19 Декември, 2025
0.0469

Интервју Никола Андонов: „АЛМАК“ Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МЕБЕЛ ВО РЕГИОНОТ

Објавено во: Економија, Мои пари 24 Март, 2021 12:42

Добивај вести на Viber

Струмички „Алмак“, кој се занимава со производство на мебел, неодамна го отвори својот четврти „Home by Almak“ салон, овојпат на локација во Скопје. Од мал семеен погон - до најсовремено опремен производствен капацитет и продажни салони по европски стандарди - „Алмак“ е стана една од најуспешните македонски приказни во делот на производството на мебел. За тоа како стартуваше, но и како се развиваше оваа успешна компанија, разговараме со нејзиниот прв човек, Никола Андонов. 

Како почна приказната на Алмак? 

Андонов: Далечната 1992-ра година, тројца членови на моето семејство почнуваат да се занимаваат со поправка на мебел. За многу кратко време, нашиот мал погон стана препознатлив за голем број струмичани, исклучително поради квалитетот во работењето. Во меѓувреме, водејќи се од основната идеја за сопствено производство, беа разгледувани различни типови мебел кои во тоа време и во такви услови на работа беше можно да се произведат.

Вложувајќи многу ентузијазам и труд, по изработката на првите прототипови, нашата мала компанија ангажира десетина стручни лица кои веднаш се вклучија во процесот на производство, по што ги испорачавме првите парчиња мебел на пазарот.

За многу кратко време ги зголемивме капацитетите на производство, верувајќи во тоа дека доколку испорачуваме квалитетни производи, и ние и пазарот ќе бидеме задоволни.

Континуираниот развој и инвестиции во модерни технологии во 1998-ма година нè доведе до остварување соработка и извоз кај гигантот за мебел на Балканот, „Леснина“, која ги продаваше нашите парчиња мебел во Хрватска и во Словенија.

Сонот на мојот дедо, впрочем сонот на нашето семејство почна да се остварува во 2000-та година кога „Алмак“ ги отвори модерните погони за производство на мебел на површина од 4.000 м2, а компанијата набрзо потоа ангажираше стотина нови вработени.

Успешната продажба на домашниот пазар и зголемениот извоз, во 2012-та година нè поттикна да отвориме нов производствен погон за гарнитури, троседи, лежаи и душеци на површина од 6.000 м2, уреден по сите европски стандарди и нормативи.

Желбата за развој на нашата компанија не стивна, односно во 2017-та година на површина од 3.000 м2 отворивме нов погон за производство на ултра модерни душеци со висок квалитет. Тоа го постигнавме со користење на најмодерна технологија во производството на душеци и лансиравме сопствен асортиман под брендот „Dream by Almak“, со кој гарантираме квалитетно спиење.

Развојот на „Алмак“ освен во производство го гледавме и во отворање на сопствени салони за мебел, па така во 2013-та година на површина од 5.500 м2 го отворивме нашиот прв салон за мебел, во Струмица.

Успехот во малопродажбата создаде потреба за отворање на уште два продажни центри, во Кавадарци во 2018-та и во Велес во 2020-та година, на површина од 3000 м2.

Продорливоста на „Алмак“ на домашниот и странските пазари се основа на високиот квалитет на производите, па така „Алмак“ извезува во сите земји во Европа, а воедно сметам дека е голем успех што македонска компанија оствари извоз и на пазарите во Јужна Америка.

Според сите параметри на производството и продажбата, Алмак во последните години прерасна во еден од најголемите производители на мебел во регионот.

Иако во еден многу тежок период на делување и живеење предизвикан од пандемијата со Ковид, „Алмак“ одлучи да ги понуди своите производи на потрошувачите во Скопје, па така овој месец го отвори најновиот и најмодерниот салон за мебел во главниот град, уреден според европските стандарди за продажба на мебел. Зошто нов салон во Скопје? 

Андонов: Салон во Скопје за компанија како што е нашата е нешто што мора да се има. Јас како менаџер за продажба во „Алмак“, но и целата компанија, имавме голема желба нашата понуда да биде достапна до потрошувачите во Скопје и околината. Можеби требаше порано да се донесе ваква одлука, но сметаме дека веќе го имаме потребното искуство во малопродажбата и чувствуваме подготвеност за настап на пребирливиот пазар во Скопје. Главната одлука за отворање на „Алмак“ во Скопје ја донесовме во моментот кога се создадоа услови за изложување на нашите модели во ултрамодерен простор, уреден според европски стандарди. Скопскиот регион е голем пазар, но ние сме подготвени да одговориме со брза достава на производите, што секако ги прави нашите клиенти задоволни. Салонот се наоѓа на ул. Перо Наков 108 а, на површина од 2000 м2.

Македонски мебел со европски квалитет е една од првите асоцијации за Алмак.  Што значи ова од Ваша перспектива? 

Андонов: И покрај сложената економска состојба и тешките услови за развој на бизнисот, не само во Македонија, туку и во светот, ние се трудиме да произведеме и дистрибуираме производи кои имаат европски квалитет и истото го правиме повеќе години за што доказ е застапеноста на нашите производи во европските земји. Целиот наш мебел е произведен во Струмица, користиме најсовремена технологија и обучен и врвен кадар без кој нема да бидеме во можност да го гарантираме квалитетот кој го испорачуваме. 

За производите да ги задоволат најстрогите европски стандарди, мора да бидат изработени со помош на најсовремена технологија, од страна на тим кој постојано ги следи технолошките иновации. Колку е тешко тоа да се прави во македонски услови? 

Андонов: „Алмак“ е извозно ориентирана компанија, но за да бидеме во можност да пласираме производи на европските пазари мораме да ги исполниме европските стандарди и да гарантираме за квалитетот на производите. Целиот процес на производство на тапацираниот мебел и душеците се одвива со користење на модерна технологија која овозможува брзина во работењето и го овозможува квалитетот на финалниот производ. Производството се одвива во компјутерски контролиран процес, со CNC машини кои не дозволуваат грешки во кроењето на дрвото, иверката, сунѓерот, штофот и шиењето. Овој процес е следен од тим на стручни лица со повеќегодишно искуство кои користејќи ја модерната технологија испорачуваат производи со врвен квалитет. 

Колку e важно да се следат трендовите кога станува збор за дизајнот на мебел со цел функционалноста и квалитетот на изработка да се заокружат со одличен изглед? 

Андонов: „Алмак“ ги следи светските трендови кога станува збор за дизајн. Токму тоа нè прави конкурентни, не само во нашата земја, туку и низ цела Европа. Следењето на европските трендови, прави да сме чекор пред конкуренцијата на домашниот пазар. За да се заокружат квалитетот, функционалноста и дизајнот, мора секојдневно да се следат трендовите во мебелот, но и потребите на потрошувачите, бидејќи тие го имаат последниот збор при изборот на парче мебел за нивниот дом. Нашиот успех лежи во тоа што ние нудиме висок квалитет и модерен дизајн за цена прифатлива за просечниот македонски потрошувач. 

Што го издвојува Алмак од останатите производители во регионот? 

Андонов: Слободно можам да кажам дека „Алмак“ е еден од најголемите производители на мебел на Балканот. Впрочем, ние сме најдобро организирани во производствениот процес и во трговијата. Ние не штедиме кога е во прашање дополнителна инвестиција или набавка на нова опрема и се стремиме секогаш да сме рамо до рамо со најпознатите европски производители во смисла на дизајн, технологија и опрема која го гарантира квалитетот на производите. Во моментов „Алмак“ има 300 вработени, распоредени во три производствени погони на површина од околу 15000 м2.

Што вели статистиката, со кои парчиња мебел поттикнавте најголем интерес изминативе години? 

Андонов: Најголем интерес на домашниот и странскиот пазар будат производите од линијата „Алмак“, која вклучува гарнитури за седење, троседи, двоседи и фотељи со различен дизајн и форма. Со овие производи сме најпознати на пазарот бидејќи нашите дизајнери и технолози во нив внесоа огромна доза на естетика, функционалност, практичност и издржливост за кои овозможивме идеален спој меѓу квалитетот и цената. Во последниот период голем раст бележиме во производство и продажба на „Boxspring“лежаите и душеците „Dream by Almak“ кои веќе се дел од домовите на голем број на семејства. Нашите клиенти ги препознаваат и ги ценат нашите брендови.“

Кои се вашите аспирации и идни планови за развој и инвестиции?

Андонов: Секојдневно напредуваме во сите насоки. Како во производството, така и во малопродажбата. Планираме да ги зголемиме постоечките капацитети на производство, но и да отвориме уште поголеми и помодерни салони за мебел во целиот регион. Стратешки сме добро поставени, препознатливи во широки рамки и сметаме дека сме доволно конкурентни за градење на успешна приказна и на странските пазари. Ние сме македонска компанија, така сакаме да се промовираме и во странство.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии