Исплатлива билка која не бара многу труд
Објавено во: Агробизнис 17 Октомври, 2016 20:07
Азиската трева е 10 пати поисплатлива од пченката, не бара многу труд, а од неа може да се произведе биоплин, брикети, пелети, хартија, градежен материјал.
Од Агрономскиот факултет во Загреб велат дека оваа трева успева во запуштени делови, каде не е потребна посебна грижа за нејзино одгледување.
Оваа трева во Европа е увезена во 50 - те години на минатиот век, а може да се развива во различни климатски услови и региони.
Таа највеќе се користи за правење на брикети и пелети.
Кога ќе се оформи насад од азиска трева, тој може да се користи во следните 20 и повеќе години. Може да се засади на плодна почва, но и на почва со послаб квалитет.
Со оваа трева во Хрватска се засадени 600.000 хектари, пишуваат тамошните медиуми.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





