Исламистите ја манипулираат јавноста со лажни егзекуции?
Објавено во: Свет 04 Октомври, 2017
Дел од медиумите се сомневаат дека џихадистите со лажни егзекуции го привлекуваат вниманието на јавноста.
Видео снимките кои ги објавуваат припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД), скоро секогаш предизвикуваат сомнеж во јавноста дали се работи за вистински или наместени сцени, објави британската телевизија „Скај Њуз“.
Исламистите никогаш не го покажуваат моментот на егзекуција, што доведува до шпекулации дали снимките се автентични или не. Освен тоа, уште еден детал привлекува внимание, а тоа е неверојатната смиреност на заложниците кои ја чекаат сопствената смрт.
Поранешниот припадник на ИД, кој во интервјуто што се претставува како Салех, појаснува дека џихадистите неколку пати пред вистинското погубување на заложниците им приредувале „лажно погубување“ за да ги снимаат, да кажат во камера се што имаат и потоа ги враќаат назад, а некогаш дури им викале дека нема да ги убијат.
„Им велеа: „Со тебе немаме никакви проблеми, ти си само гостин на оваа земја“- вели Салех, додавајќи дека џихадистите знаат дека со тек на време секој заложник ќе биде убиен.
Тој тврди дека за да ги уверат дека се „на сигурно“, џихадистите на заложниците им давале арапски имиња и на тој начин ги смирувале. Така, според него, на јапонскиот заложник Кенџи Готу му дале има Абу Саад.