ИНТЕРВЈУ Саимир Дамо, Уника: Осигурителниот пазар во Македонија има неискористен потенцијал
Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2014 15:23
Како го оценувате македонскиот осигурителен пазар во споредба со земјите во регионот?
Дамо: Осигурителниот пазар во Република Македонија спореден со осигурителните пазари во регионот има голем неискористен потенцијал. Во Република Македонија годишната потрошувачка по жител за осигурување изнесува €51, во Србија €86/ж./год., а во Бугарија €122 додека жителите на Хрватска просечно трошат по €304 на осигурителни продукти во текот на годината, а пак во Словенија приближно €1,000. Австријците, пак се еднакви со просекот во ЕУ кој изнесува околу €2,500 годишно.
Овие податоци ни говорат дека доколку Македонците користат двојно повеќе осигурителни услуги, како во соседните Србија и Бугарија, тогаш осигурителниот пазар би се дуплирал односно би вредел повеќе од 200 милиони €. Значајно влијание за недоволно брзиот раст на осигурувањето во Македонија, имаат и релативно новите осигурителни производи на македонскиот пазар - животното осигурување и доброволното здравствено осигурување со чии придобивки граѓаните допрва се запознаваат. Потенцијалот на овие продукти е огромен, на пример, една третина од вкупната ланска премија од 6 милијарди Евра на нашата групација - UNIQA Insurance Group се реализира на доброволното здравствено осигурување, една третина на животното осигурување и останатата премија на имотното и автомобилско осигурување, заедно.
Какви се видови на осигурување им нуди UNIQA на своите клиенти? Што најчесто осигуруваат Македонците?
Дамо: Како дел од својот развоен план, од 2011 година преку новоформираната компанија UNIQA Life Македонија, UNIQA влезе и на пазарот на животно осигурување и продолжи да ги нуди сите форми на животно и неживотно осигурување: осигурување од незгода, осигурување на имот, oсигурување од одговорност, осигурување на возила, каско плус (ГПС услуги), патничко осигурување во странство, доброволно здравствено осигурување, банкоосигурување; животно осигурување за возрасни, деца, кредикорисници и лојални работници.
UNIQA неодамна започнa со новиот продукт КАСКО ПЛУС. Какви бенефиции можат да очекуваат осигурениците од оваа иновативна услуга?
Дамо: УНИКА го креираше продуктот КАСКО ПЛУС, преку кој ја наградува лојалноста на клиентите при склучување на тригодишен КАСКО договор со бесплатен високо квалитетен уреди за ГПС лоцирање. КАСКО ПЛУС за лична употреба, нуди увид во вашето возило, различни видови на известувања со кои возилото е побезбедно – полесно пронаоѓање на возилото при кражба и други поволности и извештаи.
Компаниите кои ги користат КАСКО ПЛУС услугите на УНИКА имаат зголемена контрола врз возниот парк како и подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, а исто така неавторизираното користење на возилата е спречено. Сето ова ќе доведува до намалување на трошоците за гориво, сервис и осигурување на возниот парк, воедно зголемувајќи ја сигурност на возилата.
Животното осигурување е тренд во Македонија. Колку овој осигурителен сегмент се развива во Македонија, и што нудите на тоа поле?
Дамо: Животното осигурување е во постојан пораст во Македонија бидејќи е нов производ на пазарот и има огромен потенцијал. Тоа се должи на развивањето на свеста кај купувачите за економската заштита на животот - како дополнителен приход во нивните поодминати (пензионерски) години (продукт: Живот плус); како почеток на самостојниот живот на нашите деца (Футура); или како финансиска заштита на членовите на семејството на кредитокорисниците при евентуален несреќен случај (Credit Life).
Дали Македонците се повеќе ја препознаваат потребата од имотно осигурување и многубројните предности кои тоа ги нуди?
Дамо: Луѓето во Македонија стануваат посвесни за потребата од економска заштита на макотрпно стекнатиот дом односно недвижен имот. Но и компаниите се посвесни за ризикот од непредвидени несреќни случаи во нивните производствени погони или деловни простории и економските последици за луѓето кои работат таму и нивните семејства.
Така на пример, малкумина знаат дека трошоците за санирање на штетите предизвикани од пожарот на покривот на Старо-новиот Театар се покриени од УНИКА осигурување. Исто така, многумина се сеќаваат кога целиот производствен погон на фабриката Везе Шари во Тетовското село Требош изгоре од пожар, причинувајќи штета од 1,2 мил. Евра. УНИКА осигурување во рок од 15 дена ја надомести штетата од несреќниот случај и денеска Везе Шари е повторно присутна на пазарот со своите производи. Ова се само неколку од многуте слични несакани настани кои УНИКА осигурување ги надоместува веќе 10 години во Република Македонија - станувајќи партнер во најтешките моменти во животот и работењето.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




