19 Јануари, 2025
0.0284

Интервју со синдикалниот лидер на „Југохром“ – Ако фабриката се затвори 700 работници ќе бараат егзистенција во странство

ЗА НАС ФАБРИКАТА ЗНАЧИ ЖИВОТ И ДОСТА НИ Е ОД СОСТОЈБИТЕ РАБОТИ – НЕ РАБОТИ!

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

“Не можеме да бидеме неми набљудувачи ако некој сака на сила да ни ја одземе егзистенцијата, ние нема што да изгубиме, затоа сите сили ќе ги насочиме во сè поголем притисок”.

Сагата наречена „Југохром“ треба да добие свој епилог со поставување на задолжителни филтри на производствените погони, со што ќе се спречи загадувањето од самата фабрика. Но, во меѓувреме, постои огромна загриженост кај вработените за нивната егзистенција која е на работ додека немаат редовни примања, а се презадолжени со оглед на нестабилноста во изминатиот период. За состојбата на работниците разговараме со Бајрам Амити, синдикалниот лидер на „Југохром“.

Фактор: Вработените на „Југохром“ станаа најголема колатерална штета од забраната за работа од страна на надлежните државни институции. Како прв синдикалец на оваа компанија, можете ли да опишете како изгледа кога семејството на фабричкиот работник ќе стравува за својата егзистенција?

Амити: За жал не е прв пат работницте да бидат колатерална штета. Стравот за егзистенција е најголем кај работниците кои буквално живеат само од својот труд. Како може да се опише притисокот на неизвесноста - што ако утре не отидам на работа? Што ако нема плата? А, најголемиот број на работниците имаат кредити, бидејќи и онака само со плата не се преживува. Од друга страна, сите ние вработените во Југохром сме посветени работници и цел овој крај живее од Југохром. За нас фабриката значи живот и доста ни е од овие препукувања работи – не работи. И тоа го кажуваме преку нашите барања на протестите!

Фактор: Веќе одржавте протести и кратки блокади на автопатот во Тетово. Дали јавно кренатиот глас далеку ви се слушна и до каде вашиот „пискот“ стигна?

Амити: Сметаме дека нашиот глас допре таму каде што требаше, односно каде беше упатен – а тоа е до надлежните институции и до раководството, пред сè. Понатаму, се надеваме дека допре и до пошироката јавност, за да покажеме дека Југохром ни од од далеку не е главниот виновник. Односно, ние добро знаеме дека Југохром ниту е единствениот, ниту најголемиот загадувач во Тетово и Тетовско. Причините за загадувањето на Тетово треба да се бараат на друго место.

Фактор: Дали синдикатот на „Југохром“ е оставен сам или  имате и поддршка од гранковиот синдикат?

Амити: Синдикалната организација на Југохром е организационен дел на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија. Ние никогаш не бевме оставени сами. Со нас се работниците од секторот и од нив очекуваме поддршка и во иднина, во понатамошните наши активности. И нема да запреме, сè додека не се рестартира повторно фабриката, а и понатаму ќе стоиме зад барањата на ми се овозможи нормално работење, за да може да се доврши станицата за отпрашување, она што во јавноста се нарекува поставување на филтри на фабриката. Знаеме дека тоа е клучна работа за Југохром, но исто така знаеме дека во Југохром постои и желба и посветеност и финансии да се заврши таа филтер станица.

Фактор: Доколку не се изнајде решение во скоро време, дали може да очекуваме поголеми и порадикални протести. Мислите ли дека со поголем притисок ќе може да ги остварите вашите права?

Амити: Се разбира ние не можеме да бидеме неми набљудувачи ако некој сака на сила да ни ја одземе егзистенцијата. Ние нема што да изгубиме, затоа сите сили ќе ги насочиме во сè поголем притисок. Со раковдството остваривме краткотраен договор за исплаќање на 70% од платата за месец декември и тие имаат разбирање за нашите барања, но не е сè до нив. Особено ако фабриката не работи целосно, додека не се постават филтрите. Токму затоа, бараме од Министерството за животна средина да ја повлече забраната бидејќи филтрите може да се постават и во текот на работниот процес, а нема да трпат вработените.

“Нека ги бараат причинителите за загадувањето, а нас нека не остават да работиме и чесно да си ја заработиме егзистенцијата. Апелираме до Министерството за животна средина и Инспекторатот да не си играат со судбината и животите на 700 вработени и нивните семејства. Бараме од Министерството конечно и да направи анализа и со документи да потврди кој го загадува Тетово!”

Фактор: Дали Синдикатот, самите работници и вработените беа свесни во изминатиот период за предизвикот со кој се соочува „Југохром“. Сепак, и вие живеете во тој регион и сте подложни на истите последици, каков беше односот со раководството, имавте ли предлози за решавање на состојбата?

Амити: Да, бевме свесни за сензибилитетот на прашањето, екологијата е сè поинтересна тема во јавноста, особено откако властите не беа во состојба да ги утврдат вистински и целосно изворите на загадувањето, па спрема тоа да преземат и соодветни мерки за негово намалување. Ние, исто така, најдобро знаеме колкаво е загадувањето кое излегува од оџаците на Југохром и дека тоа не влијае во Тетово, што се докажа во јануари и февруари, кога Југохром не работеше. Но, сепак, знаејќи каков проблем тоа може да предизвика по добиената дозвола за градба, раководството веднаш започна со поставување на филтри за отпрашување.

Фактор: Евентуално затворање на „Југохром“ би оставило без работа седумстотини вработени. Какви ќе бидат последиците врз вас, но и за самиот регион. Гледате ли алтернативи или состојбата навистина е премногу загрижувачка?

Амити: Последиците би биле навистина катастрофални. Зошто во целиот регион Југохром остана единственниот поголем капацитет кој работи и вработува толку многу луѓе. Ако навистина се случи најлошото, во што работниците не сакаат да веруваат, тогаш останува секој да се снаоѓа за својата егзистенција, а тоа нема да биде во државава, туку надвор со напуштање на родните огништа за секогаш.

Фактор: „Југохором“ на повеќе наврати беше принуден да запре со работа. Во тој период и вашите активности беа смрзнати, колку тоа негативно се одрази на вашите примања, во каква „кондиција“ се вработените?

Амити: Па, токму тоа е проблемот. Со неработењето во два месеца оваа година, примањата, просечно, уште повеќе се намалија. Вработените се задолжени, банки и извршители секој ден им тропаат на врата. Ние не можеме да дозволиме овој пат работниците да останат без никакви примања. Затоа нашите барања се за задржување на статус на вработен, за продолжување на производството и побрзо поставување на филтрите. Само вака и на ниту еден друг начин ќе се помогне на вработените, а и на економската кондиција на целиот овој регион.

Фактор: Во „Југохром“ работат и Македонци и Албанци. И едните и другите имаат семејства кои мора да ги прехранат, а на најголем дел од нив приходите од оваа компанија им се единствени средства за егзистенција. Притоа, како што и сами тврдите, истражувањата покажуваат дека „Југохром“ не го загадува Тетово. Која е пораката која им ја праќате на надлежните?

Амити: Работниците не се непријатели на државата! Напротив, секој сака семејството да му живее во незагадена средина. Но, Југохром не е проблем, барем не каков што го прикажуваат во јавноста. Дури и обичните работниците почнаа да се интересираат за фактите, како, каде и колку загадува Југохром и тоа го покажавме со документирани податоци од референтни извори. Затоа, уште повеќе сме убедени дека надлежните, ако сакаат да го решат проблемот, треба најсериозно да се фокусираат на утврдување на вистинските причинители на загадувањето. Како може да се отстрани нешто ако не се знае причината? Нека ги бараат причинителите за загадувањето, а нас нека не остават да работиме и чесно да си ја заработиме егзистенцијата. Апелираме до Министерството за животна средина и Инспекторатот да не си играат со судбината и животите на 700 вработени и нивните семејства. Бараме од Министерството конечно и да направи анализа и со документи да потврди кој го загадува Тетово!


Можеби ќе ве интересира

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот