25 Јуни, 2024
0.0262

Интервју Сашо Коруновски: Одливот на млади образовни луѓе-најголема опасност за Македонија

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Ставот на многумина дека состојбата со одлив на млади мозоци е загрижувачка, го дели и ректорот на државниот универзитет во Битола Сашо Коруновски .

Во интервју за Фактор тој вели дека тоа е најголемата опасност за Македонија.

„Би бил среќен да можам да кажам  дека има брзо и едноставно решение. Ако има утеха, тоа е фактот дека станува збор не само за регионален, туку и  европски, а и светски процес. И тоа е глобализација. Денеска младите поинаку движат, мигрираат, во потрага по поинакви услови за живот, работа, образование од она што им се нуди, од она што го имаат „дома“, вели Коруновски .









Разговараше Горазд ЧОМОВСКИ

Фактор: Годинава се отворија уште два универзитети со што  бројот на државни и приватни универзитети сега изнесува 25. Има ли реално потреба од толкав број  на универзитети или ова е обид  за да се измени  некаков однос на силите во политички  контекст?

Коруновски: Секогаш кога се формира нов универзитет, особено ако е тоа јавен универзитет, процесот го следиме со внимание, затоа што таквиот чин секако влијае врз функционирањето на целокупниот високообразовен простор, а со тоа и врз работата на вашиот универзитет. Природно е да имате одбрамбени позиции, понекогаш и да не се сложувате со промените, но, две работи се суштински; прво – да се почитуваат процедурите и нормите пропишани со актите при формирање на новиот универзитет и, второ – проширувањето на високообразовната понуда треба да е проследено и со зголемување на буџетот за високо образование.

Генерално гледано, ваквите трендови се оправдуваат и припишуваат на процесот на демократизација на високото образование, како негова поголема достапност до младите луѓе. Ова е карактеристика за општествата кои сакаат интензивен развој и тоа јас би го нарекол прва фаза во проширената понуда на можностите за високо образование. Ова не е само  случај со Македонија, туку со бројни европски земји, а втората фаза која што со сигурност во иднина не очекува е интеграцијата, односно спојувањето на некои од универзитетите. А бројките се релативни, за нас кои работиме во системот можеби се големи, за оние што се запишуваат понекогаш тие не ги задоволуваат нивните желби. Тоа е и одговорот на последниот дел од прашањето, зошто актот за основање на јавен универзитет по автоматизам не значи и запишување на студенти. Денешните генерации се добро информирани за перформансите на секој универзитет и факултет, па останува ние како универзитети да се бориме за довербата на секој кандидат поединечно.

Фактор: Каква слика дава македонското високо образование кон светот и дали  високите наставно-научни институции нудат квалитетно и релевантно високо образование?

Коруновски: Прашањата поврзани со квалитетот во високото образование се секогаш актуелни, не затоа што нудиме неквалитетно образование, туку затоа што тоа е континуиран процес кој не смее да застане. Добро изведените самоевалуации и надворешни евалуации се важни алатки за детектирање на соостојбите во секоја установа, во секоја институција. Тука се и размените како дел од меѓународната соработка којашто е рамка  што ве движи и инспирира кон достигнување повисоки стандарди. Ако знаењата и вештините на студентите се препознаваат на едно пошироко, меѓународно ниво при нивните мобилности и престои во странство, ако имате позитивен фидбек дека дипломираните студенти се вработуваат во странство, тоа значи дека не сте на нулта точка.

Сепак, процесот за обезбедување на  квалитет не значи дека секогаш ќе се движи во позитивна  насока, реални се шансите понекогаш да детектираме намалување на квалитетот. Токму затоа што тоа е процес, континуитет со свои осцилации. Што да се прави во такви ситуации? Па се разбира, аналитички поглед наназад и малку храброст и доволно самокритичност за да се признаат слабостите и да се реагира.

Фактор: Во јавноста се има впечаток дека од образованието се создаде бизнис сфера, место едукативна единица, факултетите станаа конкуренти еден на друг, можност за богатење на грбот на младите ?

Коруновски: Прилично сум сигурен  дека ваквите констатации не се однесуваат на јавните универзитети. Од проста причина што во услови на  зголемена конкуренција,  можноста за некакви високи добивки е многу намалена. Напротив, сведоци сме дека монополот на некои факултети во минатото резултираше со злоупотреби во оваа насока. Па, би се навратил на почетокот на разговорот , кога зборувавме за бројките и конкуренцијата, повторно ќе нагласам дека сè додека тие се базираат на почитување на процедурите и стандардите не можат да делуваат негативно на системот на високото образование.

Фактор: Дали невработеноста  на дипломираните студенти  наспроти вработувањето со купени дипломи, создваа состојба на асиметрични  информации на пазарот на трудот?

Коруновски: Во оној момент кога ќе се приближат критериумите за вработување во приватниот и јавниот сектор, ќе престане трката за дипломи, а ќе започне трката за знаења, за вештини. Тогаш и нашата работа ќе биде полесна, а притисокот насочен поинаку – наместо  да подариме знаење ќе се трудиме да пренесеме знаење. Лично сметам дека сепак ова е веќе усвоен принцип на работење и ние не сме далеку од ваквиот, единствено исправен пристап.

Фактор: Дали хеперпродукцијата на непотребни дипломирани студенти ќе ги демотивира  истите да извршуваат работа што е под нивната струка, иако нема  толку работни места  за струката за која се едуцирале? 

Коруновски: Не можеме да зборуваме за вакво поедноставување на работите. Во најголемиот дел од случаите, студентот не избира струка врз основа на состојбите на пазарот на труд, туку врз основа на неговите желби и преференции. Понатаму, ако тој избере дефицитарна струка, од времето на  запишување до времето на дипломирање ќе изминат најмалку четири години, а тоа не е период во којшто работите остануваат исти. Противник  сум  на образование  кое нуди тесна специјализација и преферирам образование поврзано со поширока област. Дотолку повеќе што во тој случај хоризонталното поместување во струката може  брзо да се прилагодува на потребите на пазарот на труд и тоа со дополнителни програми за обука и/или според модерната терминологија „conversion courses” доколку е потребно. Сепак, дипломирањето е само една од станиците во потрагата по знаење и квалификации за кои треба да бидеме подготвени  за да можеме со таквите професионални предизвици  да се соочуваме во текот на животот.

Фактор: Факт е дека дисперзираните студии носат квантитет, но  нудат ли  квалитет и дали државните факултети располагаат со доволен кадар за да ги покријат големиот број на факултети и студенти ?

Коруновски: Дисперзираните студии внесоа сериозни поместувања во високообразовниот простор. Според мене, еден  факултет може да има  најмногу едни дисперзирани студии, и повторно со сериозна контрола врз образовниот процес што таму се одвива. Јасно е дека квалитетот не е еднаков со оној на матичните студии, но не треба да се занемари и податокот дека на дисперзирани студии се запишуваат студенти кои често не можат да си дозволат трошоци за студирање надвор од местото на живеење.

Фактор: Дали дисперзираните студии во помалите населени места успеаjа да ги задоволат замислите или пак се слепо црево на високообразовниот систем? 

Коруновски: Време е да се направи анализа на резултатите од дисперзираните студии и да се пристапи кон нивно прилагодување според идентификуваните наоди за нивните силни и слаби страни. Неоспорно е дека колку е поразгранет  образовниот  систем во просторна смисла, толку е истиот е подемократски, но сепак  квалитетот  треба да биде  факторот што ја  обезбедува одржливоста на системот.

Фактор:  Загрижувачка е состојбата со одлив на млади обраазовани луѓе од државата. Речиси 30% од високообразованите луѓе во Македонија, живеат и работат во странство, а речиси 80% од студентите во завршните години на студиите на техничките факултети размислуваат или планираат да заминат од земјата. Дали  заминувањето на  младите значи дека земјава останува без активното население и „умните глави”?

Коруновски: Според мене ова е најголемата опасност за Македонија. Би бил среќен да можам да кажам  дека има брзо и едноставно решение. Ако има утеха, тоа е фактот дека станува збор не само за регионален, туку и  европски, а и светски процес. И тоа е глобализација. Денеска младите поинаку движат, мигрираат, во потрага по поинакви услови за живот, работа, образование од она што им се нуди, од она што го имаат „дома“. И ако се сфати како дел од човечката по дефиниција иманентна потреба да тежнеење кон подобро, тоа е сосема исправно. Но тоа има и своја друга „помалку привлечна страна“.  Знаеме дека глобалните движења се немилосрдни и сèуште траат процесите на концентрација и прегрупирања на финансиската моќ во развиените европски земји. Сепак, неминовно е дека на  долг рок тоа е неодржливо, па затоа единствено  дисперзијата на развојните процеси подлабоко на целиот континент може да  биде решение за долгорочна стабилност на Европа.

Можеби ќе ве интересира

Што доби „Силекс“ за да се откаже од експлоатација на злато во Македонија?

Што доби „Силекс“ за да се откаже од експлоатација на злато во Македонија?

ЕВЕ КОЛКУ СЕ ДЕБЕЛИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИЧНИЦИ: Која е нивната лична потрошувачка по лице, а колкав е нивниот БДП?

ЕВЕ КОЛКУ СЕ ДЕБЕЛИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИЧНИЦИ: Која е нивната лична потрошувачка по лице, а колкав е нивниот БДП?

СЕ ГРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН „ЅВЕР“ ВО ЕВРОПА: Од Данска до Германија за 7 минути низ подводен тунел

СЕ ГРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН „ЅВЕР“ ВО ЕВРОПА: Од Данска до Германија за 7 минути низ подводен тунел

ЗА ВУЛИН БРИКС Е НАДЕЖТА: Можно ли е Србија да се приклучи?

ЗА ВУЛИН БРИКС Е НАДЕЖТА: Можно ли е Србија да се приклучи?

ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОВА Е ЧЕКОР НАЗАД: Грците ќе работат по 6 дена во неделата

ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОВА Е ЧЕКОР НАЗАД: Грците ќе работат по 6 дена во неделата

ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ Е И ДЕФИНИТИВНО: Мицкоски најави, ќе се работи на ново законско решение за линеарно зголемување на пензиите

ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ Е И ДЕФИНИТИВНО: Мицкоски најави, ќе се работи на ново законско решение за линеарно зголемување на пензиите

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПУСТОШ: Уништено целото земјоделско производство во Сиричино

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПУСТОШ: Уништено целото земјоделско производство во Сиричино

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски