ИСПЛАШЕНИ ПЕНЗИОНЕРИ: Дали минорното зголемување ќе ја избрише државната помош, од Фондот за ПИОМ тврдат - се е чисто, нема никакви манипулации
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2020
Додека јавноста упорно очекува да види како ќе изгледа Законт за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, но и за пензионерите, социјалците и самохраните родители, за кој власта вели дека е испратен во собраниска процедури, но барем до вчера вечерта не можеше да се најде на сајтот на Собранието, се појавија и првите реакции кај дел од оние кои ја очекуваат помошта, или конкретно, кај пензионерите.
Имено, дел од нив тврдат дека нивните пензии се досега биле на износ од нешто под 15 илјади денари, со што го исполнувале условот да добијат државна парична помош од 6.000 денари, но со последно исплатената пензија за октомври дошле до многу непријатен податок, а тоа е дека пензијата за малку им ја надминала сумата од 15.000 денари. На овој начин тие стравуваат дека повеќе не го исполнуваат условот да ја добијат помошта од власта од околу 100 евра, која треба да им помогне да ја надминат економската криза предизвикана од ковид пандемијата.
„Се досега мојата пензија изнесуваше точно 14.950 денари, но со исплатата за последниот месец гледам дека ми ја зголемиле пензијата за 80 денари, или точно на 15.029 денари. Тоа ми го кажа една поранешна колешка, дека и нејзе истото и се случило, па отидов и јас да проверам, и таму доживеав студен туш. Гледам дека пензијата ми ја зголемиле за 80 денари, што значи дека јас повеќе не го исполнувам условот да добијам државна помош од 6.000 денари која ќе им следува на пензионерите. Ова го кажувам за да си го проверат и други пензионери. Инаку, многу сум разочарана. Толку ги очекував тие пари, ќе ми значеа многу на буџетот. И прашањето ми е, ако е ова некакво порамнување, зошто баш сега се случува“; праша револтирано една пензионерка во своето јавување во утринската емисија на Канал 5 телевизија.
Вакви реакци има и од други пензионери, кои стравуваат дека ова е можеби, според нив, некаков обид на власта да го намали бројот на корисници на пензија кои треба да ја добијат државната помош од четвртиот сет економски мерки.
Фактор праша во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување зошто на дел од пензионерите им се зголемени за последниот месец октомвриските пензии, и дали тоа е со цел да се намали бројот на пензионери кои треба да добијат државна помош, но и на колкав број пензионери за месец октомври пензиите им беа зголемени од под 15 илјади денари, на над 15.000 денари.
Новата директорка на Фондот, Билјана Јовановска, за Фактор категорично тврди дека не се правени никаки тенденциозни промени или било какви манипулации со износите на пензиите. Јовановска вели дека последното законско усогласување на износот на пензиите е направено во јули годинава, и тоа важи и за пензиите за август, септември и за октомври.
„Категорично тврдам дека не се правени никакви манипулации со износот на пензиите, а во врска со Законот за финансиска поддршка. Единствено во јули е направено усогласување на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Оттогаш наваму сите пензии се исплатуваат во идентичен износ, и за августи, и за септември и за октомври“, вели Јовановска за Фактор.
Таа објаснува дека во Законот за финансиска поддршка на граѓаните, нема да биде наведен конкретен износ на пензија, туку ќе биде земен предвид вкупен паричен износ од неколку месеци, кој не би смеел да биде надминат за да се оствари правото на државна помош. Тоа ќе се знае откако законскиот текст ќе стане достапен за пошироката јавност.
Доколу некои пензионери забележат дека имаат промени во износот на пензијата и доколку имаат било какви забелешки, новата директорка на Фондот, Јовановска, ги повикува да дојдат или лично кај неа или во нејзиниот кабинет, каде ќе бидат примени, и ќе ги добијат сите информации кои се однесуваат на нивната пензија.
„Сите корисници кои ќе забележат било што сомнително, нека дојдат во кабинетот, и ќе видиме за што точно станува збор. Доколку има некои грешки, тие ќе бидат исправени“, вели Јовановска.
Според неа, можно е дел од пензонерите да биле со сметки во Еуростандард банка, па промените во износот на пензијата да им се должат на задоцнети исплати од претходниот период.
Инаку, според првичните најави, по 6.000 денари на сметка ќе добијат пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно точно 182.271 пензионери.
Од Фондот за ПИОМ нагласуваат дека откако законот ќе се донесе и ќе се објави во Службен весник, тие ќе постапат по неговите одредби.
„По донесување и објавување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници во Службен весник на РСМ, предложен од страна на Министерството за финансии кој во моментот е во собраниска процедура, Фондот ќе постапи по истиот“, велат за Фактор од Фондот за ПИОМ.
Нина Нинеска-Фиданоска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.