iPad држи 78% од веб сообраќајот на таблетите
Објавено во: Мои пари 04 Август, 2014
Кога е во прашање протокот на интернет на таблетите, iPad и понатаму останува неприкосновено на прво место. Бројките минимално се намалија со годините, но и по натаму се драстично поголеми во случај на било кој друг таблет или група на други продавачи на таблети.
Дури 78% од веб протокот на таблети во Америка и Канада се одвива на iPad уредите. На второ место се наоѓаат Samsung таблетите со 6,3%.
Интересно е дека Samsung таблетите во случајот на ова истражување забележале најголем пад, од дури 2% што се поклопува со помал број на продадени Samsung таблети во последниот период.
Продавачите кои наоѓат под трето место не забележале поголема промена од 0,2% во однос на претходниот период.