28 Март, 2024
0.0257

Искористете ги скриените можности - Лидерство во предизвикувачки времиња

Објавено во: Колумни 16 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Комплексност, непредвидливост, промени, адаптирање се најчести зборови во нашиот јазичен репертоар изминатите неколку недели. Се се менува многу брзо,  се рушат многу наши претпоставки за тоа како животот треба да изгледа, за системот, за работата, за се. Работите се менуваат од ден во ден. Не можеме да се потпреме на предвидувањата и плановите. Повикани сме да работиме на начини кои се целосно различни за нас. Предизвикани сме да најдеме нови релевантни опции за да ја надминеме ситуацијата и да тргнеме кон можностите.

Некако успеваме полека да се навикнеме на овој нов начин на функционирање и да воспоставиме нови рутини, меѓутоа стравот од неизвесноста, стравот од губење на работата, прекинати значајни проекти, недостатокот на внимание, стресот и притисокот се само некои од работите со кои се соочуваат вработените и кои создаваат нестабилност.


Па како креираме стабилност и како почнуваме да се движиме кон можностите­? И како овозможуваме лидерство во овие времиња?   - се работите на кои давам осврт во овој текст.

Најпрвин од се, пред да прејдеме на можностите е да креираме состојба на стабилност. Штом ќе креирате стабилност, почнувате да гледате напред во иднината и кон потенцијалните можности. Колку и да е првокативно во овој период да зборуваме за можности, сепак оваа пандемија може да се протега низ подолго време. Не знаеме. Па ако само се концентрираме на стабилноста, ќе изгубиме многу моментум. Сакаме да ја задржиме организацијата на начин луѓето да сакаат да бидат дел од неа и да сакаат да работат за неа.

Да почнеме од најдобрите практики за креирање на состојба на стабилност

-  Насоки, водство

Прво нешто што лидерите треба да го имаат во предвид е дека луѓето очекуваат насоки и водство. Тие бараат начини како да соработуваат, како да контактираат со другите. Некои основни правила веројатно веќе имате, па продолжете фреквентно со вашата видлидвост. И во ваква ситуација, кога никој не знае со сигурност што ќе се случува, како ќе се случува и до кога, треба да знаeтe да кажете:  Не знам, но ова е начинот како ќе комуницирам со тебе.”  Да им кажете на луѓето како доаѓате до решенијата. И колку појасни сте околу тоа, повеќе стабилност и ќе имате.

-  Проширете го вашето време и видливост низ целата организација

Луѓето се сега на различни страни, физички оддалечени. Треба да го проширите вашето време низ целата организација. Често за време на други кризни ситуации се случува да го поминете времето со луѓето на клучните менаџерски позиции – а со тоа праќате неколку различни пораки. Првата е – дека ова е навистина лошо. Така поттикнувате стрес и анксиозност кај вработените, а тоа не помага. Друго, кога луѓето не знаат што се случува почнуваат да создаваат свои перцепции и приказни за тоа што се случува. Многу е важно да бидете јасни, комуникација низ целата организација и на сите нивоа. Тоа мотивира.

-  Соработка и кооперативност

Сега е време за соработка, а не за натпревар. Сега е време почесто да се комуницира со сите вработени одошто тоа вообичаено го правиме.

Често лидерите чувствуваат дека треба да дојдат со одговори, да ги имаат сите одговори, дека треба да бидат експерти, а во ситуација како оваа тоа е невозможно. Треба да знаете како да прашате за помош, но повторно, да бидете многу јасни и специфични за каква помош прашувате. Би требало да поставите прашања како: Ми треба твоја помош при разгледување на опции за да можам да донесам најдобри одлуки “, или за да може бордот да донeсе одлука и сл. Значи, да прашате и да посегнете по одговори, наместо да се оддалечите е многу важно и за вашиот непосреден тим, но и за вашите колеги од другите оддели. Соработката со вашите соработници и со останатите оддели е клучна, бидејќи никој од нас не знае како да управува со оваа ситуација, работите се менуваат од ден во ден и организацијата ќе биде посилна доколку заедно работите на решенијата.

-  Покажете грижа и поддршка

Специфично за оваа пандемија е што луѓето се соочуваат со пресврт. Нивните животи се свртеа наопаку за многу кратко време. Се е сменето. Лидерите навистина треба да разберат дека луѓето се во хаос и дека се соочуваат со тага. Зошто тага? Поради чувството на загуба - губење на идентитетот, губење на работа или страв од губење на работата, може да биде губење на омилениот проект на кој работеле па сега е откажан, губење на непосредната конекција со колегите. Како што епидемијата продолжува ние ќе знаеме за се повеќе луѓе кои ќе бидат со последици.

Лидерите треба да го препознаат тоа, да покажат дека се заинтересирани, дека се грижат и дека се достапни за поддршка.

Познавајте ги своите луѓе.  Не се плашете дека премногу ќе се приближите доколку ги прашате што се случува? Тоа е грижа. И кога имате утрински виртуелни состаноци, можеби е добро да поминете неколку минути во споделување на тоа како го поминувате периодот, да внесете хумор. Дозволете емоциите да излезат. Има различни начини да покажете грижа и човечност.

Можеби има и културни разлики во вашата компанија, па колку повеќе комуницирате со различни тимови толку повеќе треба да сте активни во покажување на заинтересиранот и грижа.

-  Рутини

Друга значајна работа за креирање на стабилност е да погледнете во рутините.  Кои рутини постојат во организацијата – кои од нив функционираат, а кои не во оваа ситуација. Задржете ги оние кои функционираат, а тоа ќе создаде континуитет.  Континуитетот додава на чувството на стабилност.

Значи задржете го тоа што функционира, воспоставете нови рутини и имајте континуитет - поставете структура. И секако останете флексибилни и прилагодливи.  Така учите многу побрзо и повеќе.

Како ќе знаеме дека имаме стабилност?

Еден од начините е да имаме чувство на смиреност. Луѓето поминуваат низ кривата на промени,  најпрвин се во паника, негирање, па тага, па почнуваат да се расправаат, но кога ќе стане малку помирно – тоа е времето кога почнувате да ги придвижувате луѓeто напред, почнувате да ги прашувате за тоа што е возможно. Секако, ќе добиете различни одговори од нив, но морате да проверувате, тоа е процес на фидбек, бидете будни, тие ќе покажат. Дури и кога не се подготвени, вие садите семе за нови можности.

 Што би можело да биде можност?

Откако ќе креираме чувство на стабилност време е да ја смениме перспективата. Од рамка “проблем” да влеземе во рамка “решенија”. Да погледнеме кон можностите.

Можност почнуваме да гледаме кога ќе се фокусираат луѓето на прашањата:  Каде сакаме да одиме во иднина? Кои можат да бидат нови бизнис можности?  Кои нови пазари?, Кои нови сервиси?, Кои нови опции за испорака? Што ново сакаме да почнеме да правиме, а што досега не сме го правеле, или не сме го правеле на тој начин?

Наметнете нова рамка - рамка на можности – Што се е возможно?

Дополнително, сега е можност да се погледне и во тоа што не функционира. Нешто што можеби не сте имале храброст претходно да го скратите. Но и да бидеме внимателни кога ќе го правиме тоа. Бидејќи светот се смени и работите кои беа профитабилни во минатото, можеби ќе бидат профитабилни и во иднина. Тоа подразбира да ги погледнеме истите, но овојпат со нови очила, со очила од иднината и со смисла за визија.

-  Технолошки можности

Мислам дека една од најветувачките можности, а имајќи ги во предвид разликите помеѓу генерациите. Младите генерации можат многу да придонесат во ова време на пандемија и тоа го гледам како многу позитивно. Миленијалците и генерациите Z (група родена после миленијалците) се вешти со сите овие технологии, брзо се прилагодуваат, одлични се во креирање на различни видови на заедници и поврзувања, за разлика од повозрасните. Мислам дека е одлична можност за соработка помеѓу нив. Постарите го имаат искуството, стручноста, имаат бизнис знаење и од друга страна младите генерации кои се напредни мислители, флуидни и комотни со технологијата. Можеме да почнеме да креираме тимови, организации во кои следните генерации ќе сакаат да работат. И тоа е голема можност.


-  Можност и за личен и тимски развој.

Како лидер, сакате луѓето да бидат проактивни, ангажирани, да мислат чекор понапред, да размислуваат за нови можности. Тоа е на организациски ниво, но исто така треба да биде и на лично ниво. Оваа пандемија креира можности за учење. Што се не научивме за ова кратко време. Во нормални вообичаени услови луѓето го тргаат учењето на страна, што според мене е грешка. Имајте разговори со луѓето, прашајте ги  – Што е тоа што го учиш сега? Што е тоа што го развиваш кај себе минувајќи низ овој период? Што откако ова ќе заврши, кои вештини ќе ти требаат? За што си заинтересиран да развиеш? Како можеме да ја искористиме оваа кризна ситуација за да се оспособиме да ги правиме работите на нови начини и кои се можностите за учење? Има многу можности сега.

И како лидер, доколку инвестирате време во вакви разговори со луѓето, луѓето ќе го ценат тоа. Тоа е акт на грижа. И вие и помагате на таа личност, што и да се случува, да се развива себеси. Потсетете ги луѓето дека ние секогаш учиме. Се е во ред. Тој вид на лојалност им помага на луѓето да станат проактивни, да создадат нов моментум и да ги поминат тешките времиња со вас.

Бидете оптимистични. Очекувајте го најдоброто. Подгответе се за најлошото. Создадете можности од тоа што е тука.

  -----------------------

Доколку ви се допадна овој текст и би сакале да следите повеќе корисни развојни содржини, следете не на социјалните мрежи:

Sensum Training and Coaching on Linkedin

Sensum Training and Coaching on Facebook

Sensum Training and Coaching on Instagram

Вашите прашања и коментари можете да ги испратете на: zorica.popovska@sensum.mk или info@sensum.mk

Зорица Поповска

Тренер за Личен и Професионален Развој

(НЛП, Коучинг)                                     


Можеби ќе ве интересира

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?