19 Декември, 2025
0.0565

ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ ИМА АКО ИМААТ ДОВЕРБА ВО ВЛАДАТА: Битиќи - Македонија ќе биде енергетски стожер на Балканот

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021 12:14

Добивај вести на Viber

Македонија ќе стане енергетски стожер на Западен Балкан, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на самитот на Западен Балкан кој во Скопје го организира The Economist. На дискусијата за закрепнувањето на економиите и државите во постковид периодот Битиќи зборуваше за предизвиците со кои се соочува домашната економија. Во услови на енергетска криза на меѓународен план, рече дека Македонија е посветена да инвестира за да ја подобрува конкурентноста на економијата, но и доста енергетски инвестиции.

„Земјите од овој регион и Југоисточна Европа треба да работат на синџирите на снабдување кои во моментов не се одржливи. Ова ќе не доведе до регионално напредување и затоа велам ајде да ја јакнеме регионалната конкуренција. Секако сметам дека Северна Македонија е конкуретнтна од неколку аспекти, особено географската локација, центар на главни енергетски коридори и затоа можеме да станеме енергетски стожер на Балканот. Секако и определбата на Владата за поддршка на инвестициите, рече Битиќи.

Побара приватниот сектор да се дигитализира и да се прилагоди.

Поранешниот претседател на Еврогрупата Јерун Диселблум рече дека мора да се работи на зголемување на продуктивноста на трудот, а за постковид периодот дека клучни се фискалните, монетарните и структурните реформи.

„На фискален фронт има доста можности и предизвици. Дали ги трошиме парите на вистински работи, тоа треба да се запрашаме. Сега е важно да се инвестира во образование, затоа што сега е добро и има изгледи за раст, но колку ова ќе трае. нема ли да има следен нов шок?Што ако има?За ова треба да се размислува. Во однос на монетарната политика исто така има некои можности, ЕЦБ вели дека нема лимити и ќе помогне но секако дека има. Таа треба да обезбеди инструменти за потенцијални шокови и да пресретне идни шокови, рече Диселблум.

Додаде дека најважни се структурните реформи и рече дека сите инвеститори треба да се сигурни и тоа треба да го обезбедат Владите.

Кога зборуваме за инвестиции мора да се обезбеди дека тие инвеститори ќе имаат доверба во Владата. 

„Сите прашуваат дали може да инвестирам, дали можам да и верувам на Владата, дали ми е заштитетн капиталот, дали ќе бидам заштитен како малцински акционер, дали има корупција, дали системот е ефикасен, рече Диселблум. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии