20 Декември, 2025
0.0565

Иран одбива да го намали производството на нафта

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2016 10:16

Добивај вести на Viber

Иранските власти соопштија дека не гледаат смисла во ограничување на производството на нафта и немаат намера да се приклучуваат на соодветнaта спогодба склучена во вторникот во Доха меѓу Русија и три земји од ОПЕК, пренесе BBC.

Според зборовите на претставниците на иранските власти одговорни за интеракцијата помеѓу Иран и ОПЕК, многу земји го зголемувале производството на нафта во времето кога Техеран бил под санкции.

Сега, кога овие санкции се симнати, Иран, исто така има намера да го зголемува производството на нафта.

Одлуката на Техеран го прави невозможно остварувањето на постигнатиот договор во Доха .

Инаку, како што објавивме вчера Саудиска Арабија и Русија се согласија да го замрзнат производството на нафта за одреден период.

Али ал-Наими изјавил после состанокот со рускиот колега дека мерката за замрзнување на производството е „адекватна“, но дека државата и понатаму сака да ги задоволи потребите на потрошувачите. Исто така нагласил како замрзнувањето на производството на јануарското ниво е доволно за цел пазар.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба