Електроелемент ги спојува фирмите во една групација, со тоа што брендот Електометал го задржува само за малопродажните објекти а Електроелемент продолжува да ги опслужува големите потрошувачи и трговците.  

Посериозно ширење на малопродажната мрежа почнува во 2015 година. Во Скопје се отвораат дополнителни две локации во Ѓорче Петров и Тафталиџе, а во 2016 и во Центар како локација, и тој процес на ширење во Скопје продолжува и во наредните години и тоа 2018 кај Сити Мол и на уште две локации Чаир и Драчево. Со тоа е заокружен процесот на ширење во главниот град.

Фактор: Каква е вашата позиционираност на пазарот и како го оценувате тој пазарен сегмент во моментов?

Медарски: Наша цел е да се покрие цела територија на Македонија, да бидеме секаде присутни и препознатливи.  Според бизнис планот оваа година треба да отвориме уште четири нови маркети и тоа во Струмица, Кочани, Куманово и во Охрид.

Во 2020 година ќе отвориме уште  8, со што ќе да бидат опфатени и помалите градови.  Со тоа би требало да го затвориме процесот на ширење и потоа да се фокусираме на зацврстување на позицијата на пазарот, јакнење на мрежата, подобрување на услугата во секој поглед, испорака до дома, монтажа , купување он лајн итн. 


Калинов: На ниво на Скопје компанијата држи 30 отсто од маркет шерот. Тоа е статистика која пред некој ден ја извадивме. Треба да напоменеме дека според бизнис планот поделени сме на две девизии, тоа се два концепта на маркети едните се големи маркети од голем формат кои се од 1000 квадрати па нагоре, во кои има асортиман од целото нашо портфолио. А во вториот дел се маркети кои имаат до 200 квадрати и кои имаат помал асортиман . Во Скопје, три се големи маркети, три се мали,  а низ Македонија се отвараат од типот на помали, како идеа за почеток. Не сакаме да се залетуваме со големи маркети, бидејки според моменталната економска не сакаме да се изложуваме на големи ризици.

Фактор: Во услови на економски предизвици на земјата, какви се вашите очекувања, планови, во аспект на регулатива, конкуренција.  Вие сте фокусирани на раст со нови маркети?

Медарски: Ние имаме зацртани планови за раст и проширување и многу не не засега конкуренцијата иако ја следиме. Посебно не надвор од Скопје, а овде имаме три големи конкурентни, меѓутоа правецот е направен, цените се знаат, попустите се знаат, се знае кога оди флаер, кои произовди се застапени со какви цени, што се рекламира, така што ние ги следиме нашите планови не се оптоваруваме многу со конкуренцијата. Надвор од Скопје и нема таков тип на маркети, ние сме единствени, барем што се однесува до големината и асортиманот.  Повеќе бранши застапуваме во еден маркет, што не е типично за пазарот.

Се што ви е потребно да направите во еден дом, или да реновирате можете да најдете во нашите маркети. Она што во моментот  го нема во одреден маркет, а го има во флаер кој излегува еднаш а некогаш и два пати месечно,  може да се порача и се добива во текот на истата недела. Располагаме со сопствен транспорт и испорачуваме до пред домовите на потрошувачите во зависност од габаритот на робата.


Фактор: Кои се преформансите на компанијата, какви се резултатите. Најавувате проширување, нови вработувања.

Калинов: Минатата година ја завршивме успешно, односно во позитива. Годинава првиот квартал исто би можел да се пофалам дека бројките се добри. Сето тоа изискува еден напор затоа што сепак не не засега многу конкуренцијата, ние многу повеќе обрнуваме внимание на асортиманот и услугата во маркетите и сето тоа ни дава резултати. Тешко е да се бориш во овие услови, затоа што, знаете како со текот на годините онаа средна кошница која се намалува. Сумата се намалува и тука треба да бидеш многу голем експерт за да знаеш што ново да донесеш, асортимански како да ги заинтересираш купувачите за да нели сепак се оддржи таа средна кошница во самиот маркет. Да го зголемиш бројот на продукти кои се купуваат. Затоа што очигледно дека со економската криза и куповната моќ на луѓето се намалува или пак се пренасочуваат на некои други продукти кои не се од нашата бранша и се повеќе за имиџ.

Фактор: Конкретно на што се фокусирани во моментов. Како економската ситуација влијае на компанијата? Колку сте слободни да вложувате, да вработувате

Мeдарски: На запад не влијаат овие фактори, кај нас не е така. Пример, едни претседателски избори влијаат на продажбата и воопшто на купувањето, тоа е повеќе психоза, не е народот дали има пари, туку каква ќе биде иднината. Сетоа тоа влијае на позитивното расположение коешто на нас ни е потребно за шопинг. Ние сега, веќе се среќаваме со еден друг проблем, а тоа е  наоѓање кадри. Цело време имаме потреба од млад потенцијал и кадри од долно ниво, среднониво како и менаџмент. Многу тешко наоѓаме луѓе, имаме отворени конкурси за работа, но многу малку апликанти за работа.

Ако споредам од пред 7-8 години колку луѓе сме имале на еден конкурс, сега тоа е една третина. Веројатно шансата ја гледаат повеќе на запад од повеќе причини. Меѓутоа тој проблем е на државата, не е проблем на Електоелемент како фирма, иако и нас не засега и тешко наоѓаме кадри за работа. Така динамиката на  ширење што ја планираме  е условена и од приликите во државата.

Фактор: Го промовирате концептот на мега-маркети - Центар за Вашиот дом, а во моментов се три такви. Што значи ова, што нудите?

Калинов: Во нашите маркети има асортиман кој ни е поделен во неколку бранши.  Има големо портфолио на производи од електрика, водовод санитарија, железарија, бои и лакови, и еден асортиман од широк спектар за домаќинство и се што подразбира тоа.  Застапници сме и на одредени ексклузивни брендови.

Медарски: Како најголеми на пазарот, ние ги држиме најголемите брендови од сите бранши и тоа:Geberit, BOSCH, Einhell, Cersanit, Philips, Hyundai и т.н.

Калинов: Она што во периодов го правиме и ни е фокус за во иднина тоа е ширење на асортиманот, затоа што Електрометал на времето бил познат на пазарот како маркет кој продава исклучиво производи кои се поврзани со  електрика, железарија и алат. Сега се насочивме на асортиман за широка потрошувачка, се што е потребно за едно домаќинство, од чаши, чинии, лажици, дури продаваме и кујни од типот на икеа систем, направи сам, производи за градина, ново во асортиманот внесовме дури и сезонски артикли од типот на новогодишни елки, лампиони, итн.  Од друга страна сакам да напоменам дека сме компанија која ги следи светските трендови, имаме една група на колеги кои работат на носење на асортиман кој е поврзан со фотоволтаици и со соларни панели нешто што ќе биде производ на иднината и мислиме дека тука во нашата држава можеме да бидеме први или лидери во тој дел. Како компанија секогаш имаме иновативни артикли не само она што е редовен асортиман.

Фактор: Кои се идните планови, каква е компаниската стратегија?

Медарски: Концептот е како што кажав поблиску до потрошувачите а тоа подразбира покривање на цела територија на Македонија, се прават детални анализи паралелно со отварањето на маркетите бидејќи  секој регион е различен сам по себе, па тоа што ќе се продава во Тетово не значи дека ќе се продава во Кочани и обратно. Има еден цел бек офис којшто работи на категори менаџмент и на продуктите кои треба да бидат воведени од еден во друг регион. Имаме планови и за ширење во соседна Србија во следните години, но моментно сме фокусирани овде. Бизнис планот се реализира според зацртаното и како што рековме за седум месеци отворивме седум маркети. Уште четири ќе отвориме оваа година.

Инаку викендов сакам да најавам, ќе им хепенинг во маркетот во Карпош 3 со 15 проценти попуст. Сите кои досега не се запознале со Електрометал, ќе имаат можност да го сторат тоа викендов кој следува, бидејќи компанијата го одбележува првиот роденден т.е. годишнината од отворањето на најголемиот маркет досега – во Карпош 3, веднаш до Skopje City Mall. Попустот е на целиот асортиман а дополнително во сабота од 12:00 до 18:00 часот ќе има хепенинг кој ќе вклучува музика, бесплатни пијалоци и храна за сите купувачи и outdoor презентација и промоција на голем дел од брендовите кои се застапени во Електрометал.

А.Т – Н.М.

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“