21 Декември, 2024
0.0336

ИНТЕРВЈУ Пендаровски: Со ниедна партија не сум разговарал за кандидатура за претседател!

Објавено во: Интервјуа 03 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во Интервју пред пет години и три месеци за „Фактор“, Стево Пендаровски, универзитетски професор и поранешен советник на двајца претседатели, вели дека очекува валкана кампања во претседателските избори. Тој, сепак потенцира дека, иако е најчесто споменувано име како претседателски кандидат на опозицијата, досега нити еден политички субјект со него нема разговарано на таа тема. Пендаровски ги отфрла како неточни сите шпекулации за тоа зошто не полетал со претседателот Трајковски за Мостар. „Ден пред несреќата јас заминав за Даблин како дел од македонската државна делегација која требаше да ја предаде апликацијата за членство во ЕУ. На тој пат бев испратен од претседателот Трајковски како негов личен претставник и за тоа постои уредна писмена документација во кабинетот на претседателот. Интересно е што постојат најмалку тројца блиски советници на претседателот кои не се качија со него во авионот за Мостар, иако тој ден беа во Скопје, меѓутоа, нив никој не ги прозива од едноставна причина што беа и се високо позиционирани членови во владејачката партија “ вели Пендаровски. 

ФАКТОР Престојат претседателски избори. Дали би ja прифатиле номинацијата и кои би биле Вашите надворешно-политички приоритети?

Пендаровски: Веќе изјавив дека сите информации објавени во медиумите во врска со мое учество на престојните избори се шпекулација. До сега, на таа тема немам разговарано со ниту еден политички субјект. 

ФАКТОР Како ги оценувате јавно промовираните идеи дека треба да се бараат алтернативи со свртување кон Исток – руско сојузниство, кинеска пенетрација. 

Пендаровски: Најважно е да расчистиме за какви алтернативи зборуваме – идеолошки, политички, трговски? Идеолошка алтернатива на капитализмот денес, не постои, освен теократските држави чии што концепти никој не ги прифаќа, додека економска соработка е неопходно да имате со сите независно од политичкиот профил на конкретната земја. Русија е капиталистичка држава пар екселанс, а, Кина има повеќе милијардери од било која европска земја. При тоа е важно да се потенцира дека Русија и Кина не предводат регионални организации кои во делот на граѓанските и политички вредности би биле реална алтернатива на западната алијанса. Оние, кои наспроти фактите, сепак веруваат дека е потребно наше реориентирање кон истокот или немаат контакт со реалноста или мислат дека сеуште опстојува блоковската поделба во светот на капиталистички запад и комунистички исток со Движењето на неврзаните како “трета сила” помеѓу нив. Денес ниту меѓу најголемите евроскептици нема да најдете некој кој мисли дека спасот на западот се наоѓа во некакви нови идеолошки концепти на истокот, иако никој нема дилеми дека Азија веќе денес е центарот на светот во економска смисла. 

ФАКТОР Како до компромис околу спорот со Грција и дали е неопходен референдум за негово прифаќање или е тоа алиби за отсуство на храборст да се реализираат доминантните ЕУ и НАТО приоритети? 

Пендаровски: Прв предуслов е постоењето на широк политички и меѓуетнички консензус во Владата, но и меѓу владата и опозицијата со цел да се изгради државна позиција за спорот за името. Таков консензус не само денес, туку со години наназад - не постои. Втор предуслов е поддршката од релевантен меѓународен фактор што некогаш ја имавме, а денес - не. Инаку, немам дилеми дека битката за името и идентитетот која наводно во наше име ја водат сите овие години на сите меридијани само успешно го покрива нашето стравично пропаѓање во однос на трите стратешки приоритети од витална важност за иднината на Македонија – економијата, демографијата и демократијата. 

ФАКТОР Неодамна изјавивте дека македонската надворешна политика неможе да се ослободи од конекциите со Белград. Дали нашата надворешна политика дома креира страв од соседите за фатално распарчување на државата? 

Пендаровски: За волја на вистината, за  тоа се виновни повеќе влади во низа, но, најмногу актуелната, која спротивно на својата партиска историја негува необично блиски релации со некои не-политички структури кај северниот сосед. Инаку, во однос на сите соседи, иако звучи апсурдно, партијата на власт во целост ја оствари клучната надворешно- политичката доктрина на својот најголем политички опонент од 1990-тите, Глигоров, наречена еквидистанца – успеаја да не дистанцираат буквално од сите соседи. 

ФАКТОР Како ги оценувате идеиите за реобновена југосфера во регионот – што деновиве се актуелизираше и со заеднички амбасади низ светото на екс-југо републиките?

Пендаровски: Пред се, како емоционална реакција на народи кои со децении живееле заедно во иста држава, а, во меѓувреме од своите нови државни раководства не слушнале ништо ново. Немам дилема дека во отсуство на обмислен политички концепт потпрен врз европските вредности, старата југословенска културолошка матрица ќе биде доминантна уште долги години кај нас. Инаку, идејата за заеднички амбасади, слично како и неодамнешниот црногорски предлог за балкански Бенелукс мене не ми се блиски поради неизбалансираниот импут на претпоставените членки што сигурно ќе испровоцира политички проблеми во балкански контекст. Објективно зборувајќи и во двете иницијативи постоеја неколку детали кои можеби имаа некаква практична употребна вредност, но, катастрофалната презентација во јавноста заради политичката површност на иницијаторите и нив успеа да ги упропасти.  

ФАКТОР Се заговара конзенсуален претседателски кандидат, но и реално е дека без гласот на Албанците неможе да се избере идниот шеф на државата и тој не би бил легитимен претседател на сите граѓани. 

Пендаровски: Теоретски, без гласот на Албанците е можно да имате легален претседател заради спуштениот праг за изборна излезност, но, во таква ситуација тоа сигурно нема да го засили неговиот легитимитет. За жал, во јавноста, зад синтагмата консензуален претседател, наместо дебата за индивидуалните вредности и политичките платформи на кандидатите започна да се подразбира меѓупартиски договор за клиентелистичките приоритети на политичката елита и нивните бизнис поддржувачи.

ФАКТОР Во некои јавни изјави се навестува дека Вашата кандидатура би била предмет и на валкана дискредитација со сомневањата зошто не полетавте во Мостар како советник на Претседателот Трајковски? 

Пендаровски: За жал, се е можно со Влада која троши најмногу ресурси во светот пер капита за негативни кампањи, но, вистината им е достапна на сите кои сакаат да ја знаат. Ден пред несреќата јас заминав за Даблин како дел од македонската државна делегација која требаше да ја предаде апликацијата за членство во ЕУ. На тој пат бев испратен од претседателот Трајковски како негов личен претставник и за тоа постои уредна писмена документација во кабинетот на претседателот. Интересно е што постојат најмалку тројца блиски советници на претседателот кои не се качија со него во авионот за Мостар, иако тој ден беа во Скопје, меѓутоа, нив никој не ги прозива од едноставна причина што беа и се високо позиционирани членови во владејачката партија.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ ФАКТОР СО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Чесните бизниси да не се грижат, ќе го минимизираме влијанието на контролите за ДДВ, тие се неопходни и открија многу измами

ИНТЕРВЈУ ФАКТОР СО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Чесните бизниси да не се грижат, ќе го минимизираме влијанието на контролите за ДДВ, тие се неопходни и открија многу измами