25 Ноември, 2024
0.0298

Ѕвонко Станковски Директор на Дирекција Трежри во УНИБанка

ИНТЕРВЈУ СТАНКОВСКИ: УНИБанка исплаќа 9 проценти фиксна годишна камата на перпетуалната обврзница

Објавено во: Економија, Интервјуа 22 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска ќе биде исплатена четвртата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници што ги издаде УНИБанка. Таа беше прво друштво што во 2019 година издаде вакви обвврзници кои сега котираат на Македонска берза, а Ѕвонко Станковски директор на Дирекцијата Трежри во банката во интервју за Фактор вели дека инвеститорската јавност веднаш го препознала и го прифатила овој нов инструмент како долгорочна инвестиција. Вели дека оние кои одлучија да инвестираат во овој инструмент донеле мудра  одлука и  си обезбедиле фиксни приходи за идниот период. Впрочем сопствениците добиваат фиксна годишна  каматна стапка од 9 проценти со полугодишна исплата на каматата. Тоа за Станковски е одлична инвестиција која носи солиден принос на долг рок со прифатливо ниво на ризик. Патем во минатите две години биле реализирани тргувања со обврзницата преку Македонската берза во неколку трансакции по цени повисоки од номиналната, што укажува за атрактивноста на оваа обврзница.

Како од овој аспект сега гледате на овој пионерски обид?

Станковски: На 21 јануари 2019 година УНИБанка ја издаде првата емисија на перпетуални обврзници во Република Северна Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал. Во изминативе две години  се исплатени четири полугодишни камати на сопствениците на обврзниците. На 01 март 2021година обврзницата бешекотирана на Македонската берза на официјалниот пазар на сегментот други хартии од вредност. Од денешен аспектсеуште се чувствува влијанието на новитетот кој беше воведен  на нашиот пазар на капитал. Самиот процес на издавање помина во две фази и тоа прво беше прифатена иницијативата на УНИБанка од Комисијата за хартии од вредност со цел овој инструмент да биде признаен како хартија од вредност и да ги има сите атрибути на  капитален инструмент со кој може да се тргува на секундарниот пазр. Со прифаќање на оваа иницијатива  од  страна на Комисијата за хартии од вредност се отвори можноста на банките да го користат овој иструмент како извор за финансирање на дополнителен долгорочен капитал.Втората фаза претставуваше издавањето на перпетуална обврзница  од страна на Банката и тоа преку една сеопфатна активност вклучувајќи го самото дизајнирање на производот и неговата продажба  на инвеститорите.

Процесот на издавање се реализираше во соработка со повеќе институции кои со задовоство ја прифатија оваа иницијлна понуда и дадоаголем допринос во овој пионерски проект како: Народна банка, Комисија за хартии од вредност, Централниот депозитар и Македонската берза со кои требаше да се усогласат прописите кои ја регулираат оваа материја.

Инвеститорската јаваност веднаш го препозна и прифати овој нов инструмент како одлична долгорочна инвестиција за диверсификација на нивното портфолио од домашни хартии од вредност и зголемување на приносите.

По консултација со нивните регулаторни тела и законските прописи за  дозволеноста за  ивестирање на примарниот пазар во овој инструмент и секако нивната проценка на самата инвестиција од аспект на профитабилноста и превземениот ризик, дваест инвеститори го запишаа вкупниот износ на емисијата од пет милиони евра.

Целокупниот ангажман и процес на издавање на задоволство на сите учесници беше завршен за рекордно кратко време. Во изминатиот двегодишен период беа реализирани тргувања со обврзницата преку Македонската берза во неколку трансакции по цени повисоки од номиналната, што укажува за атрактивноста на оваа обврзница.

Што впрочем добиваат и што ова значи за имателите на обврзниците? Тие се запишани на некој начин во корпоративната историја на земјава од овој аспект?

Станковски: Емисијата на перпетуалните обврзници беше наменета за познати купувачи вкупно дваесетдомашни, странски, физички и правни лица. Истите беа охрабрени да инвестираат во овој инструмент преку една сеопфатна презентација подготвена  од  нашиот тим  за пазарот на капитал во нашата земја, меѓународните финансиски  пазари  и за  Банката од аспект на  нејзините резултати во изминатите неколку години, иднити развојни планови на Банката  и  придобивките од издавањето на обврзницата. Оние кои одлучија да инвестираат во овој инструмент донесоа мудра  одлука и  си обезбедија фиксни приходи за идниот период. Впрочем како што може да видите сопствениците добиваат фиксна годишна  каматна стапка од 9 проценти со полугодишна исплата на каматата. Со еден збор одлична инвестиција која носи солиден принос на долг рок со прифатливо ниво на ризик.

Кои се карактеристките на овие обврзници? Тогаш предизвикот беше голем.

Станковски: Перпетуалните обврзници се со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра. Обврзниците се издадени како неограничено преносливи, субординирани, трајни обврзници, обврзници кои носат  фиксна каматна стапка од 9 проценти годишно во првите пет години и 11 проценти по истекот на првите пет години. Исплатата на камата е полугодишна на 22 јануари и на 22 јули секоја година. Обврзниците котираат и се тргуваат на Македонската берза на  официјалниот пазар на сегментот берзанска котација - други хартии од вредност. Тргувањето се врши во денари. Обврзниците може да се откупат од Издавачот по негово сопствено видување по нивниот номинален износ и тоа  во целост во првите  пет години по датумот на издавање,  а врз основа на претходна  согласност од НБРСМ.

Главен мотив на инвеститорите секако беше високата каматна стапка и приносот кој го носат обврзниците. Треба да напоменеме дека оваа инвестиција не е депозит или класична должничка хартија од вредност за кои вообичаено банките плаќаат пониски каматни стапки. Светска пракса е хибридните инструменти да се со повисока каматна стапка и поголем принос што е случај и со перпеталната обврзница, која како што се гледа од карактеристиките си има свои предности но и одредено прифатливо ниво на ризик за инвеститорите. Вреднувањето на секундарниот пазар – Македонската берза покажа дека овој инструмент е атрактивен за инвеститорите, кои платија цена со премија над номиналната вредност и дава можност на инвеститорите да можат доколку одлучат да ги продадат по фер цена.


Што значеше ова за УНИБанка? Планот беше банката да се презентира како сериозна банка и да се овозможи сериозен раст, какви се показателите?

Станковски: Одлуката да се издаде ваков хибриден инструмент кој ги има обединето карактеристиките на акциите и обврзниците, е без рок на доспевање, има можност да се тргува со истиот, произлезе од неколку потреби на Банката и очекувањата на инвеститорите. Банката во тој период бележи  кредитен бруто раст над пазарниот пораст, пораст на активата и добивката. Со цел да се подржи овој тренд беше потребно да се обезбеди дополнителен капитал кој ќе обезбеди континуитет во зголемување на пазарното учество. Најприфатлив инструмент за менаџментот и акционерите на Банката беше овој инструмент кој е широко прифатен од водечките европски и светски банки кои го користат овој инструмент со релативно повисока камтна стапка од стандардните должнички инструменти. 

Банката со овој инструмент обезбеди пет милиони евра дополнителен основен капитал од ниво еден. Ова претставува сериозна поддршка на кредитниот раст за нови 70 милиони евра само од овој инструмент во петгодишниот период, зголемување на добивката на банката за дополнителни три милиони евра, реинвестирање на добивката и оптимализација на повратот на капитал (РОЕ) што претставува зголемување на стапката на адекватност на капиталот за нови  2,36 п.п. и одржување на повисоко ниво од пропишаното ниво на адекватност на капиталот. Денес Банката има највисока адекватност на капиталот од нејзиното постоење што укажува на постигнатата цел од овој инструмент кој дава голем потенцијал за раст. Тековната и очекуваната профитабилност на Банката обезбедува лесно сервисирање на атраквивната  камата и  трошок за  перпетуалната обврзница. Ова се добри  сигнали за инвеститорите од аспект на потенцијалот  раст, стабилноста  и профитабилноста на Банката.

Издавањето на овој инструмент секако придонесе за  поголем имиџ на Банката како сериозен учесник на пазарот на капитал и голем поттик за тимот на Банката во изнаоѓање на  нови иновативни решенија.

Вие сте долгогодишен познавач на пазарот на хартии од вредност, сметате ли дека има во земјава база за развој на вакви хибридни финансиски инстументи?

Станковски: Со донесената Одлука од страна на Комисијата за хартии од вредност се создаде институционална рамка банките да го користат овој инструмент како извор за финансирање на дополнителен основен капитал. Останува банките да одлучат дали ќе го вклучат во своите развојни планови и долгорочни  стратегии како еден од начините за зголемување на капиталот и потенцијалот за раст. Секако и инвеститорите  би сакале да го имаат овој инструмент со висок принос во своето портфолио. УНИбанка ја искористи таа можност, ја издаде и ја котираше перпетуалната обврзница на Македонската берза и даде максимален придонес во транспарентноста на овој процес.

И како, со оглед на се, очекувате да се развива пазарот?

Станковски: Очекувам  овој сегмент на пазарот на Македонската берза допрва да се развива за што има голем потенцијал и интерес од домашните и странски инвесетитори. Искуството покажува дека и водечките банки го користат овој инструмент со релативно повисока каматна стапка од стандардните инструменти со оглед на карактеристиките кои ги има инструментот. Можноста која ја дава инструментот за предвремен откуп и рефинансирање го прави атрактивен за издавачите. Инвеститорите добиваат релативно повисоки приноси од вообичаените со прифатливо ниво на ризик.

Кои се од овој аспект плановите на УНИБанка?

Станковски: УНИБанка планира да се врати на пазарот на капитал како активна членка на Македонската берза и да даде свој удел во тргувањето со хартии од вредност на домашниот и меѓународниот пазар на капитал.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија