Исмаиловиќ осуден во „Монструм“ чекал азил во Косово
Објавено во: Македонија 03 Април, 2021
Бегалецот Африм Исмаиловиќ, осуден во „Монструм“, пред два дена беше уапсен во Приштина.
Неговиот адвокат вели дека чекал одобрение на барањето за азил во Косово. Како што пишува порталот „Газета експрес“, тој е уапсен случајно, кога е идентификуван од поради учество во сообраќајна несреќа. Неговиот адвокат Бесник Бериша изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и притоа надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.
Покрај Африм Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, од каде косовските власти со години не ги екстрадираат. Вчера пред Владата роднините на осудените протестираа.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.