19 Декември, 2025
0.0559

ИНТЕРВЈУ ТРПЕСКИ: Македонци купуваат акции на Њујоршка, Франкфуртска и Лондонска берза, интересот се поголем

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2021 07:28

Добивај вести на Viber

Долг период, дурии во време кога вложувањето во акции на домашен терен доживуваше бум, македонските граѓани не можеа д авложуваат во хартии од вредност во странство и покра тоашто имаше континуиран интерес. Тоа беше ограничено, но со преминувањето на Македонија во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација им беше овозможено на домашните банки да посредуваат при купопродажбата. Петар Трпески, од Дирекцијата за тргување и финансиски пазари на Шпаркасе банката во интервју за Фактор вели дека со воведувањето на оваа услуга, домашните правни и физички лица добија можност да купуваат и продаваат хартии од вредност на најголемите светски пазари на капитал, а засега има многу голем интерес.

Сега секако и интересот се базира на поиздржани одлуки, но Шпаркасе банка беше една од првите кои нуди вакви услуги. Какви можности практично имаат граѓаните и правните лица моментно во однос на тргувањето со хартии од вредност во странство?

Трпески: Со воведувањето на оваа услуга, домашните правни и физички лица добија можност да купуваат и продаваат хартии од вредност на најголемитесветски пазари на капитал. На тој начин тие не се повеќе ограничени само на домашната понуда, туку можат да креираат сопствени портфолија според трендовите на меѓународните финансиски пазари и глобалната економија. Користејќи ја оваа придобивка, инвеститорите можат да остварат повисоки приноси кога светските пазари се во пораст, да се штитат од инфлацијата кога постои таков ризик, да штедат инвестирајќи во хартии од вредност издадени од најголемите светски инвестициски фондови, итн.


Какви услуги практично нудите вие, за кои земји, за акции кои котираат на кои берзи впрочем?

Трпески: На нашите клиенти им овозможуваме да тргуваат со хартии од вредност на најголемите светски берзи, на брз и безбеден начин, усогласен со сите светски стандарди. Во тој контекст, може да се тргувасо акции, ETF-ови и обврзници на повеќе од 40 најголеми светски пазари, вклучувајќи ги HYSE, NASDAQ, Euronext, Vienna Stock Exchange, London Stock Exchange, XetraFrnkfurt и други. Конкретно, домашните инвеститори можат да купат хартии од вредност издадени од најголемите светски компании, како што се Apple, Tesla, Volkswagen, SAP,Ali Baba, Deutsche Bank, и многу други. Понатаму, достапни се уделите на Erste Asset Management и други најголеми светски инвестициски фондови како што се Black Rock,Fidelity и други, во кои инвеститорите можат да стекнат удели во ETF-ови кои инвестираат во технолошки развој, зелена енергија, здравство и други сектори. На крајот, поискусните инвеститори можат да вложуваат и во голем број брзорастечки компании со потенцијал за остварување на натпросечни приноси.

Откако почнавте да ја нудите таа услуга каков е интересот и на физичките и на правните лица поединечно?

Трпески: Како што очекувавме, интересот е многу голем и има тенденција постојано да се зголемува. Либерализацијата на девизниот режимсама по себе ја зголеми побарувачката за инвестирање на странски берзи, но силно влијание секако имаат плиткиот локален пазар, ниските каматните стапкина депозитите (како и другите инструменти со фиксен принос) и движењата во меѓународната економија. Илустративно, во изминатите 10 години депозитите по видување на населението се зголемени за повеќе од три пати и изнесуваат околу ЕУР 2,5 милијарди. За истиот период, просечните каматни стапки на депозитите на население се намалија од околу 8 отсто во 2010 година, на 0,83 процентиво јули 2021. Во услови наниски каматни стапки, сопствениците на депозитите имаат реална потреба да ги алоцираат вишоците парични средства во други класи на финансиски инструментикористејќи ги меѓународните финансиски пазари. Поради се ова, интересот на домашните физички и правни лица за инвестирање во странствое веројатно и понатаму забрзано да расте.


Дали граѓаните кои сакаат да тргуваат се информирани во однос на акциите, перформансите на компаниите, дали знаат каде треба да купат, во што да инвестираат?

Трпески: Станува збор за многу важно прашање. Инвестирањето во странство отвора простор за остварување високи приноси, но исто така, има потенцијал да ги изложи инвеститорите на висок ризик. Поради тоа, неопходно е добро познавање на меѓународните финансиски пазари иглобалната економија, со едновремено следење на резултатите на индивидуалните издавачи. Во овој дел треба да се потенцира дека пазарите во развиените земји се карактеризираат со законски регулирана висока транспарентност, така што сите потребни информации за носење одлука за вложување се на располагање на инвеститорите. Секако, одговорноста за соодветна анализа и селектирање на инвестициите ја имаат самите инвеститори.

Која група граѓани има афинитети и тргува со акции надвор? Колку клиенти вие сте имале досега?

Трпески: Структурата на инвеститорите е различна и диверзифицирана според возраста, професијата и големината на вложените средства. Со оглед дека не постојат ограничувања на износите на вложувањата, интерес постои кај сите групи на граѓани – вработени, сопственици на бизниси, студенти, пензионери... Во слободна класификација, инвеститорите може да се категоризираат во две групи. Едната која управува со веќе акумулирани вишоци на ликвидни средства од претходни периоди и другата која вложувањето на меѓународните пазари го врши како дел од перманентното штедење преку издвојување на дел од редовните приходи.


Освен брокерски нудите и старателски услуги, индексирано вложување. За што станува збор?

Трпески: Од аспект на критериумите сигурност и флексибилност за клиентите, старателските услуги се најважниот делод инфраструктурата за тргување. Во тој дел, Шпаркасе како дел наERSTE&SPARKASSE Групацијата ги овозможува највисоките светски стандарди за инвеститорите. Со користење на старателските услуги клиентите можат во било кој момент да купат и продадат хартии од вредност кои се издадени во странство, да ги чуваат во своја сопственост на неопределено време, како и да ги остварат правата на дивиденди, камати, глас и друго. Старателските сметки се издвоени од имотот на банката, а меѓународната мрежа на депозитари и суб-чуварот на имот овозможуваат ажурирање со корпоративните акции на дневна основа.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии