03 Мај, 2024
0.0263

Интервју Смилковски: Станбениот комплекс Маврово е единствен од ваков тип во земјава

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Во атарот на живописното планинско село, во падините на Бистра со прекрасен поглед кон Мавровско езеро никнува нов станбен комплекс. Распослан на надморска височина од 1300 метри комплексот нуди исклучителна планинска убавина а домувањето го претвора во идилична комоција. Инвеститор на станбениот комплекс Маврово е на АД Пелагонија Гостивар и истиот се протега на површина од околу 6000 метри квадратни со голем паркинг простор околу самиот објект. Комплексот на располагање има 105 апартмани кои ќе бидат вселиви од декември 2016 година, а што се однесува до цената, продажбата на становите почна од 600 евра по метар квадратен . Во продолжение е интервјуто со Александар Смилковски, член на Управниот одбор на Пелагонија АД Гостивар од кој во прилогот повеќе ќе дознаете за станбениот комплекс.

ФАКТОР: Зошто се одлучивте токму за станови во Маврово, малку необичен избор?

Aleksandar Smilkovski PelagonijaСмилковски: Не би рекол дека е необичен избор. Напротив, со нашите истражувања на пазарот се појави потреба од ваков тип на градба. Во Маврово на располагање имате хотели, викендички, одморалишта, но станови нема. На овој начин за симболична месечна рата добивате стан на располагање во текот на целата година, а не само периодично. Добивате комодитет и се разбира сопственост на станот што подоцна пак ако не сакате да го користите, може да го изнајмувате. Овој тип на инвестиција се покажа исплатлива за многу наши граѓани и порано, на пример купувањето станови на Охридско крајбрежје. Кога ќе пресметате колку годишно давате за престој на планина, ако сте по скијањето, или пак сте љубители на планинарењето, на овој начин истите средства, а може и помалку ќе ги вратите преку сопственоста на станот.

Кога ќе го погледнете Станбениот комплекс Маврово, тој се наоѓа на идеална позиција. Близу до ски терените, близу до случувањето во скијачкиот центар, а сепак имате поглед кон езерото. За 20тина илјади евра може буквално да го имате својот рај во Маврово.

ФАКТОР: Какви станови нудите?

Смилковски: Има различен тип на станови од 30 – 50 метри квадратни. Квадратурата е соодветна за стан за одмор, што значи дека нема да има потреба од премногу обврски поврзани со домувањето. Тоа значи и мали трошоци за одржување. Голема предност е тоа штоцелиот објект е енергетски ефикасен, и располага со сопствена трафостаница. Комплексот нуди и дополнителни и содржини, внатре и надвор од него, а при опремувањето на апартманите користени се висококвалитетни производи од реномирани производители од Германија, Шпанија но исто така и од наши, домашни компании. Продажбата на становите веќе започна, за што соработуваме со професионалната агенција за продажба на недвижности Фортон и слободно може да кажам дека сум задоволен од интересот. Ова е инвестиција која со сигурност се исплати.

Photo 2 (1)

ФАКТОР: Зошто некој да се одлучи да купи стан во Маврово?

Смилковски: Затоа што отвора нови можности во досега познатиот концепт на домувањето. Имате дом во совршена природна средина, дом во еколошки чиста околина а сепак блиску до урбаните центри. Сите ги знаеме можностите на Маврово за зимскиот и летниот туризам, за алтернативни спортови и наместо да се плаќа за хотел или за изнајмување на викендица, на овој начин секој може да има свој рај, надвор од градскиот метеж во текот на целата година. Како компанија го следиме принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на врата”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел по сопствен избор и стил на уредување. Тоа се предностите само од аспект на купување дом.

За комплексот Маврово, купувачот добива сопствен апартман по можеби во моментов најниската цена за метар квадратен. Мислам дека никаде во Македонија не може да се купи квадрат за 600 евра. А има и други можности, со оглед на атрактивноста на локацијата, купувате дом но исто така тоа е и инвестиција за заработка.

ФАКТОР: Дали ќе влегувате во слични проекти?

Смилковски: Ме прашувате дали комплексот Маврово може да се повтори? Не, затоа што проектот е единствен од ваков тип во земјава. Принципот и концептот неспорно се исплатливи и функционални. Станбениот комплекс Маврово е уникатен и автентичен пред се по тоа што е лоциран во еден од најубавите национални паркови и нуди можности што не можат да се реплицираат. Додека пак, другите вредности на комплексот е нешто го создадовме ние, нашите архитекти, градежни инженери, дизајнери на ентериери и соработници. Значи, квалитетот несомнено можеме да го создадеме, но можеби во некоја друга средина и околина што подеднакво нуди дополнителна вредност и внесува убавина во секојдневниот живот.

Photo 1

ФАКТОР: Вашата градежна фирма е вклучена во многу проекти. На што во моментов работите?

Смилковски: Во нашето досегашно и долгогодишно искуство се истакнуваат проекти и изведба на секаков вид градежни работи во високоградба, нискоградба и хидроградба. Во моментов изведуваме станбени згради и објекти врз основа на потребите на приватни инвеститори или државни институции.Покрај финализирањето на објектот во Маврово, од високоградба уште почнуваме и објект со здравствена намена во Гостивар од 5,500 метри квадратни, а на самиот старт е изведбата на мост во Гостивар долг 42 метри. Од нискоградба во периодов сме ангажирани на изведба на еден регионален пат, два булевара и повеќе општински патишта и улици, како и бројни партерни уредувања во Скопје и градовите од Западна Македонија. Од нашите проекти во хидроградбата би го издвоил доводно-повратниот водоводен цевковод во Вруток со фи 280 и долг 1800 метри.Како резултат на нашето реноме на градежна компанија присутна на македонскиот пазар во континуитет веќе 40 години, имаме воспоставено одлични врски и соработка со многу добавувачи, подизведувачи и наши соработници. Благодарение на тоа, во изградбата на објектите од секаков вид користиме најквалитетни материјали, што сепак на крај придонесува за нашиот квалитет.

ФАКТОР: Дали сте задоволни од тоа каква е состојбата во градежната индустрија во Македонија?

Смилковски: Во Македонија се создаде една навистина квалитетна градежна индустрија. После период што го имавме со нелојалната конкуренција, која што се уште постои но моќта и се намалува и конкуренција што создаваше проблеми, сега работите се изменија. Сегашните градежни компании, не само големите, туку и помалите, благодарени на законската обврска користат градежни стандарди, истите ги имплементираат и поседуваат сертификати кои се однесуваат на квалитетот на градбата или на заштитата и безбедноста при работа. Овие сертификати и примена на стандарди се исклучително важни во нашата индустрија. Дополнително постоењето на многу компании го отвора пазарот, ја зголемува понудата но со тоа и побарувачката. Како резултат на ваквата клима и банките се отворија за соработка со градежните компании, нудејќи кредитни поволности и бенефиции, како за нас така и за граѓаните. Како што кажав, градежната индустрија во Македонија создаде пазар вистински наменете за потребите на граѓаните

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија