28 Ноември, 2024
0.0327

Инвеститорите загрижени: Ердоган не го избра најдобриот момент да покажува сила!

Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Турските акции на берзата во Истанбул поевтинија над 10 проценти, лирата падна до 16-месечно дно, а приходите по должничките обврзници скокнаа во понеделникот како прва реакција на инвеститорите на тековните антивладини протести, придружени со насилство во Турција, пишува „Reuters“. Причината за ова е тоа што економијата не е во најдобра состојба - стапката на раст падна од 9,2% во 2010 година до 2,6% во 2012 година. В0 април трговскиот дефицит скокна до 10,3 милијарди долари од 6,6 милијарди долари на крајот на 2012 година. Земјата има растечки дефицит на тековната сметка - меѓу 5,9% и 9.75% од БДП во последните три години, а прогнозите на ММФ се од 6,8% (2013), 7.3% (2014) и 8,4% (2015). Тоа значи дека земјата е зависна од расположението на странските инвеститори. Од избувнувањето на немирите во петокот наваму се зголемија приносите на двегодишните должнички обврзници од 5.9% на 6.7%. Во исто време е факт е дека турската економија е најбрзо растечката во Европа. Приходот по глава на жител тројно пораснал за последната деценија до над 10 илјади долари и економистите очекуваат дека тоа ќе продолжи. И во сето ова пораката на инвеститорите е јасна - Премиерот Реџеп Таип Ердоган се уште е "нивниот човек", но не избрал најсоодветно време да се држи агресивно и непопустливо кон демонстрантите. Демонтрациите кои избија во крајот на минатата недела поради уништвањето на парк во Истанбул, се претворија во широка платформа за изразување на незадоволство од политиките на власта и премиерот. Во понеделникот улиците на Турција беа помирни поради почетокот на работната недела. Премиерот повика на смиреност и замина на претходно планираната посета на земји од Северна Африка. Што мислат аналитичарите? „Ако ова трае подолго, ќе стане проблем, ризикот е дека ако сето ова продолжи можно е насилството да ескалира и тоа ќе помине на целосно друго ниво", изјави Тимоти Еш, шеф на истражувачкиот оддел за развој пазари во „Standard Bank“. Според него коментарите на Ердоган покажуваат дека премиерот нема да омекне во своето однесување и нема да потклекне пред притисокот на улица. „Не мислам дека протестите ќе имаат некакво влијание врз економијата", вели пред Ал Араби Џон Сфакианакис од „Masic“, компанија за семејно инвестирање од Саудиска Арабија, но додава дека ако протестите продолжат подолго може да се случи и поинаку. Според зборовите на економистот основите на турскиот пазар се многу цврсти и постои сериозен апетит за инвестиции во државата. „Бројките се многу оптимистички, особено во секторот на недвижности", додава тој. „Турција успева да расте со феноменална стапка. Краткорочните загуби се вознемирувачки за локалните жители. Ако ова продолжи, може да има ефект врз туризмот. Но не сум толку загрижени", дополнува Сфакианакис. Ерки Јашлак од „Турк Економи Банк“ сепак не е толку оптимист. „Политичките немири и викендов продолжуваат да се засилуваат. Продавање на турски активи веројатно ќе продолжи", вели тој. „Би очекувал турските власти, особено централната банка, да бидат поактивни во смирувањето на инвеститорите. Проблемот за неа е тоа што во текот на изминатата недела лирата падна поради загриженоста на светскиот пазар", дополнува Еш. Главниот турски индекс „Borsa Istanbul National“ 100 падна од 86 000 поени во петокот до под 77 000 поени во понеделникот. Девалвацијата на акциите на компаниите се движеше во рамките на -5% до -19%. Лирата од своја страна поевтини до 1.8920 фунти за долар. Тоа е најслабо ниво од јануари 2012 година. Што ќе прави централната банка? Нивоата на трговија беа екстремно ниски во понеделникот. „Гледаме дека големите банки не тргуваат со обврзници. Централната банка се уште не покажала што ќе преземе", коментира висок банкарски службеник за „Reuters“. Пред протестите да ги заземат вака  големите димензии во текот на викендот, во петокот гувернерот на централната банка Ердем Басча изјави дека финансиската институција може да преземе дополнителни затегнување на монетарните ремени во краток рок, откако од септември наваму неколку пати ги намали каматите за да го помогне економскиот раст. Следните избори во Турција го кријат клучот кон економската иднина на земјата, смета Сфакианакис. Во 2014 година треба да има локални и претседателски избори, како и парламентарни во 2015 година. Ако Ердоган биде реизбран, мислам дека многу од инвеститорите ќе го примат ова многу позитивно, коментира аналитичарот. Тие сеуште го доживуваат како бастион на стабилноста.“ Редакција Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда