19 Септември, 2024
0.0289

ИНТЕРВЈУ ПОПОВА МАЈСТОРОВА: Сертификацијата за Најдобар работодавач е круна на децениска работа за грижата и напредокот на нашите вработени

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Адиент Сеатинг Штип и Адиент Аутомотиве Струмица се едни од најголемите работодавачи во нашата земја со вкупно околу 3000 вработени и се дел од глобалното семејство на Адиент, водечки производител на автомобилски седишта со над 70.000 вработени во 30 земји ширум светот. Неодамна Адиент фабриките во Штип и Струмица беа сертифицирани за Најдобар работодавач 2023 од страна на престижниот германски институт Top Employer. По тој повод разговаравме со Марија Попова Мајсторова, Бизнис партнер за човечки ресурси во Адиент.

Што претставува серификацијата како Најдобар работодавач? Според кои критериуми се оценуваат компаниите и кои се придобивките од ова признание?

Марија: Минатата година Адиент Штип и Струмица прославија десет, односно пет години од постоење на нашата земја и за нас беше одлична можност да учествуваме заедно со другите фабрики на Адиент во Европа за да го добиеме сертификатот за Најдобар работодавач 2023, за Македонија и за Европа. Како што сертификатите за квалитет ги гарантираат и потврдуваат процесите за квалитетен производ, така и сертификатот за Најдобар работодавач го потврдува исполнувањето на нашите заложби, процеси и услови кои им ги нудиме на вработените и нашата грижа за вработени. Сертификацијата од страна на престижниот германски институт Top Employer, значи дека поминавме сложен процес на оценување во шест области во управувањето со човечки ресурси, кои опфаќаат дваесет теми, како што се стратегија за човечки ресурси, работно опкружување, аквизиција на таленти, учење, разноликост и инклузија и добросостојба.  А позитивните резултати докажаа дека имаме одлични резултати во развој на човечките ресурси и грижата за вработени, особено во однос на одличност во условите за вработените (Certified Excellence in Employee Conditions). Сертификацијата Top Employer е потврда за грижата за вработените, мотивација кон остварување на нашата цел да се биде најдобар работодавач, но и одговорност за да се задржи и понатаму да се унапреди работното опкружување и грижата за вработени, како врвен приоритет за задоволни вработени и привлекување на најдобрите таленти во индустријата во нашата земја.

Дали оваа сертификација е дел од вашата стратегија за привлекување на кадри? Како се справувате со предизвикот да ги задржите вработените и со недостатокот на работна сила од земјата за што се соочуваат речиси сите бизниси во земјава?

Марија: Генерално, во сите земји во фабриките во кои работам постои недостаток на работна сила, делумно заради иселување, делумно заради ориентација кон други индустрии. Адиент глобално има развиено сериозни стратегии за стимулирање, грижа, развој и раст на своите вработени, високи стандарди за обезбедување на заштита и безбедност на вработените, нивната добросостојба и еднакви можности, како дел од својата стратегија за одржливост. Кога станува збор за Адиент фабриките во Штип и во Струмица, можам слободно да кажам дека сертификацијата за Најдобар работодавач е круна на децениска работа за грижата и напредокот на нашите вработени, на целиот тим со кој посветено работиме не само да испорачаме квалитетни производи, туку и да ги мотивираме и развиваме нашите вработени и фокус на постојани подобрувања. Дури и во сложени услови и покрај сите предизвици, успеавме со реорганизација на процесите да ги задржиме сите вработени, да ги развиваме и минатата година во фабриките во Македонија успеавме да вработиме над 800 нови колеги.

Од каков образовен профил вработувате кандидати и дали има соодветни кадри во земјата?

Марија: Вработуваме кадри од сите образовни профили. Секој нов вработен ја поминува обуката од еден до шест месеци, зависно од позицијата, на почетокот на своето вработување и на тој начин го решаваме предизвикот за квалификација на кадри - практично ние ги создаваме нашите кадри. Процесите во нашата компанија се така поставени што постојано се учи – се учи во движење, на работното место, во другите Адиент фабрики, на специјализирани обуки кои ни овозможуваат да ги градиме нашите вработени и професионално и персонално, за да можат да напредуваат и да ги градат своите кариери во Адиент. Бенефициите за вработените во компанија која работи по меѓународни стандарди се бројни, можностите се на дофат на сите кои сакаат да напредуваат, перформансите се клучни за напредок, а корпоративната култура на разноликост, еднаквост и инклузија им дава можност на сите релативно динамично и брзо да напредуваат во структурата на компанијата. Над 50% од вработените во нашите фабрики се од самото основање на фабриките и тоа ни дава сила да го продолжиме тој пат. Отворени сме и постојано вработуваме нови колеги, имаме програми за препораки, учествувавме на саеми за вработување, сами организираме активности за промоција на можностите кои ги нуди Адиент, соработуваме со универзитети. Нашата крајна цел е да ги привлечеме и задржиме најдобрите таленти, да им овозможиме одлични услови за работа, раст и развој.

Кога зборуваме за корпоративна култура, колку Адиент ги поддржува жените, односно како вие како жена во автомобилската индустрија се справувате со предизвиците?

Марија: Главната одлика на корпоративната култура во Адиент и при вработување и понатаму при развој на кариерата и унапредување е разноликоста и еднаквите можности. Да, автомобилската индустрија е динамична, и бара многу добра организација, прецизност и контрола кон процесите, но и емпатија кон луѓето кои произведуваат компоненти во автомобилската индустрија. Во нашите фабрики во Македонија над 60% се жени и не само на основните оперативни позиции, туку и на менаџерски, инженерски и тим лидерски позиции. Кај нас не прави разлика полот, националноста или верската определеност. Заедно ги обележуваме сите празници, сите успеси и напредокот на секој член од тимот. Еве од личен пример можам да кажам дека само неколку години по доаѓањето во компанијата, во фабриката во Штип, ми беше дадена довербата да бидам во тимот кој го стартуваше работењето на фабриките во Македонија и во други земји, и да бидам поддршка на деловното работење во делот на човечки ресурси, и тоа е дел од таа корпоративна култура – секој кој покажува резултати, подготвен е да учи и да напредува секојдневно, да добие можност да се справува со поголеми предизвици. И не е сѐ лесно и не сакам да звучи идеално, се бара посветеност, труд, залагања, тимска работа, доследно почитување на процесите и транспарентен приод кон сите проблеми на кои наидуваме за да можеме да ги решиме. Сепак, одговорноста е голема на секој поединец кој работи во компанија која произведува било каков дел за превозни средства, зошто од секој елемент зависи безбедноста и удобноста на оние кои ги користат. Се грижиме за нашите вработени како што сакаме тие да се грижат за нашите продукти и се разбира работиме за да се подобруваме секој ден, чекор по чекор. Работиме одговорно кон сите чинители кои се вклучени во тој процес – и нашите вработени, нашите добавувачи, нашите клиенти, кон заштитата на природните ресурси и поддршка на заедницата каде работиме и живееме. Целиме да имаме успешни резултати кои ќе се темелат на одговорно и одржливо работење.


Можеби ќе ве интересира

ШПАРКАСЕ БАНКА, ПРВА И ЕДИНСТВЕНА БАНКА СО НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ

ШПАРКАСЕ БАНКА, ПРВА И ЕДИНСТВЕНА БАНКА СО НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ

„АЛКАЛОИД“ ЧЕКОР ПОНАПРЕД КОН ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

„АЛКАЛОИД“ ЧЕКОР ПОНАПРЕД КОН ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

35 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА БИСИ: Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика

35 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА БИСИ: Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД за 2025 година

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД за 2025 година

Samsung Galaxy Flip 6 - Сврти на вештачка интелигенција

Samsung Galaxy Flip 6 - Сврти на вештачка интелигенција

Добредојдовте во светот на италијанската мода: Луиза Спањоли пристигна во Скопје, во Рамстор Мол!

Добредојдовте во светот на италијанската мода: Луиза Спањоли пристигна во Скопје, во Рамстор Мол!

Бимилк со традиционална поддршка за децата од СОС Детско село при почетокот на школската година

Бимилк со традиционална поддршка за децата од СОС Детско село при почетокот на школската година

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: С.M. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.172.506 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: С.M. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.172.506 ДЕНАРИ