23 Ноември, 2024
0.0300

Интервју Мила Царовска: Ќе има повеќе пари за ранливите граѓани, ама и поголема контрола на злоупотребите

Објавено во: Економија 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе ги извлечеме најранливите категории на граѓани над линијата на сиромаштија преку покачување на надоместокот трикратно. Истовремено, преку блиска работа со примателите ќе ги мотивираме и преквалификуваме за да може да се активираат на пазарот на трудот, вели во интервју за Фактор, Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика. Новиот концепт на социјална заштита, според неа, гарантира подобар живот на ранливите групи, но тврди дека зголемувањето на паричната помош и на опфатот на граѓаните кои ја примаат нема да влијае дестимулативно за нив да не работат. Со него се прави обид да се намалат злоупотребите за примање на помошта. 

Подготвивме сеопфатна реформа која целосно ќе ги променат и подобрат системите на социјалната и детската заштита. Оваа реформа практично не е само реформа на социјалната заштита, туку целосен концепт за заштита на граѓаните и развој на пазарот на трудот. Од една страна ќе ги извлечеме најранливите категории на граѓани над линијата на сиромаштија преку покачување на надоместокот трикратно. Истовремено, преку блиска работа со примателите ќе ги мотивираме и преквалификуваме за да може да се активираат на пазарот на трудот. Ова значи дека директно ќе влијаеме на зголемување на бројот на вработливи граѓани, нешто што е голем проблем во Македонија. Откако сум на чело на Министерството за труд и социјална политика посветуваме многу внимание и на детската заштита бидејќи секое дете ни е важно. За децата на приматели на социјална помош и за децата во домаќинствата со ниски примања и за сите нив предвидуваме детски и образовни надоместоци.


КОЈ ЌЕ ДОБИВА ПОМОШ


Се воведува концептот на минимален гарантиран доход. Тоа е нешто за што од поодамна сугерираа и експертите. Како е поставен, што значи всушност ова?

Секое домаќинство коешто ги исполнува условите ќе си ја добие својата помош која ќе се пресметува согласно ризикот во кој се наоѓа. Во практика ова ќе значи дека со реформата типично четиричлено семејство со две малолетни деца ќе добива 10.600 денари гарантиран минимален приход. Истото семејство сега поради штетен закон зема за 50 отсто намалена помош и таа изнесува 3.029 денари. Оваа сума ја земаат дури 70 проценти од корисниците. Разликата што ќе ја добијат со реформата е над 7.000 денари, или зголемување од 300 отсто.

Исто така семејство од четири возрасни од кои едно е неработоспособно лице месечно ќе добива 11.700 ден.

Најавувате промени во примањата на детскиот додаток. Кој се ќе може да го добива, по колку и зошто го правите ова? Има нови опции и за образовниот додаток. Кој има право на ваков додаток?

Детскиот и образовниот додаток ќе имаат право да го користат и сите домаќинства кои земаат гарантиран минимален прихид, но и домаќинствата со минимална плата. Ова го правиме за да им дадеме шанса на нивните деца за образовен и еднаков старт како сите останати деца од семесјтвата со повисоки примања.

Со реформата тоа би изгледало вака: Секое семејство во кое има приходи од само една минимална плата од 12.000 денари, ќе добива и детски додаток и додаток за образование или ќе има месечни примања од над 15.000 денари, или 5000  денари повеќе отколку примателите на минимален гарантиран приход.

Како за споредба, детскиот додаток сега го добиваат 3.200 корисници, а со реформата ова право ќе го добиваат над 73.000 кориници. Право на образовен додаток пак со реформата ќе имаат над 64.000 корисници, а во моментот го примаат само 3.800 корисници.


ЕДУКАЦИЈА НАМЕСТО ТРОШКИ


Според најавата, реформата содржи и концепт на активација на луѓето од овие групи на пазарот на труд. Како ќе ги мотивирате? Можно ли е со поголемите примања да бидат демотивирани да наоѓаат работа и да заработуваат?

Реформата не ја правиме за да ги демотивираме, туку напротив да ги мотивираме да се активираат на пазарот на трудот, а нивните деца да ги вклучиме во образовниот процес. Фокусот на реформата е луѓето да се извлечат од сиромаштијата, а тоа е можно со гарантирани приходи, но и со стекнување вештини и обезбедување работно место. Што всушност правиме- пренасочуваме средства кон граѓаните кои се во ризик, вложуваме во нивна преквалификација или доедукација, а со вештините кои ќе ги стекнат ќе бидат понудени на пазарот на труд, оти само со работа се излегува од сиромаштија. Но, сакам да истакнам дека реформата предвидува и минимализирање на злоупотребите.

Каков ефект очекувате од оваа реформа, со оглед на тоа што во сиот изминат период системот, наместо да помагаше, дополнително во некои случаи го отежнуваше животот на овие луѓе?

Она што сакаме да го постигнеме со реформата е да го олесниме пристапот до работните места на оние кои во моментот се невработени, а се работоспособни. Исто така сакаме да им понудиме нешто повеќе од трошките кои ги добиваа изминатите десетина години, односно да им обезбедиме достоинствен живот на нашите сограѓани. Реформата не ја правиме за да постигнеме политички популизам, туку затоа што од неа има реална потреба, а тоа беше нотирано и во извештај на Европската комисија каде социјалната помош беше наведена како премногу ниска и недоволна да ги задоволи основните потреби за живот.


ГРИЖА ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО


Се чини досега изостануваше и грижата на државата кон семејствата кои примаат парична помош. Доволно ли е само да се дадат парите. Како да се справиме со другите проблеми?

Секако дека само паричната помош не е доволна. Потребна е и посветена работа на социјалните тимови, поради што веќе работиме на нивно доекипирање и едукација на Центрите за социјална работа. Со реформата се воведува и управување со случај, односно со секое домаќинство кое што е во ризик ќе работи социјален работник до моментот додека истото не излезе од ризикот. Ова е исклучително важно. Заради запоставување на системот од страна на претходната влада, наследивме огромен дефицит на квалификувани социјални работници. Секој социјален работник менаџираше меѓу 300 и 500 случаи, што е апсурдно и не им дозволува на работниците да работат со семејствата и да бидат во постојан контакт. Тоа го менуваме уште од првиот ден и постојано се вработуваат квалификувани кадри во социјаланите центри и верувам дека во догледно време ќе ја подобриме состојбата.


ДЕЦАТА ПРИОРИТЕТ

Во овој контекст, сепак,  како тече процесот на деинституционализација, со кој децата треба да ги напуштаат полека установите во кои се сместени, а за оние кои ќе останат треба да има значајно подобри услови за живот и за развој. Многу диелми отвораше функционирањето на овие институции досега, лоши примери и денеска осамануваат во јавноста. Ќе се избориме ли некако?

Се бориме и нашта борба веќе дава резултати. Процесот на деинституционализација тече повеќе од добро. Неодамна Владата ја усвои Националната стратегијата за деинституционализација која го носи името Тимјаник, а Македонија доби искрени честитки на последната сесија на Комитетот за правата за лица со попреченост во Женева за она што го има напавено досега. Бројот на деца во големи институции е намален за 33,9 отсто. Посветено работиме ниту едно дете под 18 години во Македонија да не биде сместено во големи безлични институции до 2020 година што е амбициозно, но остварливо. Сметам дека овие институции се најлошто нешто што може да му се случи на едно дете. Таму место посветеност и грижа добиваат занемарување кое пак е една од најлошите форми на насилство врз децата. Децата заслужуваат грижа, љубов, прегратка, внимание... Малите групни домови секако дека не можат да им ги заменат семејствата, но  во нив ќе се чувствуваат како во свој дом.

Се работи на актуелизација и промоција на потребата од се повеќе згрижувачки семејства. Ќе има ли некои новини?

Одзивот за згрижување на деца е многу голем, особено со актуелеизирањето на кампањата „Секое дете заслужува семејство“. Освен што го зголемивме бројот на згрижувачки семејства, многу се радувам што со оваа кампања успеавме да го преобразиме профилот на згрижувачите семејства. Ако претходно тоа го правеа социјална категорија на лица кои земаа дете на чување само заради парите, сега имаме семејства кои се добро ситуирани, но и лица од јавниот живот. Овие лица згрижуваат деца од љубов, а нивниот главен мотив е да понудат топол дом и родителска грижа. Фактот што се повеќе луѓе покажуваат интерес и грижа за ранливите категории и децата, многу ме радува. Нашите граѓани се солидарни по природа и тоа ние како институции треба да го стимулираме и да ги вклучуваме што повеќе.

Кoи се ефектите од Законот за раст на минималната плата? Ги исполни ли вашите очекувања.

Со законските измени им овозможуваме работодавците на работниците да им исплаќаат повисока плата за што добиваат поддршка од државата.

Обезбедивме и финансиска поддршка за раст на плати до 18.000 денари со која ја поттикнуваме спиралата за зголемување на платите во Македонија. Поддршката по работник изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември лани. Оваа поддршка може да изнесува, најмногу до 1.200 денари месечно по работник. Ефектите се добри на повеќе нивоа. Прво, од социјален аспект, успеавме да ја подобриме финансиската состојба на повеќе од 90.000 семејства. Второ, дирекно влијаевме на покачување на просечната плата која е зголемна за 6,5 отсто од покачувањето на минималната плата.


Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија