17 Мај, 2024
0.0260

ИНТЕРВЈУ РОБЕРТ ХОТ: Цените на становите и градбата нема да се намалуваат!

Објавено во: Економија 09 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Новите проекти за изградба на делници од брзи патишта заедно со планот и натаму да се градат локални патишта и натаму ќе придонесуваат за раст во градежниот сектор, кој ќе продолжи да биде двигател на економскиот раст, вели во интервју за “Фактор“, стопанственикот и претседател на Градежната комора при ССК, Робер Хот. Вели дека како и сите останати сектори, и градежништвото не е имуно на неликвидност, но апелира до банките за посилна кредитна поддршка на градежниот бизнис. Во градежништвото – недостаток на работна сила… Фактор: Какви трендови се очекуваат во градежништвото годинава. Според податоците од Народната Банка , во овој сектор, кој се смета за водечки со уделот во БДП, е забележано намалување на активноста?   Хот: Како и изминатите неколку години и оваа година градежништвото ќе биде двигатал на македонската економија. Капиталните инвестиции во инфраструктурните проекти гарантираат перманентен раст на градежниот сектор и во наредните неколку години. Тоа го велам бидејки капиталните проекти се повеќегодишни проекти и за нив е обезбедена финансиска конструкција и тоа ни дава за право да се надеваме дека градежниот сектор и натаму ќе биде во раст.  Исто така, како што е познато,  веќе се градат неколку брзи и локални патишта. Растот на градежниот сектор и неговата лидерска позиција како двигател на македонската економија се одрадзува директно и индиректно и во други економски сектори, односно градежниот сектор повлекува раст на повеке од 26 други гранки од економијата кои директно или индиректно се врзани со него. Фактор:Кои се клучните економски проекти кои ќе го движат градежништвото? Хот: Изградбата на автопатистата Демир капија - Удово, Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип ке бидат основниот двигател на растот на градежниот сектор. Најавата за започнување на нови капитални проекти во железничкиот сообраќај, новиот тендер за изградба на автопат на делницата Гостивар-Кичево и останатите инфраструктурни проекти како локални патишта, брзи патишта се гарант за перманентен раст на градежниот сектор. Инвестициите во инфраструктурни проекти значат основа и неопходност за раст на секоја економија. Секој економски експерт во светот ќе ви потврди дека за развојот на економијата на секоја држава неопходни се инвестиции во инфраструктурата. Ние како Градезна комора цврсто го подрзуваме курсот да се вложува во изградба на инфраструктурни проекти бидејки тие, покрај моменталниот позитивен ефект што го имаат врз градежниот сектор, ќе имаат далекусежен ефект врз целата македонска економија. Основа за привлекување на странски инвестиции е добра инфраструктура и мислам дека со веќе започнатите капитални проекти во автопатиштата и сите останати најави за нови проекти во инфраструктурата, Македонија ќе стане лидер во регионот во однос на инфраструктурната изграденост. Само во овие три години ќе се изгради автопатна инфраструктура повеќе од половина километража од колку што е изградено во последните 65 години. Фактор:Колку и како изградбата на автопатите ќе влијае врз вкупната градежна активност? Хот: Повеќе од јасно е дека никоја земја во регионот не започнала со изградба на три автопата одеднаш и тоа е голем потстрек за градежниот сектор. Само на градилиштата на овие капитални инфраструктурни проекти изминатата година се вработени околу 1000 нови градежни работници и тој тренд ке продолжи како што изградбата ќе го достигнува занитот. Фактор:Каква е состојбата со работната сила во градежништвото? Дали на пазарот има доволно и кавлификувана работна сила? Хот: Состојбата со работната сила во градежниот сектор не е сјајна. Недостаток на работна сила хронично се чуствува. Истотака старосната структура на градежните работници е доста висока,  во просек над 50г што уште повеќе ја усложнува  состојбата. Потребна е преквалификација на работната сила и затоа градежната комора при ССК веќе презема одредени иницијативи за кои наскоро ке излеземе во јавноста со конкретен проект. Цени на станови, ликвидност во градежениот бизнис... Фактор: Каква е понудата и побарувачката во овој период на пазарот со недвижности ? Хот: Доста се зборува за ова прашање и често ми го поставуваат. Доколку претходните проекти за кои зборувавме се државни инвестиции во инфраструктурата, пазарот на недвижности е целосно  пазарна категорија. Факт е дека во октомври и ноември лани има издадено повеке одобренија за градба за разлика од истите месеци 2013 што покажува дека нема застој во тој дел на градежниот сектор. Фактор: Какви цени на становите може да се очекуваат? Хот: Цените на становите се исто така пазарна категорија и ставот на групацијата за високоградба при Градезната комора е дека сегашните цени се на долниот лимит на рентабилност и нема да се намалуваат. Фактор: Колку проектот Купи куќа-купи стан влијаеше врз понудата и побарувачката на станови? Хот: Проектот “Купи куќа – купи стан“  на повеќе начини влјаеше позитивно. Најпрво придонесе да се намалат каматните стапки на станбените кредити. Исто така субвенциите овозможуваат под исклучително поволни услови секој да дојде до дом за своето семејство. Самиот проект еволуираше преку повеќе измени и секоја беше подобра од претходната така да последните измени  кои овозможуваат исклучително фантастични услови, односно  50% субвенционирана рата во првите 5 години за купување на стан и 75% субвенционирана рата во првите 5 години за изградба на куќа. Со овие услови се обезбедува повеќе од 14 000 евра државна субвенција за исграба на куќа.  Беа организирани неколку саеми за проектот на кои сите чинители на самиот проект ,Министерството за финансии, банките и градежните компании беа на едно место со граѓаните и тие контакти преку овој начин на промоција на самиот проект,  вродија со резултати, интересот за проектот драстично се зголеми и тој тренд очекувам да продолжи и во иднина. Мое мислење е дека ова е многу важен проект и треба да продолжи бидејќи сите сме свесни за одливот на нашите млади луѓе во странските земји, па ова е еден од начините да се помогне на оваа категорија на граѓани. Со обезбедување можност секој млад брачен пар да дојде до стан, ние практично влијаеме тие млади луѓе да ги задржиме во нашата земја. Фактор: Каква е ликвидноста на фирмите во градежниот бизнис? Хот: Ликвидноста е проблем на сите компании и градежниот сектор не е имун на тоа. Потребен е свеж капитал за инвестирање и се надевам банките ке излезат во пресрет на градежните компании знаејќи дека градежништвото сепак е двигател на македонската економија. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА