05 Декември, 2025
0.0305

Истанбул се подготвува за Mеѓународниот фестивал на лалето

Објавено во: Стил 31 Март, 2013 19:07

Добивај вести на Viber

Истанбул се подготвува за отворањето на „Меѓународниот фестивал на лалето“ утре. Оваа година во рамки на осмото издание на фестивалот, што ќе се одржи од 1 до 30 април, во Истанбул ќе бидат посадени околу 14.420.000 лалиња - речиси колку што е населението на градот, од 270 различни видови.

Секој април, од 2006 година досега градските власти на Истанбул садат околу сто милиони лалиња, кои го симболизираат доаѓањето на пролетта, во парковите и алеите, покрај патиштата и на секое друго место каде што е можно.

Вообичаено цвеќињата се аранжираат во геометриски фигури или во вид на бранови, делфини или турското знаме.

Оваа година новина на фетсивалот е „Музејот на лалето“, што градските власти го отворија во паркот Емиргјан - историски парк, распореден во еден од најживописните квартови на Истанбул, на европскиот брег на Босфорот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: