Инвестиција вредна пет милиони евра-„Алкалоид АД“ Скопје го отвори Новиот Центар за контрола на квалитет
Објавено во: Мои пари 26 Април, 2016 14:50
Официјално пуштен во употреба „Новиот Центар за контрола на квалитет“ на компанијата лидер во фармацевтскиот сектор „Алкалоид АД“ Скопје чија успешна приказна полни осум децении се темели на континуирани вложувања.
Новиот „Центар за контрола на квалитет“е технолошко-аналитички капацитет, кој се простира на површина од 3.000 m²и во него се изведуваат следниве активности: Контрола на суровини, контактна и секундарна амбалажа; Контрола на фазно производство и готови производи; Микробиолошка контрола и стабилност на фармацевтски производи; Валидациони активности и мониторинг и Изработка на аналитичкадокументацијаза регистрационите активности за фармацевтските производи.
Капиталната инвестиција на овој Центар за контрола на лековите е вредна над пет милиони евра.
Центарот е опремен со високо софистицирана опрема од реномирани светски производители според најстрогите стандарди за добра производна пракса.
За изведувањето на предметните активности во „Центарот за контрола на квалитет“опремени се: лабораторија за влезни материјали;лабораторија за фармацевтски производ; сектор за аналитички развој; сектор за стабилност на комерцијални серии; микробиологија и оддел за приготвување документација за тековно работење и за регистрациони цели. Центарот има 2 простории за чување мостри од стабилност (секоја со површина од околу 35m²),2 простории за чување резервни мостри (со вкупна површина од околу 300m²) и придружни административни простории. За функционирање на објектот обезбедени се соодветни услови за работа, како: соодветна вентилација за одржување константна температура и квалитет на воздухот, систем за продукција и дистрибуција на прочистена вода, компримиран воздух и останати индустриски медиуми. Системот на отпадни води е соодветно решен согласно актуелните европски и светски стандарди. Работните услови од аспект на безбедност при работа се на највисоко можно ниво, осигурени со собирен „СКАТ“ систем во работните маси и соодветни безбедносни кабинети за хемикалии и гасови.
Според најавите на генералниот директор и претседател на УО Живко Мукаетов во тој центар ќе работат над 100 високо стручни извршители за која квота во моментов има 26 нови вработувања. 70% од вработените се со високо образование а дел од нив се специјалисти и магистри по науки.
Новиот „Центар за контрола на квалитет“ на „Алкалоид АД“ Скопје ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и ефикасни лекови изработени во согласност со најстрогите светски стандарди.
Во ова турбулентно време на динамики и брзи промени, првиот човек на „Алкалоид“ Живко Мукаетов рече дека ќе настојуваат да го задржат нивниот 10 годишен тренд на раст и развој преку освојување на нови светски пазари, градење на нови партнерства со светски познати и признати компании, ширење на портфолиото со нови производи, и глобализација на брендот „Алкалоид“.
На прагот од деветета деценија од основањето на компанијата во годината на нивниот 80-годишен јубилеј генералниот директор Мукаетов посака да останат во победничка форма, уште многу идни успеси на нивната компанија водени со слоганот „Здравјето пред се“.
Можеби ќе ве интересира
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026







