19 Декември, 2025
0.1083

Иран се враќа експресно, што ќе прави конкуренцијата?

Објавено во: Економија 20 Април, 2016 10:14

Добивај вести на Viber

Иранското производство на нафта за два месеци ќе го достигне нивото на кое беше пред воведувањето на санкциите за Техеран.

Ова го објави иранската новинска агенција ИРНА цитирајќи ги зборовите на заменик иранскиот министер за нафта Рокнедин Џавадија.

Тоа, како што оценува Ројтерс, би можело да биде сигнал дека оваа членка на ОПЕК е спремна на наредниот состанок на нафтениот картел, кој се одржува на 2 јуни во Виена, да разговара за ограничување на производството.

Достигнувањето на нивото на производство од периодот пред санкциите, според зборовите на заменик министерот би можело да биде реализирано до крајот на иранскиот месец хорадад шт паѓа на 20 јуни.

Преговите помеѓу членките и нечленките на ОПЕК кои го ограничуваат производството минатиот викенд доживеаја колапс, бидејќи Саудиска Арабија инсистирала на тоа сите членки на ОПЕК  вклучувајќи го и Иран, но и нечленките да се приклучат кон договорот.

Иран, на кој санкциите му се укинати во јануари е загрижен поради преголемата понуда на глобалниот пазар, но инсистира на враќање на сопственото производство на ниво на кое беше пред санкциите.

Иранското производство на нафта се движело благо под четири милиони барели дневно пред воведување на санкциите на иранската нафтена индустрија во 2011 и 2012 година.

Иран минатата недела го надминал производството од 3,5 милиони барели дневно.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?