Добивај вести на Viber
На македонските производители на јаболка оваа година им се нуди можност да ги покријат недостатоците за јаболка што ги имаат конкурентските земји со кои заедно настапуваат на пазарот. Приносите и откупните цени се задоволителни, но некои навики со години остануваат непроменети во однос на сортиментот на производот. Иако ајдаретот е симбол за преспанското јаболко, експертите сепак сугерираат дека овоштарите треба да ги следат понудите на странските пазари и да се насочат кон производство на другите сорти јаболка.
Фактор: Неповолните климатски услови оваа година негативно влијаеја врз приносите на речиси сите земјоделски производи. Во соседна Србија, овоштарите се жалат дека производството е намалено, каква е состојбата кај нас?
-Сушата секако дека влијае врз приносите од јаболката. Има намалување но не до толку за да се наруши понудата. Високите температури го зголемуваат енормното испарување на водата како од почвата така и од овошката. При недостиг на влага од почвата растението своите основни шпотреби ги користи од плодовите, со што се намалува порастот и се случува отфрлање на прлодовите. Самите плодови од сонцето добиваат опекотини, а од недостиг на дождови и недоволно наводнување, дрвото нема прираст и стагнира. Од друга страна ако после сушата има долготраен дожд доаѓа до напукнување на плодот и скапување. Во однос на годинешните приноси, за жал сеуште ни се повторуваат истите лаги како и другите години. Нема релевантен извор на кој ќе се потпреме и ќе кажеме колкаво е производството во Македонија. Она што паушално го кажуваме до голема резерва е дека ќе се движи од 100 до 120 илјади тони.
Фактор : И оваа година најзастапена е сортата ајдарет. Зошто сортиментот и понатаму останува непроменет?
- Најгорливот проблем на овоштарите во не користење на консултантски услуги, а сето тоа е поврзано понатаму и со не соодветни агро и помотехнички мерки и постбербените активности. Односно несоодветна прихрана, заштита,проредување, класифицирање, пакување, и чување во соодветни скалдишта со контролирана атмосфера. За жал истото се случува и со сортиментот. Но сепак преспанските јаболка се барани на странскиот пазар. Нашиот проблем е во неорганизираноста и не пратењето на пазарните побарувања, значи тука мислам токму на сортиментот. Исто така не се внимава на високата производна цена и на тоа како да ги зачуваме сегашните пазари и да се пробиеме на нови. Мислам дека годинава ќе имаме нешто поголем извоз, бидејќи сега за прв пат ни се нуди шанса да ги покриме недостатоците за јаболка што ги имаат нашите конкурентски земји со кои заедно настапуваме на пазарот.
Фактор : Како се движат откупните цени на јаболкото оваа година и колку со тие цени им е исплатливо производството на овоштарите?
- Откупот и цената се поврзани квалитетот на понудената роба, не паушално да се зборува за цена на продажба. Во моментов во помали количества за одбран производ, цената на конзумното јаболко се движипомегу 25 и 30 центи за килограм, додека индустриското јаболко е шест денари за килограм. Исплатливоста е исто така релативна работа, се зависи од тоа колку сте вложиле во насадот, во кој регион се произведува, кои сорти се застапени, колкаво е производството, значи колку сериозно сте се зафатиле со бизнисот. Но лично за себе можам да кажам дека јас со моето петчелно семејство од тоа егзистирам.
Фактор : Колку субвенциите помагаат овоштарите да имаат поекномично и поисплатливо производство?
-Проценаката за подигање на современи јаболкови насади не е доволна, таа во моментов изнесува околу 1.700 евра за хектар, а реално за подигање на еден ваков овоштарник, што ќе биде конкурентен се движи над 32.000 евра за хектар. Има можност преку ИПАРД фондовите, но само за реконструкција на амортизирани насади и тоа со плаќањето е 50 :50.
Фактор: Имаме ли потенцијал за производство на екстракт од јаболко за овошни сокови и што би значело тоа македонското овоштарство?
- Преработките од јаболко, независно за кој нус производ се работи, се на незначително ниво. Македонското јаболко секаде е барано, заради многу предности кои ги има во однос на конкуренцијата и затоа од Македонија секоја година се извезуваат по пет милиони килограми јаболко. Она што сега недостига а може да се реши се ладилниците кои мислам дека во преспанскиот регион четери прифатни центри од поголем обем би ги задоволиле потребите на преспанските овоштари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.