Исландско економско чудо, како им успева?
Објавено во: Економија, Свет 03 Јули, 2016 18:36
Земјата има сигурна реална економска основа: риболов, туризам, производство на алуминиум, биоинженеринг.
Земјата во Северниот Атлантик со своите 330 000 жители веќе оствари едно чудо, ја преобрази економијата. По државниот банкрот за време на финансиската криза, Исланд се опорави за рекордно кратко време. Денес економијата се развива толку добро што Меѓународниот монетарен фонд предупредува во својот нов извештај за „прегревање на исландската економија", пишува во својата анализа Sueddeutsche Zeitung.
Но, да се вратиме назад. Во декември 2008 година Исланд се соочува со колапс. Исланд стана првата со децении богата земја, која требаше да се обрати за помош во ММФ. На 19 ноември 2008 година, Фондот доделува на земјата стенд-бај кредит од 2,1 милијарди долари, а други 3 милијарди долари доаѓаат од скандинавските земји. Земјата изгледаше распадната.
Денес сепак Исланд е една од најбрзорастечките економии во Европа. ММФ тврди во извештајот дека очекува за земјата зголемување на БДП од 4,6%. Уделот на невработеноста изнесува 3,5%, а реалните плати ќе се зголемуваат со околу 8,8%.
„Исланд е одличен пример за тоа како контролата на капиталот може да се користи значајно. Земјата успеа да се справи со банките, па да ги заштити своите даночни обврзници“ - вели шефот на последната мисија на ММФ во Исланд, Ашок Батист.
Островот на кој некогаш му се закануваше сериозна економска криза, сега напредува подобро од Грција, Шпанија, Португалија и дури од релативно успешната Ирска.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




