19 Декември, 2025
0.0902

Интервју: Преку Garage Sale во Рамстор до производи со екстремно ниски цени

Објавено во: Економија 13 Август, 2016 08:00

Добивај вести на Viber

Поинакви во комуникацијата, интересни со акциите со попусти, Рамстор мол стана препознатлив по Garage Sale како единствена вистинска распродажба во градот. Како е да се направи бренд од една обична акција за распродажба и што да очекуваме за некој ден во Рамстор мол, разговаравме со Ајхан Узун – генерален директор на Рамстор Македонија.  

unnamed (2)

Фактор.мк: На 17ти август започнува Garage Sale? Какви попусти треба да очекуваат потрошувачите и со што е оваа акција поинаква од другата?

Ајхан Узун: Од 17ти до 21ви август ќе има голема распродажба во Трговскиот центар Рамстор. Оваа активност стана бренд сам по себе поврзан со нашиот трговски центар. Големите попусти до 70% се нешто по што сме препознатливи. Кога започнувате со идеја за креирање на овој тип на продажба пред се треба да имате одличен баланс на барањата на потрошувачите и секако интересите на брендовите застапени во центарот. Но, петти пат по ред покажуваме дека ја најдовме совршената рамнотежа и таа дава резултати.

Оваа година ќе биде иста како и останатите претпознатлива по висината на попусти, а различна во делот на интеракција со потрошувачите и нивното шопинг искуство во Рамстор мол.unnamed

Фактор.мк: Развивте вистински бренд од самата активност. Како успеавте во тоа?

Ајхан Узун: Garage Sale е навистина интересна активност што прерасна во бренд. Одбравме интересен начин на промоција по асоцијација на гаражните продажби во западните земји каде што основно за овој тип на акции се ниските цени. Така започна целата приказна, која што се развиваше и денес пред нас ја имаме петтата по ред распродажба. Кога сте прв на пазарот, се обидувате на секаков можен начин да ја придобиете довербата на потрошувачот, како и нивното позитивно искуство при пазарувањето..

Фактор.мк: Зошто се одлучивте баш за ваков тип на распродажба?

Ајхан Узун: Затоа што е концепт што носи резултати. Да се биде еден од првите современи затворени трговски центри во градот значи обврска плус да бидеме креативни, постојано да се менуваме и да ги следиме светските трендови.. Токму оваа идеја дојде од таков тип на промена, да бидеме поинакви, поинвентивни. Треба да се има на ум дека на наша страна се и нашите партнери – продавниците во трговскиот кои ја прифатија идејата да направиме заедничка активност со попустите. Во согласност со нивните можности и нашите потенцијали, започнавме спонтано да креираме настан кој што прерасна во традиција што им овозможува на граѓаните од Македонија  и пошироко кон крајот на летото да се подноват себе си, и  своите најдраги по екстремно ниски цени. Големиот интерес на потрошувачите, што расте од година в година е причината која не мотивира,да го организираме и зимскиот Garage Sale што за прв пат го организиравме оваа година и кој  ни донесе одлични резулатти, така што  за секоја наредна Garage Sale акција да бидеме што е можно повеќе инвентивни, забавни, да овозможиме што е можно повеќе избор на производи со попусти, да останеме доследни на содржините што ги нудиме и секако, да ги испратиме нашите потрошувачи задоволни и исполнети од направеното  пазарување.

Фактор.мк: Каков е пак впечатокот на сопствениците на брендовите застапени во Рамстор?

Ајхан Узун: Сопствениците на продавниците се задоволни од одѕивот на посетители во трговскиот центар Рамстор за време на оваа маркетинг кампања,  додека потрошувачите од висината на попустите низ сите продавници. Концептот е поинаков, затоа е интересен за македонските потрошувачи. Концептот на гаражната распродажба е во тоа што производите се надвор пред продавниците, лесно е за купување и за избор. Имате се на едно место. Згора на тоа нудиме и акциски попусти во супермаркетот. Целината е постигната со тоа што е унифицирано да има попусти насекаде. Ова се денови кога секој може да најде нешто за себе или за подарок. Ги поканувам сите љубители на добриот шопинг, на петтиот Garage sale, дојдете, правиме чистка, вадиме се надвор.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка