24 Ноември, 2024
0.0316

ИНТЕРВЈУ НЕДАНОСКА: Новите сметки од Охридска банка во Шпаркасе банка ќе функционираат од понеделник, нема можност за „заталкани“ уплати

Објавено во: Економија 16 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Финализира присоединувањето на Охридска банка кон Шпаркасе Банка Македонија, процес кој со сите процедури траеше еден подолг период, но е сепак прв од ваков вид во банкарската историја на земјата. За тоа какви промени се случуваат во моментов, во интервју за Фактор открива Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор на Охридска банка. Во моментов физичките и правните лица треба да ги информираат работодавачите или клиентите и соработниците за промената на сметките. Неданоска вели дека секој кој што ќе треба да изврши плаќање на старата сметка на клиентите, било да е тоа на шалтер во некоја банка, или преку електронски канали на плаќање, ќе добие порака дека таа сметка не постои. Со оглед на тоа, додава, клиентите не треба воопшто да се грижат дека нивните средства би се изгубиле некаде доколку некој треба да им уплати одреден износ.

Има ли какви било предизвици со кои се соочуваате пред да заврши сиот процес?

Неданоска: Преземањето на Охридска банка од страна на групацијата Steiermarkisse Sparkasse се случи во ноември 2019 година. Уште од тогаш започнаа процесите прво на интегрирање на Охридска банка кон Групацијата и имплементација на сите групациски правила и стандарди, а паралелно се одвиваше и процесот на интеграција на двете банки на локално ниво Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка. Речиси две години траеше овој процес што е и разбирливо имајќи во предвид дека е и единствен до сега во Р.С. Македонија, системски значајни банки да се спојуваат во една. При тоа мора да имаме во предвид дека овој процес се случуваше и во време на светска здравствена пандемија, со воведени мерки за заштита, со колеги кои беа и во изолација, но сето тоа беше успешно надминато и намаше никакви задоцнувања во однос на планираното.

Тоа секако носи големи предизвици на различни нивоа: технички имплементации и усогласувања, предизвици кај вработените и секако што е најбитно и на страна на клиентите. Со оглед на тоа дека за нас клиентите се навистина во фокусот на вниманието, особено сме посветени промените што се случуваат да немаат значаен импакт на клиентите, односно што поглатко да се помине овој процес.

Во моментов сме веќе во завршна фаза и се преземаат последните финални активности со кои ќе се осигура дека овој навистина комплексен процес ќе се заврши успешно и веќе од понеделник ќе функционираме како една поголема, помоќна банка на пазарот која ќе биде спремна да ги исполни барањата на клиентите, но и да ги надмине нивните очекувања.

Инаку, предизвици има на сите страни, секој еден во тимот мора да си ја заврши својата задача, за да може колегата да продолжи со други свои активности. А менаџментот исто како диригентот во филхармонија,  мора да осигура дека на крај иако секој индивидуално ќе ја отсвири својата мелодија, ние ќе добиеме една усогласена хармонија пријатна за сите.

Она што произлезе на крајот на присоединувањето е промената на денарските и на девизните сметки на сите клиенти на Охридска банка. Ве прашувам кои се обврските на клиентите во однос на тој процес?

Неданоска: Клиентите на Охридска банка уште пред повеќе од еден месец беа информирани дека ќе следи промена на нивните сметки. Согласно важечката законска регулатива на денот на спојување на банките, броевите на сметките на клиентите во Охридска банка мора да се променат и старите броеви со носечки број 530 нема да бидат во функција, но активни за користење на клиентите ќе бидат новите броеви на сметки. Со оглед на тоа, единствена активност на клиентите е тоа што ќе треба да ги информираат своите партнери, работодавачи и останати ентитети од кои очекуваат приливи за таа промена на сметката. Тука би потенцирала дека физичките лица треба да го информираат својот работодавач за променетата сметка при следна исплата на плата. На страна од тоа, клиентите немаат никаква друга обврска спрема банката и никакви дополнителни активности кои треба да ги преземат.


Кога практично ќе бидат активни новите сметки и дали во периодот кога тие ќе бидат отворени може да се функционални и старите сметки? 

Неданоска: Новите сметки на клиентите ќе бидат активни започнувајќи од понеделник 19.07.2021 со започнување на работниот ден. Со тоа како што веќе напоменав старите сметки се згаснуваат и нема да бидат во функција. Секој кој што ќе треба да изврши плаќање на старата сметка на клиентите, било да е тоа на шалтер во некоја банка, или преку електронски канали на плаќање, ќе добие порака дека таа сметка не постои. Со оглед на тоа, клиентите не треба воопшто да се грижат дека нивните средства би се изгубиле некаде доколку некој треба да им уплати одреден износ.

Дали ова е дополнителен предизвик за компаниите особено, кои треба кон сите свои партнери, клиенти, соработници, а и во сите институции да известуваат за промената на сметката?

Неданоска: Па јас не би рекла дека е некој голем предизвик. Секако дека компаниите треба да ги информираат партнерите за промена на сметката, но тоа не е некој нов или непознат процес. Верувам дека клиентите веќе имале такви ситуации кога од различни причини можеби некогаш отвориле нова сметка во иста или друга банка. Сето тоа во денешно време е и многу поедноставно преку електронските канали на комуникација. Од контактите кои секојдневно ги остваруваме со нашите клиенти до сега немаме добиено поплаки во врска со ова и веќе гледаме примери кај што компаниите успешно го менаџираат овој процес и нивните партнери веќе се информирани за промените.  Ние секако сме достапни и на нивно располагање 24 часа за сета поддршка што треба да им ја дадеме со што секако максимално ќе им го олесниме овој процес.

Што ќе се случи со веќе креирани фактури кои не се исплатени, а на кои е старата сметка, со оглед на тоа што, како што е познато, понекогаш исплатата доцни и по неколку месеци?

Неданоска: Лично верувам дека компаниите имаат релации со своите партнери и дека навремено ги информираат за промените што се случуваат. Со оглед на тоа, убедена сум дека и оваа промена навремено ќе биде искомуницирана и оној што треба да ја плати фактурата ќе ја добие сметката на која треба да се изврши плаќањето. Секако доколку некој ја пропуштил оваа информација, во моментот кога ќе се обиде да го изврши плаќањето ќе добие информација дека таа сметка не постои, па ќе може да направи соодветна корекција. Секако, тука уште еднаш ќе потенцирам дека не може да се случи овие средства што се уплаќаат да „заталкаат” некаде, бидејќи тоа системите не го дозволуваат.


Што треба да сторат од друга страна физичките лица? Што им се менува нив?

Неданоски: Ниту физичките лица немаат никаква обврска спрема банката во смисла на препотпишување на договори. Она што е нивна обврска е само да ги информираат нивните работодавачи за променетата сметка. Пензионерите, пак, ќе продолжат да ги добиваат своите пензии на новите сметки и не треба индивидуално да го доставуваат новиот број на сметка во ПИОМ, бидејќи сите потребни активности ќе ги спроведе банката по службена должност.

Сите наши клиенти, физички лица, треба да знаат дека може без никакви ограничувања ќе можат да располагаат со нивните сметки, кредитни и дебитни картички и електронски канали.

Повторно и за нив на располагање се нашите посветени вработени кои се спремни во секој момент да помогнат секогаш кога тоа ќе го побараат клиентите.

Од друг аспект на работењето, дали остануваат сите стари односи со клиентите на Охридска банка – камати за исплатени кредити, депозити? Дали и какви промени ќе има?

Неданоска: Се што до сега е договорено со клиентите останува во важност и понатака. Во новата Шпаркасе Банка клиентите ќе продолжат да ги користат сите бенефити кои и до сега ги имале од соработката со Охридска банка.

Посветени сме на задржување на односите кои со години се градени со нашите клиенти.

Она што може да го ветиме е дека сите промени кои ќе следат ќе бидат во насока на подобрување на квалитетот на производите и услугите кои ги нудиме, на унапредување на односите кои сакаме долгорочно да ги градиме со нашите клиенти, а сето тоа базирано на слушање и разбирање на нивните барања и потреби. Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе покаже и докаже дека ние секако постоиме за и заради клиентите.

Каков квалитет според вас носи ова присоединување?

Неданоска: Кога две успешни и квалитетни банки ќе се спојат во една, секако дека успехот е неизбежен. Дополнително што зад нас стои една од најсилните интернационални групации Ерсте и Шпаркасе, со долгорочна над 200 годишна традиција. Тука е и стручниот и сплотен тим од двете банки кој докажа дека и во вонредни пандемиски услови може да создаде една голема и моќна Шпаркасе Банка Македонија. Со ваква основа, клиентите можат да очекуваат позитивни промени во нивна корист, како што се зголемување на бројот на експозитури и банкомати, проширување на понудата на производи и унапредување на квалитетот на услугите со конкурентни услови, нивна побрза дигитализација и брза и лесна достапност, а воедно и навремен и квалитетен одговор на сите нивни барања.

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?