Интервју Милановиќ: Брзиот раст е во ДНК на Huawei, со 5G мрежата и невозможните замисли ќе се остварат
Објавено во: Интервјуа 02 Јуни, 2020
Huawei прерасна во препознатлив мобилен бренд,
втор по вкупен број на продадени мобилни телефони со многу популарни модели,
атрактивни цени и врвни перформанси и покрај влијанието на КОВИД-19 кризата. Со
Игор Милановиќ новиот менаџер за продажба на Huawei во Македонија разговаравме
за иновациите, балансирана понуда на перформанси и прифатливи цени за
корисниците. Милановиќ вели дека Huawei е компанија која работите ги прави
возможни, а со 5G технологијста која е злоупотребена во лажните вести вели дека
и работите кои сме ги сметале за невозможни во делот на хирургијата и
автономните возила ќе станат возможни. Милановиќ вели дека Huawei целосно е
посветен на иновациите и врвната услуга за корисниците, па така и полесно се
справуваат со сите видови на предизвици како што е промената на Google Play
Store маркетот на апликации со нивниот маркет Huawei AppGallery.
Фактор: Пандемијата со КОВИД-19 нанесе удар и врз мобилната индустрија, се намали продажбата на смартфони на глобално ниво во изминатите месеци, а имаше и застој во производството. Како Huawei се справува со оваа глобална криза?
Милановиќ: Кризата „Ковид-19“ погоди различни делови на светот во различни периоди. Имаме резултати од ИДЦ за глобалните пратки на смартфони во Q1 и тие покажуваат значителен пад за целокупниот глобален бизнис. Добрата вест за Huawei е што успеавме да го задржиме стабилното No.2 во глобалниот удел на смартфони со 17,8%, што дополнително го стеснува јазот со бројот еден. На кинескиот пазар Huawei дури покажува раст од 8% во однос на Q1 2019. Исто така, компанијата продолжува да ја развива својата стратегија ориентирана кон екосистемот и другите категории на производи, како што покажува огромниот раст во споредба со претходната година на глобално ниво во следните категории - над 75% кај смарт аликите и часовниците, над 150% безжичните аудио уреди и над 110% кај лаптоп уредите. Што се однесува до локалниот пазар, во Република Северна Македонија за Q1 2020 имаме дури 5% раст на приходите, така што можеме да кажеме дека и понатаму се развиваме без оглед на тешките времиња. Немавме проблеми со снабдувањето, така што нашите корисници лесно можат да го пронајдат она што го бараат. Покрај достапноста кај двата оператори,Телеком и А1, неодамна ја проширивме и нашата мрежата за малопродажба. Сега нашите уреди, покрај Нептун и Сетек, достапни се и во Техномаркет.
Фактор: Новата серија на премиум смартфони Huawei P40 како и други модели доаѓаат со обновениот маркет на апликации AppGallery. Што значи ова за корисниците кои се навикнати на маркетот на Google Play Store, ќе имаат ли пристап до сите популарни мобилни апликации, сервиси и игри?
Милановиќ: Со сигурност! Крајните корисници имаат пристап до скоро сите најпопуларни апликации и услуги. App Gallery е во Топ 3 на Глобални продавници за апликации и покажува неверојатен брз развој. Заедно со апликцијата MoreApps и AppGallery продавница, корисниците можат да бидат безгрижни дека ќе имаат пристап до сите популарни апликации. Всушност, брз раст е во ДНК-то на Huawei - ние сме релативно млада приватна компанија, започнавме во мал стан во релативно мал град и погледнете нè сега - опфаќајќи повеќе од 1/3 од глобалното население со мобилни мрежи, станувајќи стабилен бр.2 во смартфонот продажба, проширување на многу други дигитални категории, како со производите така и со услугите. AppGallery не е само „алтернативен“ пазар. Ние го градиме тоа да биде попогодно, посигурно, поповолно за крајните корисници и попрофитабилно за давателите на сосодржини.
Фактор: Како што споменавте AppGallery постојано се надградува и изборот на апликации ќе расте. Каква е состојбата со изборот на македонски апликации кои македонските корисници најчесто ги употребуваат, ќе има ли директна поддршка и за нив?
Милановиќ:
Достапноста на локалните апликации
е една од главните фокуси во развојот на екосистемот AppGallery. Ние имаме придобивка што имаме локална
канцеларија овде и што комуницираме директно со локалните даватели на содржини
и можеме да им помогнеме да се приклучат на AppGallery. Почнавме да продаваме
телефони базирани на AppGallery пред само 2 месеци, но веќе имаме некои од
најпопуларните апликации од секоја категорија - како деловно ориентирани Mojot A1, Neptun Makedonija и m-banking
од Стопанска банка, еко-ориентиран AirCare
- Квалитет на воздухот. Во многу брзо време очекуваме и сите останати да придат
прикачени, особено оние кои се во делот на банкарските апликации.
Фактор: Huawei наметна сериозна конкуренција со широката палета на смартфони. Каква е положбата на македонскиот пазар, кои канали на продажба ги додадовте и кои модели се најактуелни?
Милановиќ: Македонскиот пазар е многу специфичен. Нашиот пристап е да се фокусираме на одличната услуга за клиентите и да ги прошириме нашите партнери за малопродажба. Во текот на оваа година , крајните потрошувачи може да очекуваат и нови производи, досега недостапни за нашиот пазар, како што се лаптопи и нови смарт уреди.
Што се однесува до моделите, ги покриваме сите ценовни сегменти и со самите производи сме особено горди и можеме да се пофалиме дека имаме раст во hi-end сегментот. Во моментов , најактуелни модели се уредите од најновата P40 сесерија.
Фактор: Huawei е силен промотор на прифаќањето на 5G мобилната технологија. За жал изминатиот период истата беше искористена за ширење на лажни вести поврзани со корона вирусот. Што презема Huawei за едукација на корисниците и што всушност ќе донесе 5G мрежата како придобивки за модерниот комуникациски свет?
Милановиќ: Во последно време, темата 5Г носи до заблуда кај голем дел од нашето население.
За да не дојде до заблуда и да навлегуваме до детали, само ќе ја објаснам дефиницијата.
5G мобилната технологија се темели на 3 главни столба - многу брза врска, сигурна и ниска латентност и голема густина на конектирани уреди.
Што ова точно значи објаснуваат и експертите.
Латентноста е екстремно ниска, што е клучно за самоуправувачките возила, хирургија од далечина и сл. 5Г сигналот како и сигналите на другите технологии, е според правила на зрачење , со моќност во рамки на дозволеното и на фрекфенции кои веќе се користат од други технологии , како на пример Wi-Fi , 2G ,3G ,4G, WiMax и други кои се во спектарот на не јонизирачко значење. Не е само „новата 5Г мрежа“, таа има потенцијал да донесе во нашите животи работи кои до сега се сметаа за невозможни. И како нашиот слоган на компанијта (Make it possible), ние ги правиме работите вовозможни.
Фактор: Македонските мобилни оператори веќе ја тестираат 5G мрежата и во Македонија, па најверојатно некаде следната година истата ќе биде пуштена во употреба. Имате ли проекции како ќе се одвива адаптацијата со новите стандарди, и каква ќе биде понудата на Huawei со 5G смартфони во сите ценовни класи?
Милановиќ: Што се однесува до смарт телефоните, ние веќе продаваме 5G модели во Македонија, како што е P40 Pro. Глобално, испорачавме преку 8 000 000 единици само во Q1 2020 година. 5G мрежите се веќе реалност во некои земји. Што се однесува до 5G во Македонија, прашањето е до операторите. Ние ја имаме технологијата, но имплементацијата на 5G не е игра само за еден играч. Ти треба тим.
Фактор: Што може да очекуваме следно од Huawei, ќе го одржите ли досегашниот баланс на атрактивни перформанси со прифатливи цени на моделите во сите класи, од премиум до основната класа на смартфони и што може да очекуваат македонските корисници?
Милановиќ: Проширување на портфолиото - како за самите смарт телефони, така и за сите други производи. Во Huawei сме силно ориентирани кон клиентите, затоа се бориме да го обезбедиме она што луѓето го бараат, што е можно побрзо, со најдобра целокупна услуга и корисничко искуство. Задоволството на крајните корисници од нашите производи и услуги, ни дава уште поголем мотив да бидеме се подобри и да ги надминеме нивните очекувања.
Фактор: Од неодамна сте промовиран за нов менаџер за продажба на Huawei. Како е да се работи за светски гигант, кои се предизвиците кои ги носи ваков вид на компанија?
Милановиќ: Повеќе од 5 години сум дел од оваа интернационална компанија, и можам слободно да кажам дека низ мојата кариера ги поминав речиси сите степени низ компанијата.
Започнувајки од малопродажниот дел како специјалист, а подоцна и како менаџер за малопродажба, успеав подетално да го запознаам нашиот пазар. Во последната година ја добив и новата работна позиција која претставува вистински предизвик за мене.
Можноста за договарање со сите партнери, во име на самата компанија претставува вистинска можност за мене, да ги покажам своите менаџерски способности, и притоа да ги надградам истите. За крај би ја споделил и мојата мисла со која се водам а таа е “Доколку вашите соништа не ве заплашуваат, тие се премали за вас“☺.
Х.С.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.