27 Ноември, 2024
0.0281

Инвестициските можности презентирани пред бразилски стопанственици

Објавено во: Економија 23 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Стопанска делегација од Бразил да ја посети Македонија за да се запознае подобро со деловните можности што ги нуди земјата, но и со евентуалните партнери за соработка, е договорено на бизнис форумот во Бразилија каде македонскиот владин тим ги презентира економските потенцијали и поволностите за странските инвеститори.

На форумот, огранизиран во соработка со Конфедерацијата на национални индустрии на Бразил, присуствуваа претставници на бразилски трговски и индустриски комори и приватни компании.

Премиерот Груевски во обраќањето истакна дека развојот и инвестициската насоченост на Бразил и поволностите кои ги нуди Република Македонија за странските инвеститори можат да бидат добра комбинација за унапредување на соработката меѓу двете земји.

- Бразил континуирано инвестира во развојот, во градежништвото, земјоделството, образованието, здравството и инфраструктурата, ја реформира деловната клима и гради економија базирана на знаења. Токму тука се и сличностите со мојата земја, Република Македонија, која има бројни компаративни предности и на која многу мултинационални компании гледаат како на порта кон европските пазари, која и Бразил може да ја искористи како можна поволна дестинација за бразилските инвестиции и бизниси, рече Груевски.

Тој ги истакна реформите кои се спроведуваат за унапредување на деловната клима во Македонија, како и поволностите за инвестирање, најнискиот даночен пакет во Европа и најниските трошоци за отворање и водење бизнис, поедноставувањето на административните бариери преку регулаторната гилотина, како и договорите за слободна трговија со сите земји од континентот Европа.

- Република Македонија го привлече вниманието на светската инвеститорска заедница со нејзиниот брз и сигурен поход кон првите позиции на најреформски ориентирани земји, според угледниот „Дуинг Бизнис“ извештај на Светската Банка и тоа веќе неколку години по ред. Во последно објавениот извештај, Република Македонија се наоѓа на 23-та позиција меѓу 185 земји и е највисоко рангирана во однос на која било транзициска економија од Југоисточна Европа. „Прајсвотерхаус Куперс“ во својот извештај „Плаќањето даноци“ за 2013 година ја прогласи нашата земја за 24-та најпријателски настроена земја во светот во однос на даночниот товар и даночниот третман на бизнисите. „Форбс“ објави дека Република Македонија е второрангирана во Југоисточна Европа во однос на квалитетот на деловното окружување, изјави премиерот Груевски.

Тој ги покани бразилските компании да ја посетат Македонија и да направат анализи и истражувања за нашите компаративни предности за да увидат дека станува збор за конкретни и опипливи, но и проверени опции за успех кои досега ги искористиле повеќе странски реномирани компании.

Директорот на Конфедерацијата на националната индустрија за Бразилија Карлос Едуардо Абиџоди се заблагодари за можноста бразилските бизнисмени да ги слушнат поволностите за инвестиции директно од страна на високи политички претставници и нагласи дека интерес на коморите и компаниите од нивната конфедерација е да ја посетат Република Македонија за да направат дополнителни анализи, истражувања и проценки за напредок во процесите.

- Беше многу интересно да се слушне како Македонија ги спроведува реформите со цел да се создадат добри услови за бизнис. Истото се обидуваме да го направиме во Бразил, рече директорот Абиџоди.

Според него, бразилската ќе може да научи многу од македонската Влада за спроведување на реформите.

Ренато де Фонсека, директор за развој на Конфедерацијата на индустрии на Бразилија, високо ги оцени македонските реформи посочувајќи ги како пример и модел кој треба да се практикува од земјите кои се промовираат како поволни дестинации за водење бизнис.

- Мислам дека ваквите состаноци се од суштинско значење бидејќи претприемачите од секоја земја може да се запознаат меѓусебно. Делегација од Бразил би можела да ја посети Македонија со цел да ја запознаат земјата и да се види што може да се направи заедно, односно дел од активностите да се спроведуваат во Македонија, а друг дел во Бразил, рече Фонсека.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески се осврна на макроекономските индикатори на Македонија кои, како што посочи, нудат соодветно, функционално и предвидливо опкружување кое е поволно за планирање на бизнисот, неговото водење и раст и развој.

- Македонската економија во континуитет се одликува со нагласена макроекономска стабилност и просечна стапка на инфлација од 2,1 процент во изминатите петнаесет години. Имаме среднорочна политика на низок буџетски дефицит од 2,5 проценти од БДП, што резултираше со низок надворешен долг, посочи Ставрески, осврнувајќи се и на неколку конкретни проекти за развој на туризмот и енергетиката во земјата.

Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак презентираше повеќе аспекти за можностите за инвестиции во автомобилската индустрија и информатичката технологија и проектите и придобивките од инвестициите во областа на инфраструктурата.

Директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида ги презентираше поволностите кои ги нудат технолошко - индустриските развојни зони, даночните ослободувања и поволностите кои важат за нив и државната помош која се овозможува на инвеститорите. Зборуваше за можностите за соработка во областа на земјоделството и развојот на технологии.

Во текот на денешниот ден владината делегација ќе присуствува на бизнис форум во Сао Паоло каде ќе оствари и повеќе средби со претставници на бразилските трговски и индустриски комори и бизнисмени

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции