20 Декември, 2025
0.0641

Ископување на минерални богатства: фирмите се тепаат за концесии, а потоа не ги плаќаат?

Објавено во: Економија 31 Март, 2013 10:18

Добивај вести на Viber

Минатата година државата  наплатила 7,3 милиони евра од концесионерите на минерални суровини. Најголем дел од оваа сума, односно  5,7 милиони евра завршиле во буџетите на општините каде се врши експлоатацијата на рудата, додека останатите во Буџетот на државата. Наплатата на концесиските надоместоци во последните две години драстично е зголемена, но сепак дел од концесионерите и натаму доцнат со плаќањата.

Сепак, според сознанијата на Фактор, пред неполн месец Министерството за економија доставило известувања до сите концесионери кои имаат заостанат долг на име концесиски надоместок и им е даден рок од 30 дена да го уплатат неплатениот концесиски надоместок. По истекот на овој рок, најверојатно ќе се одземат концесиите на оние концесионери кои нема да го платат долгот.

„Концесионерите надоместоците ги наплатуваат директно на државната буџетска сметка, од каде понатаму по изработен софтвер во Министерството за финансии, директно се издвојува процентот за општината на чија територија се врши концесиската дејност и веднаш се трансферираат во општинскиот Буџет. Така што, од страна на државата овие средства не се задржуваат, меѓутоа се случува концесионерите да доцнат со плаќањата“, велат од министерството за економија за Фактор.

Сепак посочуваат дека се прават редовни  контроли и се упатуваат известувања до сите концесионери со укажување да го платат заостанатиот долг, а воедно се информираат и за законските мерки и последици од неплаќањето на истиот.
„Ова е и со цел да се ослободат локалитетите со минерални суровини од концесионерите кои несовесно или воопшто не управуваат со доделените концесии. Истовремено, Министерството за економија има воспоставено и редовна соработка со Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за техничка инспекција, кои исто така вршат контрола над плаќањата на концесиските надоместоци.

Во земјава за 308 концесионери

Според податоците на Фактор, во земјава има 308 концесионери. Од нив најголем број се лоцирани во Западна Македонија, пред се во Гостиварскиот и Прилепскиот регион, а  особено е интересен Дебарскиот регион бидејќи таму го има гипсот во многу чиста форма, кој е атрактивен  за пласаман на странските пазари.

Најатрактива општина, за овој бизнис е Гостивар со оглед дека таму има голем број на наоѓалишта на варовник, кој како минерална суровина наоѓа примена во градежната индустрија, која е една од најзначајните индустриски гранки во земјата. Во оваа општина, минатата година се слеале околу 4 милиони денари од конецииите.

Во Маврово-Ростуше не се врши експлоатација, бидејќи таму се наоѓа Националниот парк Маврово, додека во сите останати опшштини во земјава има по некоја концесија.

Интересот за овој бизнис во земјава станува се поголем со оглед на сумите кои се плаќаат, но и со оглед на бројот на доделени концесии кои се зголемува. Имено, Министерството за економија во 2012 година има доделено вкупно, 36 договори за концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини и 41 договор за концесии за експлоатација на минерални суровини. Додека во 2013 година досега доделени се 5 договори за концесии за експлоатација на минерални суровини,  а  се очекува до крајот на месец мај да се склучат уште најмалку 50 договори за детални геолошки истражувања и 10-тина договори за експлоатација на минерална суровини.

Дополнително минатата година беше објавен повик за доделување на конесии за геолошки истражувања за 61 локалитет, каде интерес пројавија домашни и странски компании за 50 тина локалитети. Постапката за нивно склучување се очекува да се реализира по завршувањето на локалните избори.

Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба