ИНТЕРВЈУ ПАНЧЕВ: Со полтрони и послушници ништо не бива, време е за промени!
Објавено во: Економија 13 Март, 2016 08:23
Во дресот на Вардар[/caption]
Панчев: Прво би виделе во каква состојба е ФФМ, второ федерацијата не е само за да функционира и да биде сервис на фудбалските реперезентации, таа има и посериозна задача. Прва задача е да се поправи домашната прва и втора фудбалска лига. Лигата е многу лоша состојба и мора да видиме што треба да се прави, а повеќе од сигурно е дека состојбата мора да се поправи. Исто така и работата во школите со младинските категории, поради што имаме недостаток на голем број на таленти.
Фактор: Значајни фудбалски имиња се зад вас, но како и за се во државава, така и во оваа иницијатива има и контра вас?
Панчев: Се чини стана вообичаено овде за се нешто да има контра, но нејсе. Нашата перцепција за фудбалот, како фудбалска игра, а верувам дека и на љубителите е дека фудбалот кај нас е во очајна состојба. Можеби има и такви кои сметаат дека фудбалот кај нас е добар. Сепак, сметам дека најголем дел од целокупната јавност е на страна на тие кои сметаат дека фудбалот е во очајна состојба.
Македонските фудбалски легенди, тренери, поранешни селектори, спортски работници со проглас „обединети за фудбалот“ кренаа глас и ја започнаа иницијативата за спас на македонскиот фудбал. Членови на оваа група се некои поранешни и сегашни фудбалски работници, тренери како: Ѓоко Хаџиевски, Мето Спасовски, Мирсад Јонуз, Драган Томовски, Никола Илиевски - Џиџи, Ангел Бунгуров, Методија Спасовски..
Фактор: Најавивте дека имате комуникации со УЕФА, особено што вие бевте дел од европската и светска фудбалска елита?
Панчев: Да имаме комуникација. Во принцип, сите они го штитат федерациите, тоа не е спорно, но тоа не значи дека тие не следат што се прави. Ние, како иницијатива имаме техничка служба која следи се и документира и сите махинации кои се прават во ФФМ се препраќаат до европската куќа на фудбалот. Така што, во одредена ситуација сигурно ќе ги опоменат фудбалските власти во земјава. Кога на еден Платини му бараа оставка заради еички кодекс, зошто да не и овде. Но, сепак и да дојде до тоа, овде Собранието гласа и може да смени претседател. Ние го знаеме тоа и постепено луѓето ќе се убедуваат дека состојбите не се добри.
[caption id="attachment_205047" align="alignright" width="432"]
Со златната генерација на Црвена Ѕвезда[/caption]
Фактор: Зошто собранието молчи?
Панчев: Ако вие имате собрание каде никој ништо не кажаува тоа не е добро. Невозможно е никој да нема никаква идеја. Ако поставувате полтрони и послушници, не е чудно да имате тоа што го имате..Тоталитаристички се води федерацијата.
Фактор: Стравувате ли од политички влијанија?
Панчев: Не. Кај нас на се дава политички контекст, но овде нема политика. Ние овде сакаме да работиме, добродеојдени се и политичари и бизнисемни кои скаат да помогнат. Било која власт да е, ние мора да соработуваме со нив. Таа спрега не може да се уништи.
Дарко Панчев е роден е на 07 септември 1965 година во Скопје. Дете на Вардар. Како голгетер, Панчев ги радуваше вардарци, подоцна звездашите. Беше и остана идол на илјадници Македонци. Тој е еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Фудбалер на 20 век, „златната копачка" на Европа од 1991 година, светски и европски првак со Црвена Звезда..
За иницијативата „Обединети за спас на фудбалот“, Панчев вели - да бевме на Европско првенство немаше да има иницијатива. Целта е да се спасиме од катастрофата во која се наоѓаме.
[caption id="attachment_205048" align="alignright" width="427"]
Најуспешната генерација на Вардар, стигнаа и до шампионска титула во СФРЈ[/caption]
Фактор: Некои ја спорат на иницијативата?
Панчев: Кога ние сега би биле на ЕП секој може да спори, секој би рекол чекај бре, што сакаат овие? Но, сега кој да ја спори иницијативата, кога сме 140 на ранг листата на ФИФА. Се тоа паѓа во вода кога ќе ја видите очајната состојба.
Фактор: Додека младите категории на Србија се европски и светски прваци, се чини дека Македонија нема таленти?
Панчев: Ние и во младите категории имаме очајни резултати, никаде немаме ни минимум успех, но целата лоша состојба не е вина само на оваа фудбалска влада, тука на сите изминативе 15 години. И ако не промениме нешто состојбата ќе биде уште пострашна. Имаме талент за фудбал, но мора да работиме. Неопходно е да се постават вистинските луѓе, на вистинските места.
Фактор: Очекувате ли да расте бројот на приврзаници на иницијативата?
Панчев: Секој спортски работник па дури и тие кои се во Собранието на ФФМ знаат дека е очајна состојбата. Треба да си луд и слеп за да не видиш дека состојбата е катастрофа. Тие таму ќутат оти се послушници..На секого му е јасно дека фудбалот е во очајна состојба и убеден сум дека ќе расте бројот на приврзаници на иницијативата.
Фактор: Претпоставувам дека сте во контакт со соиграичите од ваше време.Имате ли контакти со звездите?
Панчев: Видете, тоа не пробелем. Контактирам редовно со Шукер, Дејо Савиќевиќ, па дури и со имиња од поголеми фудбалски држави. Не е проблем за контакт со нив, проблем е кога тоа ќе треба да го направт луѓе кои не ги познаваат.
Дарко Панчев, вели дека постепено и стратешки ќе ја тераат целата оваа работа. Се обидувам, додава тој да активирам и инволвирам големи фудбалски имиња. Мето Спасовски е убедлливо најдобар фудбалер во историјата на македонскиот фудбал, а е тргнат на страна...Па што ако има 70 години, тој секако може да помогне..Целта ми е да активирам многу врвни фудбалски имиња кои се тргнати на страна..Потребни се луѓе со авторитет, заклучи Панчев..
М.И.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




