(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца
Објавено во: Свет 15 Јуни, 2025 08:34
Веќе три дена по ред Израел и Иран меѓусебно се напаѓаат.
Најмалку осум луѓе загинаа, вклучувајќи и деца, откако Иран лансираше повеќе од 100 балистички проектили кон Израел и спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините на уништените станбени згради. Иран изведе две серии напади, чија мета беа и Тел Авив, Ерусалим и Хаифа. Жртви има во Бат Јам близу Тел Авив и Тамра во северниот дел на земјата.
Засега не е познат бројот на жртви во Иран, кој кажа дека 78 луѓе загинале на првиот ден од нападите.
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека конфликтот може лесно да се реши, без да изнесе детали за тоа и го предупреди Иран да не напаѓа никакви американски мети.
„Ако бидеме нападнати на кој било начин и во која било форма, врз Иран ќе се спушти целосната моќ на американските вооружени сили“, рече тој.
Израел вчера за првпат нападна и гасни полиња во Иран. Иран ги повика големите сили да не се мешаат и да не го бранат Израел, затоа што ќе сносат последици.
Францускиот претседател Емануел Макрон застана во одбрана на Израел.
Инаку, Израел вчера нападна цели во Техеран и делови од градот гореа.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




