29 Март, 2024
0.0239

Ирена Спировска си ја отвори душата: Кобната болест ми ја зема мајката

Објавено во: Стил 15 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Мајка ми почина од рак на дојка кога имав 10 години. Знам како изгледа кога некој се бори со оваа болест и што значи тоа за целото семејство. Сочувствувам со сите оние кои водат борба со ракот. Нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје. Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското. Дваесет и пет години подоцна, Ирена Спировска е синоним за успешна и богата телевизиска кариера. Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани. Таа е и активен член на НВО „Борка“.

Женски Магазин - Активист - волонтер си во НВО Борка и член на Извршниот одбор. Дали некое лично лошо здравствено искуство те натера да им помагаш на жените кои се борат против ракот?

Ирена: Мајка ми почина од рак на дојка кога имав 10 години. Знам како изгледа кога некој се бори со оваа болест и што значи тоа за селото семејство. Сочувствувам со сите оние кои водат борба со ракот. Инциденцата на заболени од карцином на дојка сè уште е многу голема,но за разлика од порано сега медицината е многу напредна и постојат многу посовремени и поефикасни начини на терапија,што им дава многу поголеми шанси на заболените да ја победат болеста и да продолжат да живеат. Сепак, најважна е раната дијагностика и затоа е важно што почесто да се зборува за овие работи и да се подигне свесноста за редовните самопрегледи, ехо и мамографски прегледи.Раната дијагноза е најдобрата превенција и може да ви го спаси животот, вашите деца заслужуваат мајчина прегратка,вие заслужувате живот.Најдете време!-кажа Ирена при едно интервју за Женски магазин, кое може да го прочитате тука.